Брoj 2741  сабота, 19 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Фељтон
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Полицијата го уапси Ламбе Арнаудов по 20 месеци потрага

За злоупотреба на еден милион евра, поранешниот директор на ЕСМ ќе одлежи четири години затвор

Поранешниот директор на ЕСМ, Ламбе Арнаудов, кој околу 20 месеци беше недостапен за полицијата, вчера е уапсен во неговиот дом во Охрид. Полицијата во 11 часот изутрината, по претходно распишана потерница, извршила проверка во неговата куќа, каде што е приведен и веднаш префрлен во затворот „Идризово“. Полицијата нема сознанија каде се криел поранешниот директор на ЕСМ во изминативе 20 месеци, период за кој се тврдеше дека им е недостапен на органите на прогонот.

Арнаудов во „Идризово“ ќе остане четири години, казна која му беше одредена од страна на судот поради злоупотреба на службената должност. Ексдиректорот на ЕСМ со правосилна пресуда е прогласен за виновен дека го оштетил претпријатието на чија раководна позиција бил, за околу еден милион евра.

„Арнаудов околу 14 часот со полициска асистенција беше спроведен во затворот „Идризово“, потврди директорот на затворот, Миле Младеновски.

По Арнаудов полицијата имаше распишано потерница, но 20 месеци не можеше да го пронајде, иако медиумите постојано известуваа дека тој повеќе пати бил виден на улиците на Скопје, но и во неговиот роден град Охрид.

Пред неколку месеци се' погласни беа гласиштата дека Арнаудов ќе биде „пронајден“ од полицијата веднаш по изборите за да ја одлежи четиригодишната казна затвор што му ја одреди судот. Арнаудов најпрво беше осуден на две години затвор, бидејќи правел штетни договори на сметка на фирмата, но Апелациониот суд двојно му ја зголеми казната. Тој требаше да се појави во „Идризово“ за издржување на казната на 30 ноември 2006 година. Кон почетокот на јануари 2007 година, откако стана јасно дека Арнаудов не планира сам да се појави во „Идризово“, Основниот суд Скопје 1 против него распиша потерница. Но, тој дваесет месеци беше недостапен за органите на прогонот, се' до вчера кога беше приведен во неговата куќа во Охрид, каде што се говори дека често престојувал.

Опозицијата во повеќе наврати ја критикуваше власта за селективност при ��псењата, при што случајот со Ламбе Арнаудов беше посочуван како еден на најеклатантните примери. Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, пак, изјавуваше дека МВР постапува исто по сите потерници и дека Арнаудов ќе биде приведен кога ќе се создадат услови за тоа. (Д.Т.)


Статијата е прочитана 1292 пати.

