Број 3611  среда, 22 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Политика

На „Македонија“ протести, на „Бихаќска“ контра

На младите протестанти, кои бараат расветлување на убиството на Нешкоски, во понеделникот им се приклучи уште една група

Бојан Шашевски

На младите протестантите, кои повеќе од две недели блокираат улици, праќаат претставки со барања до институциите, потпишуваат петиции против полициската бруталност и бараат правда и расветлување на убиството на Мартин Нешкоски, во понеделникот пред Спомен-куќата на Мајка Тереза паралелно им се приклучи уште една група. Нови демонстранти со нови барања. Контрапротести на легитимни протести. Иако првите упорно апелираа и потенцираа да не ги обојуваат и да не ги вмешуваат во партиските игри, завчера новата група протестираше токму поради тоа. Околу петстотини луѓе, одделно од демонстрантите, се собраа на улицата „Македонија“, па потоа се упатија да протестираат пред седиштето на опозицискиот СДСМ, за кој велат дека вмешал прсти во мирните собири. Некои од нивните пароли, флаери, но и изјави гласеа: „Стоп за политичката злоупотреба на младите и смртта на Мартин Нешкоски“, „И ова ли е дел од Надеж?“, „До кога ќе не' манипулирате?“.

Новоформираната група преку коловозите на „Македонија“ и „Мито Хаџивасилев-Јасмин“ се упати на дестинацијата кон „Бихаќска“. На скопските улици завчера се прелеаја повеќе контрапротестанти отколку демонстранти. За разлика од протестантите на кои не им беше дозволено да ја преминат раскрсницата меѓу улиците „Железничка“ и „Бихаќска“ кај надвозникот за Кисела Вода, во понеделникот обрачот од полицајци воопшто не постоеше. Ја снема барикадата што две недели спречуваше пристап до МВР. Сега десетина униформирани лица стоеја на четириесетина метри од рампата на штабот на СДСМ. Насобраната група дојде до нив, седна за момент на цементот од „Бихаќска“, дозволи камерите да ги снимат натписите и си замина.

Од седиштето на опозиционерите излезе претседателот на СДММ, Дарко Давитковски, и пред медиумите ги обвини ДПМНЕ и УМС дека бесрамно уфрлаат сопствени послушници за да ги растурат протестите на младите што го кренаа гласот и не дозволија нивната неправда и злосторството да помине. „Кога видовте дека ништо не ви успева, преминавте на вашиот проверен тоталитарен метод: лажно обвини друг, направи уште поголеми поделби и обиди се да ги продадеш како единствена вистина. Денес ќе се обидете да ги соберете своите послушници и повторно да организирате контрапротести затоа што сакате со уште една злоупотреба на младите да ја излажете јавноста, која одамна ги има прочитано вашите методи“, рече Давитковски.

Од владејачкиот табор веднаш реагираа и соопштија дека со самото тоа што Давитковски дал изјава во која открил детали и сликовито опишал како течеле протестите зад сцената е доволен доказ дека СДСМ стои зад организацијата на овие протести. „Не само што СДСМ брутално ја злоупотреби оваа трагедија туку и прави политички маркетинг. Ова е врвот на нечовечно и неодговорно однесување на СДСМ. СДСМ со Бранко Црвенковски е спремен на се', па дури и политички да злоупотреби една ваква трагедија“, стои во реакцијата на ВМРО-ДММНЕ.

Додека контрапротестантите ја одеа договорената рута и партиите се обвинуваа едни против други, останатата група демонстранти, како и секоја изминат ден, се насобра во 18 часот на збирното место зад Спомен-куќата на Мајка Тереза.

