Број 3399  вторник, 05 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Спорт

Кошаркарките на САД светски првенки

Женската кошаркарска репрезентација на САД ја освои титулата светски првак, откако во финалето во Карлови вари ја совлада Чешка со 89:69.

Најзаслужни за победата на американската репрезентација беа Ејнџел Мекоутри кои постигнаа по 18 коша, Дајана таурси додаде 16, а Су Бирд мечот го заврши со 11 поени.

За кошаркарките на САД ова е осма титула првенки на светот. САД оваа година го „обединија“ титулите светски кошаркарски шампиони во машка и во женска конкуренција. Минатиот месец кошаркарите на САД го освоија златото на Мундобаскетот во Турција.

Третото место им припадна на кошаркарките на Шпанија кои во борбата за бронзата ја совладаа Белорусија со 77:68.

Во првата петорка на турнирот се избрани Хана Хоракова и Ева Витекова (Чешка), Дајана Таурси (САД), Санчо Литл (Шпанија) и Елена Леучанка (Белорусија).

Брајант: Леброн би го победил спиејќи!

Прашањето со кое љубителите на НБА-кошарката се занимаваат со години е, кој во моментов е подобар играч. Дали е тоа Коби Брајант или Леброн Џејмс?

Иако не е чесно целата НБА-лига да ја сведеш на само две имиња, факт е дека многу нешта се вртат околу двојниот МВП на лигата Леброн Џејмс и двојниот едноподруго МВП на истата лига Коби Брајант.

Запрашан кој би победил во евентуалниот дуел еден на еден Брајант самоуверено изјави: Јас би победил, тоа е сигурно. Тоа е она што јас го работам. Знаете, мене ми е лесно да играм еден на еден, играјќи на тој начин и израснав, така играм и денеска. Леброн Џејмс со својот стил на игра повеќе наликува на Меџик Џонсон, сјајно асистира и ги игра натпреварите полнејќи ги статистичките редови. Би го победил спиејќи.

Бузер ја скрши раката, осум недели пауза

Летното засилување на Чикаго Булс, крилото Карлос Бузер, ја скрши десната рака, беше опериран и ќе отсуствува од паркетите осум недели.

Карлос Бузер, најзвучното засилување на многу интересниот летен преоден рок раката ја скрши откако се сопна од спортската торбица во својата куќа. Бузер потпиша петгодишен договор со Чикаго вреден околу 75 милиони долари и треба да е клучен дел на петорката на Булси заедно со Дерек Рос и Јоаким Ноа. Се очекува во почетокот на сезоната да го замени тај Гибсон кој минатата година како новак стартуваше во 70 меча со просек од девет поени и 7,5 скока по натпревар.


#
Статијата е прочитана 220 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Мурињо
Се менува фудбалската карта на Македонија
Пандев не може да ја смени публиката
Баерн им го укина Октоберфест на играчите
Голманите јунаци во дербито за Италија
За Челзи дербито на Лондон нова шлаканица за Ливерпул
Седма светска титула во низа за Леб
Денес во Скопје стартува Светскиот куп






Pollution from Hungarian toxic sludge disaster spreads
Merkel to follow the Pope as honorary doctor at Romanian university
Macedonian name issue in a coma