Број 2741  сабота, 19 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Фељтон
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Караманлис: Во Грција никогаш не постоело македонско малцинство

Жалам што во овој критичен момент на преговорите, ми го испративте писмото, вели грчкиот премиер

Во Грција не постои „македонско“ малцинство. Тоа никогаш и не постоело. Во овој контекст, какви било тврдења во однос на постоењето на такво малцинство се целосно неосновани, политички мотивирани и тие претставуваат непочитување на историската реалност во регионот. Што се однесува до какви било имотни прашања, секое лице може да ги искористи законските постапки за да се обрати до судовите, вклучително и до Судот за човекови права во Стразбур.

Овој исклучителен став е дел од одговорот на грчкиот премиер Костас Караманлис адресиран до македонскиот премиер Никола Груевски и неговото писмо каде што шефот на македонската Влада ја повикува Грција да го смени својот негаторски став спрема македонското малцинство во таа земја и да преземе соодветни чекори за решавање на реално постојните проблеми на една поголема група луѓе кои по Граѓанската војна во 1949 принудно биле протерани од своите домови во Егејска Македонија.

Писмото на Груевски предизвика бурна реакција на грчките политички партии, а цела измината недела „провокациите“ од Скопје, како што ги оквалификува грчкиот печат, беа ударна тема. Во стилот на познатото „едноумие“ по ова прашање, политиките партии побараа, а медиумите шпекулираа со можниот остар одговор на „скопјаните“ филувано со детали дека писмото на Груевски значи без малку крај на разговорите за името, а тајмингот на испраќањето – една недела пред одбележувањето на 60-годишнината од егзодусот на децата-бегалци од Егејска Македонија – дека е намерно темпиран и може да доведе до инциденти и сериозно влошување на односите.



„Господин премиере – вели Караманлис - вашето писмо не само што воопшто не оди во прилог на унапредувањето на преговорите и добрососедските односи со мојата земја туку и покренува одреден број непостојни и неаргументирани прашања кои особено негативно влијаат врз силните напори што ги презема Грција. Тоа, исто така, е насочено кон вмешување во домашните работи на една соседна земја и е спротивно на целите на преговорите што се во тек“.

Во писмото кое преку грчкото МНР уште завчера вечерта пристигна во Канцеларијата за врски на Република Грција, од каде што вчера беше доставено до кабинетот на Груевски, Караманлис потсетува дека „Грција и вашата земја се обврзаа на преговори во рамките на Обединетите нации во однос на прашањето за името кое „треба да се реши во интерес на одржувањето мирни и добрососедски односи во регионот“, како што е предвидено во Резолуцијата 817 на Советот за безбедност.

Во изминатите неколку недели, специјалниот пратеник на Обединетите нации, г. Метју Нимиц изнесе неколку идеи со кои преговорите би можеле да се придвижат нанапред. Жалам што токму во овој критичен момент во процесот на преговорите, вие одлучивте да ми го упатите писмото од 10 јули 2008 година“.

Грчкиот премиер потсетува дека уште од 1993 Грција ја покажувала својата добра волја под покровителство на ОН да се изнајде заемно прифатливо решение за прашањето со името, „при што ќе се земат предвид легитимните интереси и чувствителноста на нашите две земји“ и потсетува дека тоа е процес во рамките на мандатот на релевантните резолуции на Советот на безбедност. Но, истакнува Караманлис, ова исто така ја претставува желбата на сите земји кои се дел од евроатлантските и европските институции, како што беше јасно подвлечено на Самитот на НАТО во Букурешт и на Европскиот совет на ЕУ во Брисел.

Караманлис во писмото кое не содржи закани како што бараа некои од политичките лидери неделава, вели дека ја користи можноста да ја подвлече „цврстата заложба на Грција за унапредување на пријателските и добрите односи со сите соседни земји, особено со земјите од Западен Балкан и за создавање на неопходните услови кои на овие земји ќе им овозможат во блиска иднина да му се приклучат на евроатлантското и европското семејство“. Тој е убеден дека, како што вели, „времињата се изменети“ и дека иднината на балканските земји е во европските и евро-атлантските институции, а не во националистички методи од дамна изминати времиња кои мораат еднаш засекогаш да бидат оставени во историјата. Грција и натаму цврсто се залага да работи на постигнувањето на таа цел.