„Ве молам, немојте да подлегнувате на никакви провокации бидејќи од насобраната група се пратени овде да го направат токму тоа“, беше една од пораките на протестантите. Некои од нив посочија дека ова е само обид да се сврти вниманието од вистинските проблеми и да се маргинализираат нивните барањата, други велат дека секој има право да изрази некакво незадоволство преку мирни протести, а трети сметаат дека контрапротестантите се уште еден класичен напад врз слободната волја на граѓаните. Тие својот собир потоа го искористија јавно да дискутираат за новите активности и да даваат идеи околу соодветните државни органи, кои би ги разгледале и реализирале потписите од петицијата. Вчерашниот, најдолгиот ден во годината го искористија повторно да маршираат по улиците и да бараат одговори од надлежните институции.


#
Статијата е прочитана 1295 пати.

Испрати коментар

Од: Bebi
Датум: 22.06.2011 00:08:40
Латасоидите излегоа на контрапротести!
Од: pola BT pola VE
Датум: 22.06.2011 00:22:53
Bedno - kutri marionetki NO veke procitani
Од: trpe od gradsko
Датум: 22.06.2011 00:43:14
VMRO-DPMNE neli vi e sram...prava mizerija ste...ova e tolku providno..javno prasanje do MVR sto se slucuvase 12 casa od smrta na deckoto do koga miniterkata prizna deka postoi ubivstvo...Zosto ne odgovaraat polcicajcite koi od mediumite se kaza deka bile prisutni a MVR ne demantira...I na kraj mizerija vmrovska kade vidovte partiski simbol na SDSM ili nekoja partija...Javno go vidovte bratot na ubienieot Nekovski koj bese na protestite i podarija slika od svojot brat...neli vi e sram da gi ubeduvate roditelite za nekoi ubijci da prikrivate so tao sto ste pratile svoja ekipa na semejstvoto da molci...od VMRO-DPMNE ne se negira a majakata go potvrdi...mizerija ste....
Од: 3G-Larry Bird
Датум: 22.06.2011 01:34:33
Na prasanjeto dali ima uste nekoj koj veruva deka sdsm stoi zad politickiot bunt koj go zloupotrebuva nesrekniot nastan, jas odgovaram vaka: sakate li da vi go kazam tocno po ime i prezime vozdot na vozdovite mentorot, komandantot na ovaa besramna parada i sram za Makedonija? Sepak ke bidam indirekten. 2008 pred Bukurest se vodese propagandna kampanja a jas od Liverpul go poznav organizatotorot na frlanjeto po grckata ambasada za da go kompromitira mirniot protest. Istiot toj sovinist razgoruvase makedonsko bugarska konfrontacija preku komentarite so psevdonim "emil sali". I sega nemam potreba da doagam vo Skopje no vam vi trebam od Liverpul za da vi kazam koj ve vlece za nos i vi go vodi karvanot.
Од: grdo
Датум: 22.06.2011 08:33:56
grdo e sto definitivno mladosta odamna jas ima zagubeno "nevinosta". sekakva sporedba so bilo sto od blisko i dalecno minato e nesoodvetna. od tie pricini ne se sozdava kriticna masa i nema masoven odziv na demonstraciite koi od den na den ja gubat smislata. se e politika za zal, duri i smrtta. duri i prikaznata za diktatura pri sekojdnevni manifestacii stanuva dosadna.
Од: Istocna Makedonija
Датум: 22.06.2011 08:36:35
Namerno napravena konfuzija,haos,zbrka za da se odvlece vnimanieto na druga strana!.
Од: toni
Датум: 22.06.2011 09:04:37
imat li ovie vmrovcive malku custvo i malku gragjanska svest-izgleda deka nemat!!!ja unistija makedonija so ova gebelsova politika.pa brat mu i familijata na martin e so mladite sto protestirat 17 dena a ovie od ums pravat kontra protest protiv niv,i da se zasramat sto prakjat emisari vo kukjata na martin za da im kazat na negovite da ne zboruvale deka drzavata go ubila nivniot sin,nemat ni gram covecnost ovie od vlasta na gebels!!!
