Брoj 2741  сабота, 19 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Фељтон
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

На местото на бивша „Алумина“ ќе никне луксузен трговски центар


Центарот ќе го гради израелската компанија „Газит голуб“, а инвестицијата чини од 100 до 120 милиони евра; од вчерашниот прес

„Алумина“ имаше околу 700 вработени, кои од парите на продажбата се надеваат да си ги добијат платите

Александрија Стевковска

На местото на некогашната скопска фабрика за профили „Алумина“ ќе никне луксузен трговски центар. Изградбата на трговскиот центар ќе започне за три-четири месеци, а деновиве ќе стартува расчистувањето на теренот. Инвестицијата, која ќе вреди од 100 до 120 милиони евра и ќе отвори 100 работни места, ќе биде реализирана од страна на израелската компанија „Газит глоуб“. Таа го купи земјиштето на тендер за 22 милиона евра. Имотот на „Алумина“ од крајот на минатиот месец е пренесен во сопственост на израелската компанија.

„Ова претставува одлична бизнис-одлука на ’Газит глоуб‘. Во овој проект ќе инвестираме од 100 до 120 милиони евра, но може да се донесе одлука и за дополнителни инвестиции, со оглед на тоа дека очекуваме раст на овдешната економија“, изјави претседателот на израелската компанија Хајм Кацма на вчерашниот прес во Владата.

Според него, има можности за реализација и на други проекти за изградба на трговски и станбени комплекси во Скопје и во другите градови во Македонија. Тој ги повика и другите странски компании да вложуваат во Македонија, која, според него, е добро место за инвестирање.

Израелците преку овој бизнис веќе се присутни во повеќе земји во светот, како што се САД, Канада, Бразил и Индија, а од поблиската околина се присутни во Бугарија и во Турција. Тие не гледаат опасност во веќе постојната и растечка конкуренција во делот на трговијата и веруваат дека можат да се справат со конкуренцијата во овој контекст.

Реализацијата на проектот е започната од минатата година во март при првата средба на министерот Ташковиќ со претставници на израелската компанија, која од многуте можности што им биле претставени го одбрале објектот и земјиштето на „Алумина“. На петтиот тендер објавен за продажба на фабриката, израелската компанија понудила 20 проценти повеќе средства од почетната сума објавена со тендерот.

„Алумина“ беше осум години затворена и не можеше повеќе да работи особено со оглед на тоа што користеше скапа суровина од Црна Гора. Се потрудивме најдобро да го решиме проблемот со иднината на ’Алумина‘, со оглед на тоа дека досега правната ситуација го попречуваше тоа“, истакна Ташковиќ.

Средствата, како што информира министерот, се за исплата на плати на вработените, придонеси за пензиско и инвалидско осигурување, за здравствено осигурување, како и долгови спрема Управата за јавни приходи.

Според израелските медиуми во време кога „Газит глоуб“ го договараше влезот во земјава, тие планираат изградба на трговски центар со површина од 60.000 квадратни метри, а заедно со хотелот и зградата со канцелариски простор, објектите ќе достигнат 90.000 квадратни метри. Со ваквите деловни планови, наместо за производство, како во минатото, во иднина локацијата треба да послужи за изградба на уште еден услужен комплекс во земјава.

Според пазарната вредност, „Газит глоуб ЛТД“ е втора најголема компанија за неподвижен имот во Израел. Израелската фирма „Газит глоуб“, го купи некогашниот гигант за алуминиумски профили преку холандската фирма „Џи Недерландс“, чиј сопственик е Израелец, кој компанијата „Газит глоуб“ ја има регистрирано и во Холандија.

„Алумина“ имаше околу 700 вработени, кои очекуваат од парите на продажбата да бидат намирени нивните плати и придонеси. „Газит глоуб“, според тендерската документација, нема обврски да ја рестартира фабриката и да ги врати на работа вработените во „Алумина“.


Статијата е прочитана 963 пати.