На крајот тој му сугерира на Груевски дека „историјата им суди на лидерите според тоа како се справуваат со предизвиците и ги исполнуваат своите одговорности. Многу ќе зависи од вашиот позитивен став и конструктивен дух“.

Според медиумите во Атина, копија од писмото до премиерот Груевски истовремено им била доставена и до генералниот секретар на ОН, на генералниот секретар на НАТО и на челниците на ЕУ. (Н.Р.)


#
Статијата е прочитана 3342 пати.

Испрати коментар

Од: Itar Peyo
Датум: 19.07.2008 00:14:36
Eve se dokazuva deka Gruevski povlece odlucuvacki potez. Covekov e vo panika. Ne mu ostanuva vece nisto drugo osven da go spremi cekot na trieset milijardi dolari. Plus kamata. Objasnenie za clenovite i simpaziterite na VMRO: ova e ironija. Zalosno e sto makata na egejcite se koristi za dnevnopoliticki celi.
Од: Iskusen Diplomat
Датум: 19.07.2008 00:58:10
Izgleda deka e vreme prasanje za Imeto da se prefrli preku politickiot organ na OON do Sudot vo Hag. Treba da se objasi kako i zosto nastanala ref. PJRM i da li e legalna. Ova treba da se napravi po shvakanje na dr Hans Corel do kogo od Makedonska vlada (2002.)e isprateno pismo tokmu za interpretiranje pravna situacija vo vrska so legalitet na ref. i razgovorite za imeto. Sega treba da se postapi po recept na H. Corel, koj bese sef na pravna sluzba 2002. godina na Sek. na ON. Ako somnenia postojat i vo Sekretarijatot na OON, ocigledno toa e indikator na vladata na Makedonija za slednite cekori. Samo Meg. sud vo Hag moze da proceni da li e opravdano R. Makedonija da nosi ref. koja implicira trosoci na Makedonija i drugi clenki na OON, a implicira i proizvolno navlizanje vo stroga vnatresna nadleznost i dignitet na clenkata na OON.
Од: makedonce
Датум: 19.07.2008 01:05:05
ova kopile ne priznava deka postoi makedonsko naselenie vo grcija a od druga strana veli lugeto da si gi baraat imotite preku sudovi pa koi se tie luge sto gi baraat imotite nazad ...tie se makedonci i nisto drugo...
Од: neutralen posmatrac
Датум: 19.07.2008 01:28:54
Ako Karamanlis veli deka idninata ne e vo "националистички методи од дамна изминати времиња кои мораат еднаш засекогаш да бидат оставени во историјата", togas zosto ne prestane Grcija da go favorizira tokmu grckiot nacional sovinizam, nazalost mnogu javno podrzan od sramnata EU.Zalosno, zar ne!Nakraj, naprotiv nema NISTO LOSO VO PISMOTO od gruevski.Smetam deka reakciite ne se opravdani.Ednas javno treba da se progovori za se.Ako se rabotite sto Gruevski gi potegna vo pismoto nebitni za makedonija, togas zosto negiranjeto na malcinstvata i imeto se bitni za Grcija?
Од: Boshko
Датум: 19.07.2008 02:21:06
Karam lis e vo pravo deka vo kozarija ne postoi i ne postoelo Mak.Nacionalno malcinstvo,Toj bil narod a ne malcinstvo i sega e narod a ne macinstvo Nikola greshi shto prahuval za malcinstvo,taka e zashto tamu ima pomalku kozari odoshto (malcinstva)narodi,na primer 3 M Turci 2 M Makedonci 1M drugi a kolku se kozari ne zanam Ako nekoj znae ve molam kazete.
Од: Do Boshko i Itar Peyo: ne lupetajte!
Датум: 19.07.2008 03:30:00
Prasanjeto na Egejcite e, i ke ostane Makedonsko prasanje. Ako Makedonija ne go resi ova prasanje, se negira sebesi kako narod i nacionalnost, i im potkleknuva na Grcite i na EU. Ova e od vitalno znacenje za sudbinata na celata zemja, i celiot narod. Makedoncite imaat svedoci i zivi luge da se pojavat vo Hag i vo Strazbur, da im kazat sto im e napraveno od Grcite! Zatoa, ve molam, Itar Peyo i Boshko, ne lupetajte, tuku zemete procitajte nekoja kniga!
