Седма светска титула во низа за Леб
Со 60. победа во кариерата Французинот Себастијан Леб стигна до седмата титула во низа во светскиот рели-шампионат, па Себастијан Огер и останатите конкуренти можат само туристички да ги извозат преостанатите две трки до крајот на сезоната. Леб успеа и теоретски да го одбрани тронот по триумфот во домашното рели во покраината Алза изминатиот викенд.
„Неверојатно е чувството да се победи овде. Не очекував да се соберат толку многу луѓе крај патеката“, коментира Леб, кој уживаше поддршка од околу 40.000 гледачи.
Седмата титула го прави Леб убедливо најдобар рели-возач на сите времиња. Второто место по бројот на титули го делат Финците Јуха Канкунен и Томи Макинен кои имаат по четири.
Резултати: Себастијан Леб (Франција/Цитроен) 3:05,49 часа; Даниел Сордо (Шпанија/Цитроен) +35,7 сек.; Петер Солберг (Норвешка/Цитроен) 1:16,8 мин.; Јари-Мати Латвала (Финска/Форд) 1:29,3 мин.; Мико Хирвонен (Финска/Форд) 3:43,8 мин.; Себастијан Огер (Франција/Цитроен) +11:55, 9 мин.; итн...
Генерален пласман кај возачи: Себастијан Леб (Франција) 226 бода; Себастијан Огер (Франција) 166; Јари-Мати Латвала (Финска) 144; Петер Солберг (Норвешка) 133; Даниел Сордо (Шпанија) 125; Мико Хирвонен (Финска) 104; итн...
Генерален пласман кај конструктори: Цитроен 388; БП Форд Абу 277; Цитроен Јуниор 193; Стобарт 140; Мунчи 54; итн... |