Испрати коментар

Од: maximus,nj, sad
Датум: 19.07.2008 01:10:56
PORANESNA, a ne bivsa
Од: Roma
Датум: 19.07.2008 01:12:46
Taka samo napred, pravete soping centri namesto fabriki, samo ke vidime koj siromashen narod ke vi gi kupuva proizvodite. Barem pecki na drva da prodavate, ke imate kar, sega koga parnoto poskapuva za 60%!!!!!!!!!
Од: robert veljanovski od u.s.a
Датум: 19.07.2008 04:27:57
sto ce bide so akciite sto gi imavme nie vrabotenite vo a.d alumina,nisto ne se kazuva vo napisot na utrinski vesnik.ako nekoj ima infirmacija ve molam pisete ja. pozdrav od u.s.a p.s:taskovic ovde vo u.s.a ne go bivase otide vo mkd za stoooo???????????????
Од: mene
Датум: 19.07.2008 08:27:39
Alumina bese stavena vo stecaj vo 2004. Znaci 4 godini ne raboti. "Skapata surovina" od Crna Gora e najgolemata glupost sto moze eden minister da si dozvoli da ja kaze. Aluminiumot ima berzanska cena. Znaci seedno e od kade ke se kupi. Samo transportot e varijabilen. Pokraj drugoto taa fabrika prodavase i FINALEN proizvod, a ne samo polufabrikati. Za golema nesreka, lokacijata e preatraktivna, zatoa bese mnogu polesno da se najde kupuvac za izgradba na Trgovsko-deloven objekt. Pa neka e so sreka, so tolku trgovski i biznis centri!
Од: Ванчо
Датум: 19.07.2008 09:18:38
Тешко нам, кога министрите се сликаат пред секоја продавница и ја прогласуваат за „инвестиција“. За жал, перформансите на економијата многу малку се подобруваат со вакви безвезни потези.
Од: Јоцо
Датум: 19.07.2008 17:23:47
Точно така требаше да се рестартира фабриката затоа штое единствена а не да се гради трговски центар што ќе прават луѓето без плати имаат ли они семјства и со акциите сакам да знам што се случува дали ќе може да ни кажете.
Од: baze
Датум: 19.07.2008 19:59:18
Не е точно дека Алумина работела со загуба секоја фабрика во Р.Македонија работи со загуба додека е под државна капа кога ке се продаде тогаш е профитабилна ако не се лажам наместо да ни гради трговски и да не лаже ова она требаше да ја продаде на некој што сакаше да ја рестартира па вие прерачунајте 700фамилии по 3 колку гласа би купиле ако ако гласав за нив ама ми е криво инаку родител ми беше вработен во Алумина
Од: laz
Датум: 19.07.2008 21:31:53
Ubava je sekakva investicia vo Makedonia, no naj ubava je domasnata investicia i investiciata vo proivodstvo vo bilo koj sector. Zasto takvi investici ne idat kaj nas? I ne se poteknuuvat od natre da se ostvarat? Vladata treba da ima biznes agenda, da gi soberi site biznes strukturi vo drzavata da gi motivira, da investirat, za dobro na site. I ednas za stalno da se naucat kako na sekade da ne se plasat da rabotat vo interes na narodot, zosto kaj nas imat pari no parata se drzi vo stranski banki so mnogu malku korist a tie pari se izlezeni od site nas vo MK do deka taka pacifiticki ne se zamisle biznisot, korist ke nema nikoj. Zosto ovi ljuge sto doagat od drugi mesta investirat samo vo uslugata na biznesot se nema mnogu korist? Zatoa sto parata mnogu brgu se odleva nadvor. A parata kaj nas idi mnogu tesko. I zatoa treba da se najdi opcia kako parata opsluzuvaa poveke krugovi na ljuge vo eden optek. I da ne ljubomorime na domasnite, tuku da se radvame.
Од: FILIPP
Датум: 20.07.2008 11:07:28
Veke videno vo Makedonija: Zatvorame aluminiumska industrija otvarame prodavnici. Nikola trgna po stapkite na Branko i go proglasi ovaa za kapitalna investicija. Konecno i tragikomicniot minister za investicii ke se omrsi na krajot od mandatot.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Цената на популарноста
Зденко
Претходен број
Караманлис- Во Грција никогаш не постоело македонско малцинство
СДСМ на неопределен рок останува надвор од Собранието
Полицијата го уапси Ламбе Арнаудов по 20 месеци потрага
Регулаторот ги изгоре граѓаните со поскапо парно за 60,35 отсто!
Децата - бегалци бараат да се вратат дома
Драмата на Егејците (18)
Заев- Груевски да стави крај на апсолутизмот
СМС-порака до Јанкулоска
Кубанската ракетна криза
СДСМ го чека Црвенковски назад
Ќе се блокираат една милијарда долари за Бугарија од фондовите на ЕУ
Карикатура
Verbatim
Вечниот Стојчев и повратникот Томи повторно рамо до рамо во Охрид