Денес во Скопје стартува Светскиот куп
Во новоизградената кугларница во салата „Борис Трајковски“ од денес па до 8 октомври ќе се одржат натпреварите во рамките на светскиот екипен куп на кој ќе настапат и македонските претставници Макпетрол во машка и Реплек Работнички во женска конкуренција. Во Скопје ќе се натпреваруваат 12 национални шампиони од Европа, првите седум пласирани ќе обезбедат настап во Лигата на шампионите. Македонскиот претставник Макпетрол стартува мали амбиции бидејќи ќе настапи без своите најдобри куглари: Бранко Манев кој си замина од клубот и Тодор Манев кој е суспендиран. За таа цел Макпетрол ангажира двајца нови млади куглари Ибраим Мемеди од ГТЦ и Александар Соколовски од Пелистер. (М.М.) |