Број 3611  среда, 22 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Политика

Дали Јанкулоска ќе биде во новиот владин тим

Билјана Јовановска

Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, според нејзината вчерашна изјава, најверојатно, нема да поднесе оставка. Иако тоа прашање се наметна во јавноста, а е тема и на протестите на младите што бараат кривична, морална и политичка одговорност поради претепувањето до смрт на 22-годишниот Мартин Нешкоски од „тигарот“ Игор Спасов.

Јанкулоска, меѓу редови, вчера рече дека чека да види дали премиерот Груевски како иден мандатар за составувањето на новата влада ќе ја покани да партиципира и во претстојниот министерски тим. Уловена од новинарите на дискусија по повод 10-годишнината од Охридскиот рамковен договор, Јанкулоска изјави: „Во врска со барањата за лична одговорност и за моја оставка веќе одговорив и не би сакала да се повторувам. Но, онака како што вие имате право на свој став и мислење, да му оставиме на оној што има мандат за составување нова влада, да видиме кого ќе го покани да партиципира во неа“.

Таа го повтори ставот дека протестите што секојдневно се одржуваат низ скопските улици се потврда дека на граѓаните им е загарантирано правото на протест.

Хронологијата на настанот поврзан со убиството на Мартин, која е полна со пропусти во истрагата, демонстрантите веќе ја доставија до повеќе странски адреси. Но, министерката и нејзиниот лидер го игнорираат тоа, речиси како и да не се случило.

Затоа, прашањето дали и како Јанкулоска ќе седне во некоја нова министерска фотелја е прашање за кое деновиве многу се дебатира. И младите демонстранти го повторуваат секој ден, како свој апел до политиката. Залудно или не, ќе покаже времето.

Недавањето оставка на министерката за внатрешни работи, во политичкиот живот во Македонија, сакале или не, за жал, ќе наметне поинакви правила на однесување. Кој и кому во иднина ќе може да му побара оставка, ако Јанкулоска е поштедена дури и од морална одговорност.