Од: deli
Датум: 22.06.2011 09:33:51
Ima -li nešto novo vo istraga okolu slučajot na ubistvo na Martin? Posledno što go čitav, a toa dosta poodamna, beše, deka "tigarot" - ubiecot rešil da se "brani so molčenje". Progovoril nešto? Kažal, zošto go ubil čovekot?
Од: Чича Мите
Датум: 22.06.2011 10:18:15
Има секакви малоумници, но ова е веќе врв на врвовите - Монт Еверест. Психопатот со фамилијата веќе 5 и пол години владее бесрамно со нашата татковина и крив му е Бранко. Б.Ц. е за во историјата и што порано тој тоа го свати, тоа подобро за СДСМ и за Македонија, толку побрзо психопатот ќе си замине на заслуженото место - во соодветна установа...
Од: mr
Датум: 22.06.2011 11:06:54
Sram da mu e na VMRO. Mozebi i spomenikot ,,Voin na konj go donesoa pred vreme samo da se odvlece vnimanieto na graganite od nemiliot nastan ,smrta na eden mlad zivot koj zgasna od pripadnik na policijata ,a koj MVR go kriese dva dena. Bravo za mladinata i treba da istrae do kraj , no kaj se nivnite roditeli da im dadat poddrska.
Од: Itar Pejo
Датум: 22.06.2011 11:07:11
Tigarot se brani so molcenje. Posle dva-tri meseci ce progovori i ce rece: ne sum jas. Dokazi ce nema. MVR ne gi odkri soucesnicite. Covekot ce go pustat. Zlocinot se zataska. Da podsetam deka Ljube e vo zatvor za nelegalno primanje pari a toj sto mu gi dal ne se odkriva !!!
Од: Darko
Датум: 22.06.2011 11:16:12
Slucajot mozebi e rasvetlen kako i sto se pravda MVR. Megjutoa sto ke se pravi so tendencijata policajci da se odnesuvaat kako sakaat bez nikomu da odgovaraat za toa, a MVR ne samo sto ne gi sankciobira duri i gi zastituva. Toa e problemot. Ne e ova obicno krivicno dela pa sega koga sme go fatile ubiecot slucajot e zavrsen. Reforma e potrebna na celiot policiski aparat. Vakvi slucai imalo vo vreme na sekoja vlada i vreme e polcijata da se stavi pod kontrola. Ne sakam nekoe dzandariste koe jas go plakam da me tepa po ulica. A pritoa ne mi e voopsto vazno dali e na vlast sdsm ili vmro. Megjutoa odgovornosta na kraj ke padne vrz toj sto e na vlast taka da se znae koj e toa vo slucajov
Од: protestant
Датум: 22.06.2011 12:37:33
Boze ,samo kolkava procentualna zastapenost na pateticnost i mizerija preovladuva kaj znacitelen broj od makedonskata mladina•svestete se marionetki, ubiena e mlada licnost, vo idnina moze da ima poftoren cin na nekoj vas blizok. Celta e da se dobie rasvetluvanje na slucajot i ja se posoci odgovornost koj ce snosi ... Pak li so istata sema odite pred stabovi ...MIZERIJA VO DVIZENJE STE
Од: Бик
Датум: 22.06.2011 15:38:28
Не ја видов славната крава на чело на контрапротестантите! Таа барем не читаше напишани соопштенија,за разлика од оваа што сега се појави!
Од: koki
Датум: 22.06.2011 17:58:50
Латас очигледно добро работи по рецептот на неговиот идол Милошевиќ...................иста сорта...........
Од: abraham
Датум: 22.06.2011 22:55:04
razbiram li jas dobro pa neli vmro gi dobi izborite i za dobro i za loso adresata e kaj niv no nie izgleda ke vlezeme vo ginis bidejki resavanje na problemite gi barame kaj opzicijata a vladetelite ke se catalat po ulica makedonija so skapi dzipovi,koj ne veruva neka proveri.

Најди! во Утрински
Политика
Дали Јанкулоска ќе биде во новиот владин тим
Граѓаните со душа ги чекаат субвенциите за стан
Стигна и скулптурата во Автокоманда
Соренсен останува до септември?
Ламбринидис бара соработка, а не споменици
Споменикоманијата не го поштеди и Охрид

"""