Број 3442  петок, 26 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Политика

Со формална превенција нема здрави заби

Во стоматолошките ординации се спроведува формална и лоша превенција на забите, што доведува до развој на кариес и парадентоза во голем процент. Затоа за лекување на забите се трошат далеку повеќе пари отколку што би се потрошиле за превентива на оралното здравје. Стоматолозите работат со застарена и дотраена опрема и се недоволно екипирани, а капитацијата со која се плаќаат е нереална. Стоматолошкиот клинички центар се задушува во превработеност, а секоја година се продуцираат по околу 400 нови стоматолози, што е резултат на нереална и префорсирана кадровска политика. Ова се само дел од проблемите со кои се соочува македонската стоматологија, кои ги обелодени претседателот на Стоматолошката комора д-р Марија Накова, промовирајќи ја стратегијата за развој на стоматологијата во следните десетина години.

Според неа, приоритет треба да биде промоцијата и превенцијата на оралното здравје, планираната кадровска политика, како и финансирањето на стоматологијата. Минималниот пакет стоматолошки услуги, како што рече д-р Накова, се проценува на околу 68 милиони евра, а за тој да биде спред европски терк, потребни се околу 113 милиони евра. Доколку секој појде само еднаш на стоматолог во годината, потребни се околу 25 милиони евра, а сега никој не знае колку проценти од здравствениот придонес одат за стоматологијата.

„Никој не бара мораториум за Стоматолошкиот факултет, но бројот на студенти мора да се ограничи за да се добие квалитетен кадар“, додаде д-р Накова, која побара од министерот за здравство, Бујар Османи, и од првиот фондовец, Маја Парнаџиева-Змејкова, стратегијата да не остане само на хартија.

Станува збор за стратегиски документ што се носи првпат во Македонија и ја покажува визијата на стручната фела во однос на развојот на стоматологијата за наредните десет години. „Имаме документ во кој јасно е исцртано со бројки и букви каков е ставот на фелата, на Стоматолошката комора во однос на развојот на стоматологијата во иднина“, посочи Османи. (Ј.Ј.)


#
Статијата е прочитана 585 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Политика
Ивановски ја поднесе тужбата до Врховен
Нема квадрат под илјадарка
Каменица има топлана, ама ќе се грее на дрва
Здравствената каса нема пари, ама не е во банкрот
Електронски картички за студентите
Ајтов - омилен синдикалец на неколку министри за одбрана?
Македонската агенција пишува на бугарски
 

Hungarian activists in line for a state shake up
EU reacts frostily to Serbia's Nobel boycott
Former Croatian Prime Minister flees from justice