#
Статијата е прочитана 6861 пати.

Испрати коментар

Од: Даре
Датум: 22.06.2011 00:07:47
Бидејќи е веќе јасно дека Јанкуловска нема морална одговорност, да видиме дали таа особина ја има Груевски!
Од: Vodno
Датум: 22.06.2011 00:20:49
Ne e vazno dali ke sedne ili ne na fotelja, vazno e deka vekot na ovaa vlada nema da bide dolg. Dojdeni na vlast so falsifikat nema da gi izdrzi narodot nitu edna godina.
Од: Gox Skopje
Датум: 22.06.2011 02:35:09
Vo ovaa drzava nema moralna odgovornost.Za zal ! Da imase,trebase da se povlece,ne zatoa sto "tigarot" go ubi deckoto,tuku zatoa sto stvarno sakaa da go zataskaat slucajot.Slucajno bev vo "Beko" eden den po nastanot i koga prasav za slucajot,dobiv odgovor deka deckoto bil najden so vrzana (stegnata) raka kaj bicepsot (neverojatno deka se bockal na sred plostad) i deka ne e ubien tuku umrel od predoziranost.Izjava od policaec koj sto go "obezbeduval" teloto.Inace realno za vreme na nejziniot mandat se apsi na "golemo" i gradot malce od malce dobi pogolema sigurnost
Од: Мара Попара
Датум: 22.06.2011 05:09:57
Најважно е Михајло Маневски да остане во фарсата што се нарекува влада.
Од: nemoral
Датум: 22.06.2011 08:26:06
A be narodov e nemoralen. Demonstrantive do povekje stranski adresi ispratile baranja za ostavka. Zatoa nemoralniov narod da ne reagira na "moralnava" medzzunarodna. I na izborive se pokaza kako nemoralen. Zatoa ne treba da imame izbori i samo moralniot SDSM da vladee. Vo slucajot so Neskovski barem za 24 casa ubiecot e vo zatvor. Moralnive ne razresija dva pretsedatelski atentata a za stotici takvi kako Neskovski nitu zbor.
Од: Istocna Makedonija
Датум: 22.06.2011 08:34:43
Zosto nepotrebna dilema koga e poznato deka e si- guren ,,igrac,,i vo noviot vladin tim!.Moralen cin vo Makedonija,sto bese toa!???.
Од: toni
Датум: 22.06.2011 08:47:12
sto razbirat ovie od vlasta sto e moral,pa tie nemat covecki cuvstva,tie samo znajat da ja manipulirat javnosta i da perat pari,zalosno za nasata mladina i idnina ja turnaa makedonija vo ambis!!!
Од: Perica
Датум: 22.06.2011 10:29:07
Ako dobro se sekjavam, vo nezavisna Makedonija samo dvajca podnele neotpovikliva ostavka, edniot bese minister za transport, drugiot bese premier. drugite samo glumea ostavka koja bese odbiena od premierot.vreme e da se potsetime deka ostavkata e golem cin, i ne e imuna na velicini.iako Jankulovska bese cesna, sepak ja namestija poitrite od nea, koi nema da bidat zaobikoleni vo novata vlada.
Од: srebre
Датум: 22.06.2011 11:14:22
edna demonstracija protiv papandreu i vednas ponudi ostavka...a vo mkd da ima protesti sekoj den od sega do bozik ce se pravat na toso...pa mene eden covek da mi kaze ne te sakam ce se trgnam a ne masovno da ..............
Од: maja
Датум: 22.06.2011 11:57:35
"Хронологијата на настанот поврзан со убиството на Мартин, демонстрантите веќе ја доставија до повеќе странски адреси". Луѓе смешно е....зарем ДРУГИ да чекаме да ни ги решаваат работите? Од една страна се промовираме како проактивни, а од друга страна како некои гревчиња праќаме писма до све живо, за евентуално тие да ни да ни ги решат проблемите.. Смешно е!!!
Од: Ненормал
Датум: 22.06.2011 12:34:07
Неморал,ништо не разбираш,толку си партиски слеп што не го сфаќаш проблемот!Несе работи само за убиството,туку за обидот за негово прикривање и заташкување,како и нудење на поткуп на семејството да молчи!Но,каков морал да се очекува од партија што ги доби изборите со гласовите на огромен број гласови на мртовци?
Од: perica
Датум: 22.06.2011 12:39:48
Kako vistinski prvoborec i sledbenik na "Vodacot"t rebase da se samozrtvuva da podnese ostavka i da mu donese mnogu poeni, vaka ako ja smeni ,dobivkata e namalena.
Од: vlado
Датум: 22.06.2011 12:44:59
Absolutno e neophodno Jankulovska da si podnese ostavka od moralni pricini. Nejzinata nesoodvetna reakcija vo celiov skandal so ubistvo na mlad covek i prikrivanje na faktite go potkopuva imidzot koj vmro-dpmne go gradi kako partija so otcet pred narodot. Mozebi vo momentov izgleda kako da ne e potrebno na nikogo otcet da mu se dava, megjutoa fakt e deka "niedna opozicija ne dobila izbori, tuku vladi gi gubele" i deka ako ovoj skandal se ignorira - skapo ke gi cini, porano ili podocna.
Од: k2
Датум: 22.06.2011 12:50:54
Zasto bre Jankulovska da podnese ostavka koga ama bas voopsto nema nikakva odgovornost za eden incident......Crvenkovski e toj sto treba da si odi....dosta ko papagali ste
Од: sajber
Датум: 22.06.2011 12:51:36
ti si samo za vo holivud
Од: Caki
Датум: 22.06.2011 14:16:03
Kako ne i sram na avtorkata da go pishuva imeto na ubienoto momche !Apeliram do g-gja Kramarska da intervenira greota e!Vchera se javi tatkoto i zamoli da ne se upotrebuva imeto na negoviot sin.Kolumnata mozhe da se napishe i bez imeto da se spomne, bidejkji site go znaeme.
Од: amerikanec
Датум: 22.06.2011 14:39:14
So takvi ziutoklunci, otide mak. vo kalta. Vsusnost nema ni e den pogoden. Rezil.
Од: девичанецот
Датум: 22.06.2011 15:08:19
Биљанче! И Бузле не знаеше дека ќе стане потпретседател на Влада, ама ете беше. А да се спореди тоа со министерката дека не знае?..навистина е небулоза. Зарем Вие новинари верувате во она што го пишувате...Па предвремени избори, озбилни коалициони партнери распишуваат откога ќе се договорат за се, а не како што Вие пишувате.
Од: mont everest do k2
Датум: 22.06.2011 15:15:38
Антони Пешев ги управуваше авионите кои се урнаа во неготото министерување , па затоа си даде оставка ?!.... ејјјјјјјј до каде се „испрани“ некои кои не биле прани!
Од: makedonec
Датум: 22.06.2011 15:24:10
нема да ја покани гордана јанкуловска,а што мислите евентуалната замена ке биде некој поздрав ли? само нов подлизурко ништо повеке
Од: vuk
Датум: 22.06.2011 16:11:55
Со самото распуштање на Собранието на РМ, Владата на РМ е во оставка. Таа ги извршува само техничките работи по Законот за влада. Ако владата е во оставка - тогаш и Министерот за внатрешни работи - г-а. Г. Јанкуловска е во оставка. Ова со барање на нејзина оставка ми изгледа е како циркус за народ - еве бараме оставка а таа кутрата не ја дава - зашто веќе е во оставка. Дали ќе биде во новата влада е тоа треба да почекаме да истата се формира- не да трчаме како кучињата пред карванот кој врви.
Од: Секула
Датум: 23.06.2011 00:01:32
За Горданчето сум сигурен дека ќе ја одбери Грујо пак у екипата. Сметам дека е најуспешниот министер за внатрешни во историјата на Македонија. Негоооо, се думам дали Грујо ќе ја остави во фотеља онаа дирдилеана Веле Самак. Лажго-МИНХАУЗЕН! Ама викаат каков татко таков син. Го гледам Благоја Самаковски како ректор на Охридскиот Универзитет за Информатика на рекламата за тој универзитет. Има ли тело за заштита на потрошувачите па да испита дали оние Кинези, Арапи и Американци во рекламата навистина студираат во таа дупка од универзитет или ги лажи нашите деца да се запишат во тој пропаднат проект.

Најди! во Утрински
Политика
Граѓаните со душа ги чекаат субвенциите за стан
Стигна и скулптурата во Автокоманда
На „Македонија“ протести, на „Бихаќска“ контра
Соренсен останува до септември?
Ламбринидис бара соработка, а не споменици
Споменикоманијата не го поштеди и Охрид

"""