Брoj 2741  сабота, 19 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Фељтон
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Мислења

Кубанската ракетна криза: да се остане смирен

Ричард Холбрук

САД имаа среќа што во октомври 1962 година за претседател го имаа Кенеди. Кога ризикот беше незамисливо голем, тој се издигна над ситуацијата

Секој нов влез во преполниот свет на книги за кубанската ракетна криза во 1962 година мора да помине итен тест: дали е само уште една рекапитулација или, пак, го зголемува нашето севкупно разбирање за овој круцијален настан од студената војна? Со фокусирањето на активностите на американската, советската и кубанската армија во времето на тие напнати октомвриски денови „Една минута до полноќ“ на Мајкл Добс успешно го помина овој тест. Резултат е книга со отрезнувачки нова информација за единствената нуклеарна конфронтација на светските суперсили и современа релевантност.

Добс, новинар на „Вашингтон пост“, концизно ги изнесува своите централни тези во описот на драмата што се одигруваше на 25 октомври, десеттиот ден од кризата: „Првичната реакција на двајцата лидери беше воинствена. Кенеди се залагаше за воздушен напад; Хрушчов сериозно размислуваше за тоа да им даде овластување на командантите распоредени во Куба да употребат нуклеарно оружје. По многу маки, и двајцата беа решени да најдат излез кој нема да вклучи оружен конфликт. Проблемот за нив беше во тоа што беше невозможно меѓусебно искрено да комуницираат. Секој од нив знаеше малку за намерите и мотивите на другата страна и постојано го претпоставуваа најлошото. Беше потребно половина ден за да се пренесат пораките. „Повеќе не се поставуваше прашање дали лидерите на двете суперсили сакаат војна, туку дали имаат сила да ја спречат“.



Десет дена порано шпионскиот авион „У-2“ обезбеди фотографски докази за тоа дека Советите тајно пренесуваат нуклеарни проектили кон Куба. Во „Приквечерина на студената војна“ објавена пред четири години, Макс Френкел ја опиша оваа невнимателна акција како „достојна за тројански коњ“. Неколку часа по откритието, Кенеди донесе одлука: САД нема да толерираат останување на проектилите на Куба. Во текот на следната недела, мала група официјални лица кои влегоа во историјата како Извршен комитет или ЕксКом, ја разгледуваа ситуацијата во строга тајност. Повеќето раскажувачи се фокусираа на драматичната дебата во кабинетот, кога американските лидери често ги менуваа своите позиции, додека очајно бараа соодветна комбинација на дипломатски и воен притисок.

Добс дава релативно краток приказ на тоа што се случувало во таа прва недела, раскажувајќи го во само 54 страници. Во центарот на неговото внимание, што се протега речиси низ половина од книгата, е 27 октомври или „црната сабота“, најтемниот ден во студената војна. Тој ден советската ракетна единица во Куба го собори „У-2“, притоа убивајќи го пилотот; началниците на заедничкиот Генералштаб препорачаа моментална воена одмазда; Кастро му испрати на Хрушчов писмо во кое го искажа својот бес, наведувајќи дека се соочува со неизбежна американска инвазија, а Хрушчов му испрати второ писмо на Кенеди поенергично од првото. Таа вечер луѓето во Вашингтон замина на спиење, не знаејќи (како што ми кажа Дин Раск подоцна) дали ќе се разбудат следното утро, а сопругите дебатирале дали да останат во Вашингтон со нивните сопрузи или да заминат во безбедно рурално зафрлено место. (Речиси сите останаа, вклучувајќи ја и Џеки Кенеди.)

Но, додека трагаа по мирен излез со кој секој ќе си го спаси образот, нивните воени машинерии продолжуваа да се подготвуваат за војна. Добс е најдобар во реконструирањето на ситуацијата на прагот од војната, недоразбирањата и неовластените активности кои би можеле да доведат до неочекувана војна. Тој ги следи тајните тимови на ЦИА кои се инфлитрираа длабоко во мочуриштата на Куба, додека се обидуваа да го спроведат претходно одобрениот план за саботажа на рудник за бакар. Тој го следи летот на пилотот на „У-2“, Чак Молтсби, кој навлезе стотина милји во советскиот воздушен простор и успеа да избега без да предизвика советска реакција. („Секогаш има некој што не ја добива инфромацијата“, забележува Кенеди со неговата карактеристична иронија.) Добс, исто така, открива дека командантите на советските ракетни единици во Куба, небрифирани од Москва, како се подготвуваат да лансираат проектили кон САД, според сопствена процена, ако почувствуваат дека се загрозени. Тогаш некои воени лидери во секоја од засегнатите страни агитираат за воена акција.

