Број 3399  вторник, 05 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Спорт

Се менува фудбалската карта на Македонија

Најпознатите клубови од Македонија во поранешните ЈУ-простори, Вардар и Пелистер, се борат за опстанок во Првата лига

Миодраг Мицковиќ

Кога ќе се погледне табелата на Првата лига по девет одиграни кола, за оние кои не се добри запознати со фудбалските прилики во Македонија сигурно ќе помислат: мора да е грешка, некој ја отпечатил табелата наопаку. Зарем е можно најпознатите фудбалски брендови од Македонија, Вардар и Пелистер, да се наоѓаат на двете последни места на табелата, а таму при врвот некои си Шкендија, Хоризонт, Ренова и Металург се борат за титулата, со далеку подобро салдо од двете последнопласирани екипи. Или, како што се вели: денес си горе, утре долу.

И сигурно ќе се запрашаат: што се случува во македонскиот фудбал, дали полека се менува фудбалската карта во нашата држава. Што е причината за голготата на двата најпознати клуба во Македонија, во ништо подобра положба не се ни поранешните членови на Првата и Третата лига на Југославија, Работнички и Силекс, па и на Брегалница кои во своите најдобри денови кога популарниот Владимир Беара беше тренер, играше видна улога во второлигашката конкуренција на поранешна Југославија. Да не говориме за прилепска Победа, која практично повеќе и не постои поради онаа позната афера на местење на резултатот со ерменскиот Пјуик во квалификациите за Лигата на шампионите.

Што се причините за ваков чуден однос и пласман на клубовите на табелата. Никого не изненадува што Шкендија го води орото, што Ренова, Хоризонт и Металург се при врвот. Имаат богати спонзори, платите и премиите на играчите се исплаќаат на време, имаат и пари да ги купат најдобрите играчи на македонската ф��дбалска берза.

Со Пелистер и Вардар, па и со Брегалница тоа не е случај. Беспарицата го направи своето, а кога нема пари не помагаат ниту брендови, не помага ниту богата историја на двата клуба кои на Македонија и' подарија плејада одлични фудбалери, кои ја прославија нашата држава играјќи во странските клубови. Но, сето тоа е минато, заборавено. И што е најтрагично и двата клуба се препуштени на стихијата без обид некој да им помогне, да фрли некој денар за да се спасат од оваа голгота.

Некој ќе рече, па зарем Работнички нема силен спонзор, зарем не купи најквалитетни играчи во изминатиот летен преоден рок. Се' е тоа точно, но Работнички го мачат други проблеми, со повеќе газди во клубот, една поделеност меѓу самите играчи, меѓу тие луѓе што раководат со Работнички и кои ги делат фудбалерите на мои и твои. Па чии се тие играчи, па на клубот, на кого друг.

Се менуваат фудбалските времиња. Некогаш Скопје, Битола и Прилеп беа фудбалски центри во нашата држава, кој можеше порано тоа да го оспори. Денес, тој примат на најфудбалскиот град го презема Тетово со три прволигаши и сите во горниот дел на табелата: Шкендија, Ренова и Тетекс, меѓу кои се замешани и еден Хоризонт, некој ќе рече селска екипа, но таа селска екипа има прекрасен стадион и силен спонзор и Металург, кој единствено во оваа ситуација ќе може да им се спротивстави на тетовската тројка во битката за титулата. Но, единствено ако во зимскиот преоден рок, бидејќи има пари направи многу подобра селекција, отколку што ја имаше во овој летен период кога купи просечни, веќе ислужени играчи. Сепак, тоа е работата на клупските луѓе на Металург кои фрлија многу пари без некој поголем ефект.

Сето ова ветува дека ќе гледаме многу поинтересен фудбал отколку во изминатите години кога однапред се знаеше новиот првак. Денес тоа веќе не е случај и тоа е сигурно добро за фудбалот.


#
Статијата е прочитана 1005 пати.

Испрати коментар

Од: baze
Датум: 05.10.2010 14:41:58
Kako mozi edna drzava da si dozvoli sela kako dzepciste, kratovo, turnovo,.....da ne gi potcenuvam ali za da imaat fudbalski ekipi na vrvot na tabelata a Vardar, Pelister, Pobeda unisteni od prevaranti, peraci na pari itn. da se preseluvaat vo poniski ligi da bidat kaznuvani toa navistina e sramota.Najdobro e mislam da nemame voopsto fudbal vo Makedonija, zatoa sto ova nikade go nema. Tamu od akj sto e fudbalot vo drzavata da nema fudbal. BRAVO!
Од: srecko
Датум: 05.10.2010 15:21:56
Koja Prva liga Miodrag, koja???? Ova go kazuvate kako Prva liga??? TRAGIKOMEDIJA!Toa mozete da go narecete fudbal?????
Од: Филип
Датум: 05.10.2010 17:56:31
Државата мисли дека со споменици ќе се промовираме во светот, а тоа што оставаат брендовите да пропаѓаат е само едно големо ФАЛА кон нив од квазипатриотите во фотеља. Да не заборавиме дека и МЗТ беше пред згаснување, а ОК Работнички веќе пропадна, како и некогоашниот неколкукратен шампион на ЈУгославија ОК ВАРДАР. Сега со хокејот ќе не биде. Ние немаме 200 деца што знаат да лизгаат, а не па хокеј да играат.
Од: Mene
Датум: 06.10.2010 11:44:36
Почитуван г-не Мицковиќ, таков е животот, времето тече и се менува. Ако некогаш биле некаде погоре, дали тоа значи дека треба да бидат постојано таму? Видете во Англија, Лидс, Ипсвич, Нотингем, биле шампиони, а сега се во некоја друга лига. Динамо од Дрезден, последно што знам беше во Трета германска. Насекаде ги има такви примери. Оставете ја таа носталгија, доста е плачење за тоа како било и што било, гледајте напред. Ако имате некоја идеа како да се спасат, кажете ја. Инаку, идат нови момци, нови клубови. Старите треба да знаат дека на стара слава не се живее, треба мотика. Поздрав

Најди! во Утрински
Спорт
Мурињо
Пандев не може да ја смени публиката
Баерн им го укина Октоберфест на играчите
Голманите јунаци во дербито за Италија
Кошаркарките на САД светски првенки
За Челзи дербито на Лондон нова шлаканица за Ливерпул
Седма светска титула во низа за Леб
Денес во Скопје стартува Светскиот куп






Pollution from Hungarian toxic sludge disaster spreads
Merkel to follow the Pope as honorary doctor at Romanian university
Macedonian name issue in a coma