|
|
|
|
|
|
Стигна и скулптурата во Автокоманда
Без никаква најава, речиси истовремено со кревањето на Александар вчера беше поставена и коњаничката скулптура на Филип Втори на плоштадот во скопската населба Автокоманда. Надлежните од Општина Гази Баба не чувствуваа одговорност да ги информираат граѓаните дека ќе се монтира споменикот на таткото на Александар Македонски, за кого упорно тврдеа дека ќе биде воин на коњ, избегнувајќи да потврдат дека сепак се работи за скулптура на Филип Втори.
Споменикот лиен во бронза е поставен на новоизградениот постамент на плоштадот во Автокоманда на булеварот „Александар Македонски“. Споменичката скулптура е висока 5 метри, а за нејзиното лиење беа потрошени 330.000 евра. Автор и на овој споменик е Валентина Стевановска, на која за ова дело и' беше исплатен хонорар од 156.000 евра. (Сн.К.) |
#
|
Статијата е прочитана 622 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: Трпе |
Датум: 22.06.2011 00:31:05 |
|
Слушам од некои позитивни критичари дека скулптурите имале лековито дејство.Збогум болници,збогум доктори си го пронајдовме лекот.Ако не сме богати со злато,богати ќе бидеме со бронза.Голема среќа што имаме народ кој од дрвото неможит да ја видит шумата. |
|
|
|
|
|
|
Од: toni |
Датум: 22.06.2011 08:58:16 |
|
tatkoto na voinot na konj,narode ovie od vlasta so ovie gluposti ke ni ja unistat nasata idnina!!! |
|
|
|
|
|
|
Од: Гоце |
Датум: 22.06.2011 16:15:46 |
|
Успешна манипулација со примитивизмот, неукоста и фрустрациите на овој народ. |
|
|
|
|
|
|
|
|