Во Вашингтон, началниците на заедничкиот Генералштаб вршат притисок за акција. Генералот Кертис Лемеј, брутален, началник на штабот на воздухопловните сили, кој под своја команда има 3.000 нуклеарни оружја, вика кон Кенеди дека неговата блокада на Куба е „речиси толку лоша колку и политиката на попуштањето кон Минхен“. Во драматичната конфронтација во воената соба во Пентагон, командантот на поморските операции му вели на секретарот за одбрана Роберт Мекнамара дека морнарицата ќе се справи со секоја средба со Советите во согласност со долгорочната поморска процедура и традиција, и нема потреба од надзор од цивили. Бесен, Мекнамара воведува нови процедури со кои нему и на претседателот му се даваат поголема директна оперативна контрола, или пак тие така мислеа.



Повеќе од 40 години подоцна, повеќе нема несогласувања околу тоа која е најкритичната средба за време на кризата. Таа почнала во 20,05 часот „црната сабота“, кога по инструкција на Кенеди неговиот брат Роберт го повика советскиот амбасадор Анатолиј Добринин во неговиот кабинет сличен на пештера во Министерството за правда и му кажа дека кризата е дојдена до моментот на вистината. „Ние ќе треба да донесеме одредени одлуки во следните 12 или можеби 24 часа“, рекол тој. За соборувањето на „У-2“, што се случи истиот ден, Боби Кенеди рече дека американската армија, и не само генералите, бараат претседателот „на оган да одговори со оган“. Овој состанок, проследен со писмо до Хрушчов внимателно осмислено од Боби Кенеди, Тед Соренсен и другите, доведе до тоа Советите следниот ден да обелоденат дека проектилите ќе бидат повлечени од Куба.

Но, заканите беа само дел од брилијантно калибрираниот приод на Кенеди. Тој, исто така, му понуди на Хрушчов јавно ветување дека САД нема повторно да извршат инвазија врз Куба, практично безначајна понуда од Вашингтон, но со политичка вредност за Хрушчов и Кастро. Има уште една работа - тајна што и двете стани со години ја криеја - сторијата за проектилите „јупитер“ во Турција. Советите навестија дека ќе ги оддалечат своите проектили од Куба ако САД ги повлечат нивните 15 проектили „јупитер“ со среден дострел од Турција. До времето кога овие проектили беа распоредени во почетокот на 1962 година, тие веќе беа застарени; Кенеди побара тие да бидат отстранети пред ракетната криза, но не беше преземена никаква акција. Кенеди беше повеќе од подготвен да ги уништи, но беше одлучен да не остави впечаток кај јавноста дека направил некаков договор или „трговија“ со Москва. На прашањето од Добринин во врска со проектилите „јупитер“, Боби Кенеди рече дека тие не се „несовладлива пречка“, но дека не можат да се поврзат со повлекувањето на советските проектили. Боби Кенеди, исто така, додаде дека ќе треба да помине одреден временски период од неколку месеци пред тие да бидат отстранети. Овој „договор недоговор“ ја отвори вратата за наоѓање решение за излез од кризата. Во „Тринаесет дена“, неговата постхумно објавена хроника за кризата, Боби Кенеди внимателно ја уредил својата улога во средбата со Добринин за отстранување на секоја алузија за договор околу Турција.

Речиси од стартот, голем број луѓе се сомневаа во вистината, а гледајќи од денешна перспектива, можеби изненадува да се види колку труд вложиле Кенедиеви да се скрие тоа. Но, во 1962 година, само неколку денови пред изборите во средина на мандатот, Кенеди не сакаше да изгледа слаб.