Од: Slavco Matevski
Датум: 19.07.2008 04:17:01
Zalno e sto imame i vakvi komentatori kako Itar Pejo lugje.Anglicanite velat "people with no consent".Mnogu iritiracki i neznam dali nepromislen ili komentar napisan od neznaenje.Koj dosega go postavil ova prasanje na dneven red?Dali go procitavte pismoto od Karamanlis?Imeno vo pismoto se veli-vo Grcija ne postoelo i ne postoi Makedonsko malcinstvo.Dali ova za tebe e dnevno politicki marketing Itar Pejo?Najdobronamerna e mojava kritika kon vas,megjutoa naredniot pat pred da napisete nesto-razmislete dobro.Oti zad nasata granica so Grcija ziveat nasi braka i sestri.Zar treba da se otkazeme od niv?Normalno deka NE-Itar Pejo.Bi bil mnogu posreken koga site nie imame ist stav za najkrupnite prasanja na nasava drzava-takva kakva sto e.Zaedno sme posilni,neli?
Од: Dime Merakovski
Датум: 19.07.2008 06:59:01
Lagite na grckite ograbuvaci na Makedonskata teritorija od 1912-3 godina ,nikoj nemaze da gi skrie. Koga Karamanlis veli deka "nikogas" nemalo Makedonsko malcinstvo vo grcija, Toj dali zboruva za pred 1913 ? koga go nemaja Makedonskiot egejski kraj ? Grcite vo 1925 god koga go otpecatija ABACEDAROT priznaja deka vo okupiraniot del od niv. imalo 500.000 Makedonci. kade pojdoja tie Makedonci? Karamanlis kako i site grcki pred nego tirani kolku i da se macat da ja krija vistinata za postoenieto na Makedonskiot narod vo denesnite grcki granici toa ne ke mozat da go postignat. ne sega koga ima Makedonska drzava barem vo eden del na rasparcenata Makedonska zemija.
Од: luli
Датум: 19.07.2008 07:56:58
ova nema nisto zaedncko so imeto na R. Makedonija,evropskata zaednica treba da prezeme nesto za da im dokaze na frcite deka imalo i ima maledonci vo grcija isto taka treba da im se vrati imotot na tia sto bea oterani od nivnite domovi
Од: od mene
Датум: 19.07.2008 08:24:17
Spored eden atlas od 1921g izdaden od Avstrija, vo Grcija togas imalo 500.000 makedonsci. Kopie ke ispratam na sekogo, ako bi mozel i na Karamanlis. Vladata ke dobie kopie. Originalot se cuva kaj privatno lice. Javete se na e-mail: [email protected]
Од: Atanasija
Датум: 19.07.2008 09:57:01
Izgleda g.gruevski znae da praktikuva politika,kolku sto jas znam da gi presmetuvam rastojanijata megju zvezdite.Ova sto go napravi-e da dojde vo kukata na popot,pred da mu bide dozvoleno da vleze vo seloto!Ova e kristalno jasna makedonska narodna mudrost.A g.karamanlis,so svoeto tvrdenje deka "nepostoi i nikogas nepostoelo makedonsko malcinstvo vo grcija" me potsetuva na anegdotata vrzana za Gete.Ovoj velicenstven germanski pisatel,vo edna prosetka vo parkot go sretnal kajzerot,i go pozdravil so simnuvanje kapa.Kajzerot ne reagiral,prosto ne znael za Gete.Toa na Gete i mu go rekol negoviot prijatel.A Gete voopsto ne se potresol,tuku rekol:"Na vrvot na planinata moze da postoi prekrasen cvet a nie za toa da ne znaeme.Tosa sto ne znaeme ne znaci i deka ne postoi"Koga recepcionerkata na eden hotel mi kaza od kade se imaat gosti,rece deka imaat i od Skopje."Ne,i rekov,toase od Makedonija.Skopje e samo grad"Taa rece:e,politika..."Tolku za sosedite,poveke za nas po drug povod.
Од: Koco Sekre
Датум: 19.07.2008 11:23:06
