Број 3442  петок, 26 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Политика

Електронски картички за студентите

Електронска картичка преку која се евидентираат досиејата на студентите и со можност за попусти. Ова е описот на електронската картичка ISIC, која од оваа учебна година ја користат студентите на скопскиот Економски факултет и факултетите во рамките на Битолскиот универзитет „Св. Климент Охридски“. Картичките се на УНЕСКО, а со нив студентите се евидентираат како редовни на факултетот. Преку нив може да се добие информација за оцените на студентот, бројот на положени испити, доставе��и пријави. На картичката има и слика на студентот, со обележјата на факултетот каде студира, а со која тој се идентификува кога влегува и излегува од предавања и вежби. Со оваа картичка студентите имаат повеќе од 400 попусти во земјава и повеќе од 5 милиони во странство. Студентите преку картичката можат да набават поевтини авио и железнички билети, попусти во кино, театар, книжарници, дуќани..

„Картичките се единствен доказ што можат да го користат студентите во странство за да докажат дека навистина се студенти. Таа функционира во 165 земји, а регистрирани се вкупно 40 милиони корисници“, вели Никола Голубов од „Аурора турс“, единствен (ла) официјален застапник на овие картички во земјава. Кај нас моментално во оптек се 21.000 вакви картички. Студентите доколку сакаат да си обезбедат попусти, можат да ги земат и во слободна продажба по цена од 300 денари. Вакви картички се достапни и за професорите, кои се нарекуваат ITIC професорка и учителска картичка. (Ж.Ѓ.)


#
Статијата е прочитана 746 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Политика
Ивановски ја поднесе тужбата до Врховен
Нема квадрат под илјадарка
Каменица има топлана, ама ќе се грее на дрва
Здравствената каса нема пари, ама не е во банкрот
Ајтов - омилен синдикалец на неколку министри за одбрана?
Македонската агенција пишува на бугарски
Со формална превенција нема здрави заби
 

Hungarian activists in line for a state shake up
EU reacts frostily to Serbia's Nobel boycott
Former Croatian Prime Minister flees from justice