Број 3399  вторник, 05 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Спорт

Голманите јунаци во дербито за Италија

Интер и Јувентус ремизираа без голови во последниот меч од 6. коло во Серија А, Лацио нов лидер, Рома на дното

Долгоочекуваното Дерби д’Италија, за многумина дуел на главните сезонски конкуренти за шампионската титула во Калчо-лигата, Интер и Јувентус, не донесе победник. На „Џузепе Меаца“ во Милано екипите ги поделија бодовите во меч без голови, но со огромен број прилики на обете страни од кои голманите Жулио Цезар и Марко Сторари излегоа како херои. Нероазурите се втори на табелата и имаат два бода помалку од Лацио, додека Јувентус моментно е седми и полека се движи кон врвот. Горан Пандев, поради повреда, го пропушти натпреварот (не беше ниту на клупата за резервни играчи), а неговото место во стартниот состав му припадна на младиот Кутињо.

На врвот смена. Нов лидер е тимот на Лацио по триумфот на Бреша со 1:0, градскиот ривал, Рома, забележа ново разочарување (загуби на гостувањето кај Наполи со 2:0) и падна на самото дно на табелата. Важни три бода и за Џенова во средбата со Бари, Фиорентина, пак, со поразот од Палермо ја продлабочи кризата во која се наоѓаат „виолетовите“ веќе подолг период.

Серија А, 6. коло

Резултати: Интер - Јувентус 0:0, Наполи - Рома 2:0, Фиорентина - Палермо 1:2, Џенова - Бари 2:1, Киево - Калјари 0:0, Болоња - Сампдорија 1:1, Лече - Катанија 1:0, Лацио - Бреша 1:0, Парма - Милан 0:1, Удинезе - Чезена 1:0. Табела: Лацио 13, Интер 11, Наполи 11, Милан 11, Киево 10, Бреша 9, Јувентус 8, Палермо 8, Катанија 8, Џенова 8, Бари 8, Лече 8, Калјари 7, Сампдорија 7, Болоња 7, Чезена 7, Фиорентина 5, Парма 5, Рома 5, Удинезе 4.

Идно коло



Сабота (16.10.2010 год.): Милан - Киево (18 ч.), Ром�� - Џенова (20,45 ч.)

Недела (17.10.2010 год.): Калјари - Интер (12,30 ч.), Сампдорија - Фиорентина (15 ч.). Јувентус - Лече (15 ч.), Катанија - Наполи (15 ч.), Чезена - Парма (15 ч.), Бреша - Удинезе (15 ч.), Палермо - Болоња (15 ч.), Бари - Лацио (20,45 ч.).


#
Статијата е прочитана 341 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Мурињо
Се менува фудбалската карта на Македонија
Пандев не може да ја смени публиката
Баерн им го укина Октоберфест на играчите
Кошаркарките на САД светски првенки
За Челзи дербито на Лондон нова шлаканица за Ливерпул
Седма светска титула во низа за Леб
Денес во Скопје стартува Светскиот куп






Pollution from Hungarian toxic sludge disaster spreads
Merkel to follow the Pope as honorary doctor at Romanian university
Macedonian name issue in a coma