Zosto ,,Makedonecu'' Karamanlis vo nekolku navrati poslednive meseci pred tvoite kolegi od EU i NATO se chukase vgradi i gord vikase deka si Makedonec ama i Grk, isto i jas pred 25 godini velev jas sum Jugosloven ama od Makedonska nacionalnost ,dali ednas ne svatite ova E BALKAN I SITE DRZAVI BEA STVARANI KAKO I JUGOSLAVIJA. Zatoa Grcija ,Bugarija i Albanija vodete poveke smetka za malcinstvata zosto ke ve snajde isto kako i Jugoslavija a za toa indirekno rabotat nekolku golemi drzavi.Makedonskata nacionalna renesansa doprva doadja!!!
Од: G. Stojanovic
Датум: 19.07.2008 13:32:11
Doticniov g-din Hipokrit od grcija, nema sto da zali tuku da si go priznae malcinstvoto i da im se vratat imotite, parite i pravata na lugjeto sto gi imaat izgubeno. Nasata vlada po ova prasanje ne smee da bide vo dilema, tuku da lobira i nastojuva ova prasanje da stane vistinsko prasanje a ne samo na hartija.
Од: skopsko
Датум: 19.07.2008 16:53:13
kade se sega liderite na sdsm i nivnite simpatiseri za da protesirat kaka za nivniot heroi Zaev deka ima malcinstva vo grcija i vo drugite drzavi od makedonsko poteklo. Sega gleda deka na nekoj politicari im se licnite interesi povazni nego drzavnite. bravo gruevski
Од: Dr.Mihail Sorko ,Ohrid.
Датум: 20.07.2008 00:15:35
* TRAGANJETO PO VISTINATA e ona covecko nastojuvanje sto gi pravi eden COVEK ili edna NACIJA - BLAGORODNI ! * Johan Volfgang GETE ,germanski poet i pisatel.
Од: egejka
Датум: 20.07.2008 01:45:26
Po se' izgleda edinstven nacin ke bide da se sudi grckata vlada, ne samo za imotite tuku videte na kakov aroganten nacin go negira postoenjeto na Makedoncite. Neverojatno. Zivi sustestva -veli ne postojat.Toj treba da se sudi za vakva izjava i se ostanato.
Од: filipp
Датум: 20.07.2008 10:53:50
Se pokaza deka: Napadot e najdobra odbrana. Sega go imame na masa toa od sto se plasea Grcite i po sekoja cena ne pritiskaa da go smenime imeto. RABOTITE SE MENUVAAT.
Од: Niko
Датум: 20.07.2008 13:13:12
Abe more Makedoncinaj ve citam i se cudam kako moze taka laicki da se prioga na edna ozbilna tema. Prasanjetio na brakata od Egejska Makedonija nemoze da se resi na takov amaterski nacin kako sto toa go pravi nasiot premier, so pisno vidi bogati. Pa zne li toj so koj protivnik si ima rabota i znae li da gi podredi prieritetite za edna drzava da moze da si gi resava problemite koi gi ima , najverojatno ne znae i pravi greski koi samo ja usloznuvaat rabotata i za nego i za nasite braka pozdi granicata. Makedonija vo nikoj slucaj ne moze da se otkaze od svoite interesi eden od niv e i prasanjeto na Egejcite i nivniot egzodus i parava .Magutoa toa moze da go resi samo kako ramnopravna strana so Grzija, Makedonija sega i vo ovoj moment ne e toa a za da bide toa treba da znae da ja raskaze svojata prikazna treba da bide mudra a ne amaterska treba da gleda pet cekori napred a ne da se vraka vo monatoto. Vo Makedonija ima potencijal i luge koi taa teska bitka mozat da ja dobijat.

Најди! во Утрински
Насловна
СДСМ на неопределен рок останува надвор од Собранието
Полицијата го уапси Ламбе Арнаудов по 20 месеци потрага
Цената на популарноста
Зденко
Претходен број
Регулаторот ги изгоре граѓаните со поскапо парно за 60,35 отсто!
Децата - бегалци бараат да се вратат дома
Драмата на Егејците (18)
Заев- Груевски да стави крај на апсолутизмот
СМС-порака до Јанкулоска
Кубанската ракетна криза
СДСМ го чека Црвенковски назад
Ќе се блокираат една милијарда долари за Бугарија од фондовите на ЕУ
На местото на бивша „Алумина“ ќе никне луксузен трговски центар
Карикатура
Вечниот Стојчев и повратникот Томи повторно рамо до рамо во Охрид
Verbatim

"""