Испрати коментар

Од: Goce T.
Датум: 19.07.2008 00:28:08
ZOSTO nemase kameri pri apsenjeto???
Од: Filip Vtori
Датум: 19.07.2008 00:44:29
Ajde Sekerinska naucine sega kako da go spasime Arnaudov da ne odi vo zatvor .Dali mozis da ni kazis kade se kupuva svircina pa i nie pred sudskite instituci da protestirame ,Mislam i vie ce ni se pridruzite da go spasime od ova fasisticka vlada.Pa toj clen na Narodna ops ZABAVNA kako vasata PARTIJA pa zatoa Grueski go zatvori .Treba da pobarate vo parlamentot da se donese zakon za zastita na site Kreminalci koj se clenovi na SDSM da bidet zastiteni da ne odgovaret pred sudot i da ne se podnesuva tuzbi posto tie se tvorci na ova drzava i imaet pravo da kradet a da ne odgovatet .Gledam za vcera so Zajakot imaet golema podrska od narodot ,ama ovoj narod e pros pa zatoa go saka mnogu Grueski.
Од: Љупчо
Датум: 19.07.2008 00:46:37
Гоце, за разлика од апсењето на Заев, ова не беше спектакуларно апсење ... затоа нема камери :)
Од: skopsko
Датум: 19.07.2008 01:11:46
Ajde Sdsm, sega na ist nacin branetego arnaudov. Pak na spektakularen nacin kako na vaziot zaev... Trebat site kriminalci da se fatata bes razlika koj i da e
Од: crna guja
Датум: 19.07.2008 01:25:36
Kako be,policijata go uapsila Lambeta?????Znaci,kolku ste 'neobjektivni' vie 'komunistickive' mediumi?!?!.! Zarem ne gledavte na SITEL???Pa,Latas kaza deka Lambe SAM SE prijavil v policija da si go odsluzi cesno dolgot kon drzavata?C.c.c.c.....zarem se uste ne sfativte deka ima samo edna vistina..onaa GEBELSOVA.pardon....LATASOVA
Од: gevgelija
Датум: 19.07.2008 03:23:20
Kade vi se kamerite? Ili nemozete kampanja od ova apsenje da napravite? Po 20 meseci go fakaat den posle Zaev .... Cudno a? Ili za nesto se perat...? A sto ima Sekerinska da izleguva za Lambe? Nemase nitu kameri nitu narusuvanje na negoviot ugled i dostoistvo, covekot e veke osuden kriminalec za razlika od Zaev koj ne e sudski osuden a e tretiran poloso od kriminalec. Ne se raboti za zatvaranjeto na kriminalcite se raboti za stitenje na dostoinstvoto i ugledot na covekot dodeka ne se dokaze negovata vina.
Од: objektiven
Датум: 19.07.2008 03:48:50
Apel do Arnaudov.Vednas da i pratis SMS na Sekerinska i taa so svoite najbliski sorabotnici da pocnat so strajk pred KPD Idrizovo.Napisi i deka toa ke bide "vo duhot protiv ednoumieto":)))
Од: Jovan Naumovski
Датум: 19.07.2008 05:23:13
brakja makedonci!!! ne postojat takvi, postojat makeodnonci i komunisti!!! togas brakja komunisti, 6to ve ima na vlast duri i sega da znaete deka ste uste po malku i pomalku i deka za brzo vreme ke ve nema. A isto taka golem pozdrav do okolu 40 iljadi ohrigjani na koi lambe im gi sredi licnite zivotni problemi. koi mu svrtija grb na lambe i sega go plukaat i se zadovolni od ovaa akcija. Pozdrav do site mizernici, bezdu6nici i nevernici za koi se molam gospod da im gi prosti grevovite i da im dade sila da poveruvaat vo vistinata!!! a toa e nezavisna Makedonija, demokratska Makedonija, Makedonija vo EU i NATO.
Од: Anastas
Датум: 19.07.2008 07:14:28
Prvo za Arnaudov ima PRESUDA PRAVOSILNA sto znaci deka nis pravnio sistem e dokazano deka e KRIV.A plus ne se javuva na izdrzuvanje na kaznata. A za Zaev ima KRIVICNA PRIJAVA sto znaci deka treba da se dokaze negovata vina (bidejki sekoj e nevin se dodeka ne se pokaze sprotivnoto). Znaci razlika ima i toa golema. p.s. Makedonci sme site.emociite nastrana probajte da se zblizite a vie se razedinuvate .
Од: Петар
Датум: 19.07.2008 08:34:23
Кого го лажат....Немаше СМС пораки, немаше камери...
Од: asdf
Датум: 19.07.2008 10:38:18
Еве ова е доказ дека не се апсат членови само од СДСМ туку општо познати криминалци. И шо треба сега сите свирчињата вуста и пред суд да протестираме ?!?
Од: A.M.
Датум: 19.07.2008 13:22:47
1 милион евра поделено на 4 години е 250.000 е, поделено на 12 месеци е 20.000 евра, па човекот зема најголема плата во Македонија за лежење во затвор, подобар бизнис од ова здравје. Треба да му го одземат имотот, негов и на неговото семејство, па нека е на улица. А тие пари да се поделат на оние од кој крадел. Гад!
Од: mene
Датум: 19.07.2008 16:34:45
Lambeta sedese so slavevski i milosevski na ulica makedonija na izbornata nok, 1 july.
Од: Che Gi Varam
Датум: 19.07.2008 22:15:36
Bravo A.M, toa e poentata, drugive samo tropaat. Da se konfiskuva imotot na Lambe i ostala druzina. A vie novinarite budno da sledite dali toa ke se sprovede. Se drugo e obicna zae.....
Од: KLM
Датум: 19.07.2008 22:37:05
Novinar udaven vo kofa... Lambe go baraa 2 godini... Abre lugje nie navistina imame sposobna policija??? Ko da zavrsile Praven fakultet vo Kicevo...

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Цената на популарноста
Зденко
Претходен број
Караманлис- Во Грција никогаш не постоело македонско малцинство
СДСМ на неопределен рок останува надвор од Собранието
Регулаторот ги изгоре граѓаните со поскапо парно за 60,35 отсто!
Децата - бегалци бараат да се вратат дома
Драмата на Егејците (18)
Заев- Груевски да стави крај на апсолутизмот
СМС-порака до Јанкулоска
Кубанската ракетна криза
СДСМ го чека Црвенковски назад
Ќе се блокираат една милијарда долари за Бугарија од фондовите на ЕУ
На местото на бивша „Алумина“ ќе никне луксузен трговски центар
Карикатура
Verbatim
Вечниот Стојчев и повратникот Томи повторно рамо до рамо во Охрид