Истражувањето на Добс открива некои сочни детали за љубителите на историјата. Најомилена ми е онаа за откривањето на од порано познатиот „повратен канал“ меѓу новинарот на Еј-Би-Си, Џон Скали, и Александар Феклисов, шеф на канцеларијата на КГБ. Администрацијата на Кенеди обрна особено внимание на оваа врска и потроши многу време во осмислување на порака што Скали ќе му ја пренесе на Феклисов. Но, врз основа на продлабочена анализа и интервјуа, Добс верува дека т.н. „повратен канал“ бил самосоиницијативен напор на амбициозен шпион да прати информации до своите претпоставени во Москва, како и саморекламирање на новинар кој ги претвори своите средби со агент на КГБ во јавна легенда, која на крајот доведе до негово поставување за американски амбасадор во ОН.



Добс, еден од најтемелните новинари во Вашингтон, заклучува дека „нема докази“ дека КГБ-каналот што ги содржел пораките на Скали „имал некаква улога во донесувањето на одлуките во Кремљ во врска со кризата, или дека биле прочитани од Хрушчов“. Тој го нарекува тоа „класичен пример на недоразбирање“. Покрај тоа, Добс суво додава дека „средбите меѓу Скали и Феклисов ќе станат дел од митологијата за кубанската ракетна криза“. Книгата „Една минута до полноќ“ е полна со слични информации што ќе ги променат ставовите на експертите и ќе помогнат да се информираат новите генерации читатели. На оние кои не се запознати со целата сторија, им препорачувам да ја прочитаат, а оние кои се запознати со оваа криза размислувањето на Добс е уште едно гледање на неа.

Тешко е, а да не се помисли што би се случило ако сегашната администрација се соочи со таква ситуација, вистинско оружје за масовно уништување само 145 км. од Флорида; Пентагон бара „хируршки“ воздушни напади по кои ќе уследи инвазија; заканувачки писма од лидерот на вистинска суперсила и сенатори кои се повикуваат на „слабите“ недели на претседателот пред конгресните избори во средина на мандатот.

Животот не ни нуди шанса да изведеме алтернативна историја, но не е неразумно да се претпостави дека тимот што изврши инвазија врз Ирак ќе ја нападнеше Куба. И, ако Добс е во право, Куба и Советскиот Сојуз ќе го возвратеа ударот, можеби со лансирање на проектилите кои веќе беа поставени. Може само да се заклучи дека нашата држава имаше огромна среќа што во октомври 1962 година за претседател го имаше Кенеди. Кога ризикот беше незамисливо голем, тој се издигна над ситуацијата како што тоа ниту еден претседател пред него не го сторил во последните 60 години, јасно дефинирајќи ја својата цел, против барањата на тврдокорните сили во неговата администрација, и вешто трагајќи по мирен начин да се постигне тоа.

(Авторот е поранешен американски амбасадор во ОН и автор на книгата „Да се оконча војна“)


Статијата е прочитана 600 пати.

Испрати комент��р

Од: Bastion
Датум: 19.07.2008 12:17:57
ee luge toa bese vremeto koga vo svetot imase ramnoteza pomegu drzavite,imase ravnoteza pomegu Socijalizmot i kapitalizmot,toa bese vreme koga CCCP bese strav i trepet za cel svet posebno za NATO i SAD

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Цената на популарноста
Зденко
Претходен број
Караманлис- Во Грција никогаш не постоело македонско малцинство
СДСМ на неопределен рок останува надвор од Собранието
Полицијата го уапси Ламбе Арнаудов по 20 месеци потрага
Регулаторот ги изгоре граѓаните со поскапо парно за 60,35 отсто!
Децата - бегалци бараат да се вратат дома
Драмата на Егејците (18)
Заев- Груевски да стави крај на апсолутизмот
СМС-порака до Јанкулоска
СДСМ го чека Црвенковски назад
Ќе се блокираат една милијарда долари за Бугарија од фондовите на ЕУ
На местото на бивша „Алумина“ ќе никне луксузен трговски центар
Карикатура
Verbatim
Вечниот Стојчев и повратникот Томи повторно рамо до рамо во Охрид