|
|
|
|
|
|
Ламбринидис бара соработка, а не споменици
Новиот шеф на грчката дипломатија, Ставрос Ламбринидис, говорејќи за новиот споменик „Воин на коњ“ во Скопје, рекол дека македонските лидери не треба да градат ѕидови и споменици, туку да постават нови мостови за соработка за да се запише нова иднина. Изјавата на Ламбринидис дадена во Луксембург на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ и Западен Балкан го пренесе грчкиот весник „Етнос“, како дел од реакцијата што одекна во грчките медиуми за конечното поставување на скулптурата „Воин на коњ“, но и на споменикот на Филип Втори и во Битола и во Скопје.
За разлика од веста за скулптурите, по кусата средба на Ламбринидис со македонскиот колега Антонио Милошоски во Луксебург, која ја објави само весникот „Етнос“, во Грција никој не споменува дали е можна средба на премиерите на двете земји, Јоргос Папандреу и ��икола Груевски, во Брисел. Двајцата премиери ќе бидат таму в четврток и в петок на Самитот на ЕУ, меѓутоа, неизвесно е дали ќе дојде до средба. Како што информираат од Канцеларијата за печат на грчкиот премиер, засега се' уште нема закажано средба на агендата. (М.П.) |
#
|
Статијата е прочитана 830 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: kole |
Датум: 22.06.2011 06:12:29 |
|
Патетично, јадни и бедно е и од страна на јужните соседи а и (уште повеќе) од страна на странски (а да не зборувам за нашите) политичари кои “имаат разбирање“ за тоа што на првите им пречеле скулптурите и спомениците. А да ги потсети тие истите некој дека за јужните ни соседи ние и НЕ ПОСТОИМЕ како нација. Т.е. постоиме, ама само доколку тие ни бидат кумови (со нивните пријатели). ТОА Е ПРОБЛЕМОТ! НЕ ИСТОРИЈАТА! За историјата може да се дискутира на научни основи со години и пак секој да остане на своја теорија. Кој тоа кому може да го забрани?! |
|
|
|
|
|
|
Од: budala |
Датум: 22.06.2011 08:40:12 |
|
Eve neka dojde gospodinot vo Makedonija, neka ni organizira izbori neka go izglasa SDSM, vednas vo EU vlagame, ime menjame, Aceta go trgame, krediti krevame za da i pomogneme na Grcija kako i drugite clenki na EU. prosto. samo problem e budala narodov, sakal Makedonija samostojna drzava da bide. Tako nas drug Tito nije ucio. bezobrazluk jedan molim Vas. |
|
|
|
|
|
|
Од: MKD |
Датум: 22.06.2011 09:10:21 |
|
Nie sorabotka nudime ama NE i pokoruvanje kon nivnite zhelbi i baranja shto e nivnta cel i nikogash nema da ja postignat. |
|
|
|
|
|
|
|
|