Број 3611  среда, 22 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Политика

Споменикоманијата не го поштеди и Охрид

ОХРИД - И Охрид не е исклучок од споменикоманијата. На градскиот плоштад, во паркот пред Рибниот ресторан, веќе никнува постамент за споменикот на свети Наум Охридски - Чудотворец. Монументот го подигнува локалната самоуправа од Охрид, со финансиска помош на Министерството за култура. Ќе чини 160 илјади евра, заедно со постаментот ќе биде висок пет метри, а веќе е излеан во леарницата „Јеремиќ“, во Белград. Споменикот треба да биде транспортиран до крајот на јуни во Охрид, додека свеченото откривање веќе е закажано за 3 јули, на празникот летен Свети Наум.

Реализацијата на овој проект општината ја продава како идеја на академик Цветан Грозданов, за поставување три споменици, на светите браќа Кирил и Методиј, свети Климент и свети Наум, на мал простор околу градскиот плоштад, во еден своевиден „свет триаголник“. Сите три се авторско дело на една личност - академик Томе Серафимоски, со тоа што спомениците на светите браќа и на свети Климент, се донации на македонските бизнисмени Трифун Костовски и Зоран Зелениковски. (В.М.)


#
Статијата е прочитана 1234 пати.

Испрати коментар

Од: Bebi
Датум: 22.06.2011 00:09:32
А дали од спомениците се добива ешерихија коли??
Од: Istocna Makedonija
Датум: 22.06.2011 09:09:51
Vo Stip ima ubav spomenik na Aleksandar Makedon- ski,no koga se gledaat ovie,treba POGOLEM!.
Од: MKD
Датум: 22.06.2011 09:12:33
Ne se dobiva eshekerija koli od spomenici no zatoa se dobivaat TURISTI.
Од: do MKD
Датум: 22.06.2011 11:09:57
А по кои патишта и со кои возови ќе стигнат туристите ???

Најди! во Утрински
Политика
Дали Јанкулоска ќе биде во новиот владин тим
Граѓаните со душа ги чекаат субвенциите за стан
Стигна и скулптурата во Автокоманда
На „Македонија“ протести, на „Бихаќска“ контра
Соренсен останува до септември?
Ламбринидис бара соработка, а не споменици

"""