Струмичкиот градоначалник Зоран Заев плаќа висока цена на својата популарност и политичка амбиција. По спектакуларното полициско приведување со лисици на раце во четвртокот и четиричасовен распит пред истражен судија и обвинител, прашање е колку приватните и професионални планови на овој висок партиски функционер на СДСМ ќе мора да претрпат измени. Тешко е да се поверува дека тајмингот за кривично гонење на Заев случајно коинцидира со подготовките на најголемата опозициона партија за партиски конгрес. Но, гледај чудо, токму човекот кој важи за еден од најуспешните градоначалници во државата е еден од најсериозните кандидати за лидерската функција во СДСМ.
И не случајно, по повод последните случувања поврзани со приведувањето на струмичкиот градоначачник, еден блогер ќе напише дека со тоа „паднал митот за чесноста, принципиелноста и искреноста на Заев“. Веројатно, тоа била и целта на некои партиско-полициски центри на моќ, кои процениле дека токму сега е вистинскиот момент за целосна дисквалификација и оцрнување на популарниот струмичанец. А, само пред неколку недели, токму Заев го врати добиениот пратенички мандат, со намера на претстојните локални избори уште еднаш да го провери пред граѓаните личниот и партиски рејтинг. Убеден дека струмичани ќе знаат вистински да го вреднуваат она што направи во изминатите четири години, не им придаде доволно внимание на „знаците со опомена“ што многу порано почна да му ги испорачува МВР.
Она што МВР го оцени како грешка во февруари, сега е трансформирано во конкретна кривична пријава, која го товари Заев за милионски злоупотреби. Слободата на струмичкиот градоначачник и на неколку негови најблиски општински соработници, засега, е заменета со одземените пасоши. Не е докрај јасно дали за тоа е заслужно слободното судиско убедување или, пак, протестите на опозицијата, кои претставуваа артикулација на огромното незадоволство, започнато со бојкотот на законодавниот дом. Велат, дека не им останало ништо друго, зашто власта е глува за туѓите аргументи и на они�� кои размислуваат поинаку.
На Зоран Заев допрва му претстои тешка битка со македонските правосудни органи во докажувањето на вистината дали навистина ја злоупотребил својата позиција на татко на Општината во изградбата на трговско-деловниот објект „Глобал“. Да биде иронијата уште поголема, тој ќе одговара токму за објектот за кој доби најмногу пофалби и идната недела треба да добие плакета од Советот на Европа, како успешен модел на децентрализација во имплементацијата на првиот пример на јавно партнерство во Македонија.
Не верувам дека постои некој во државата кој бара и поддржува амнестија за криминалот. Зашто, ако за нешто постои општ консензус во државата, тоа е борбата против криминалот и корупцијата. Нема сомневање дека секој оној што свесно прави злоупотреби, што не ги почитува законите и правните процедури, треба да одговара за своите постапки. Тоа е во интерес на сите граѓани, но и важен императив за функционирање на една правна држава, каква што претендира да стане Македонија. Но, дали под превезот за ефикасно справување со криминалот може и смее да се толерира очигледната манипулација со инструментите на власта? Дали треба да се дозволи полицијата, Обвинителството и судот да се стават во функција на владејачката партија и на политички прогон на неистомислениците?
Само еден ден по приведувањето на Заев, МВР по 20-месечна потрага „успеа“ да го најде и Ламбе Аранудов. Соседот на Груевски, со кого можеби многупати се разминале по скали, или се возеле заедно во лифт, замина на издржување на затворската казна во „Идризово“. Во стилот апсиме ред „ваши“, ред „наши“, вештачки се создава привид на неселективна битка против корупцијата. Само што е многу прозирно.
A sto ako vasiot milenik Zaev navistina napravil nekoi matni zdelki?So kakvi fakti togas vie ke se branite koi po sekoja cena branite partiski stavovi?Navistina novinarstvoto kaj nas e "GOLA VODA"
Од: Atanasija
Датум: 19.07.2008 15:25:45
Gospodinot Petar prasuva;sto ako e Zaev kriv?Zaev e tuka-bese tuka od pocetokot na izgradbata na gordosta na Strumica,pokrieniot pazar global,na promocijata na ovoj objekt vo fevruari godinava,bese prisuten na site mitinzi vo predizbornata kampanja za sobraniskite izbori,duri i nositel na lista-i togas Vladata ne bese poglednala vo "negovite malverzacii".Vladata posoci na nego kako na neodgovoren gradonacalnik,koga negovoto ime se spomna kako eventualen prv covek na SDSM.A,sega-sto ako ova apsenje bese gola vodia,teatar za zastrasuvanje na site onie koi poinaku ja sogleduvaat idninata na Makedonija.A takvi ima mnogu,i sto ohrabruva,pokraj sopartijcite,otvoreno mu dadoa podrska-ednovremeno i osuda na ovoj poteg na Vladata,i istaknati licnosti od javniot zivot,Bez strav zastanaa pokraj,kako sto se veli,partiskite vojnici i onie sto nemaat funkcii vo SDSM.
Од: marina
Датум: 19.07.2008 22:17:47
Se raboti za nesomneno iskoristuvanje na instituciite koi po pravilo bi trebalo da vleat sigurnost kaj gradjanite a ne so zastrasuvanje da se borime protiv onie koi se nasi politicki protivnici.G-din Zaev ne e vo druga drzava toj e tuka vo Makedonija i e gradonacalnik na Strumica,ako MVR ima dokazi deka toj napravil kriminal i gi dostavile do sudot,togas istiot toj Zaev trebalo uredno da bide povikan na soslusuvanje bez vakvi spektali i revoltiranje na narodot.Ako se dokaze deka Zaev e kriminalec toj ke odgovara spored zakonot kako site gradjani vo drzavata,vo sprotivno drzavata ke mora da plati milionski sumi obestetuvanje za narusen ugled,zdravje i trauma pa togas i narodot i vlasta ke pocnat da razmisluvaat deka vakvi populisticki propagandi nesmeat i ne mozat da bidat reper na nicie odnesuvanje.Navistina bese sramno onaa sto go vidovme na TV,se prasuvam samo zosto nemase takvo spektakularno apsenje na Arnaudov na koj patem mu e dokazana vinata,vlasta ja gubi doverbata kaj narodot
Од: Che Gi Varam
Датум: 19.07.2008 22:27:57
Procitav samo nekolku statii za "slucajot" Zaev. Vo VMROvskite vesnici voopsto ne se spomnuva modelot na izgradba na centarot Globus. A toa e Privatno Javno Partnesrstvo, vo ovoj slucaj opstinata dava zemjiste, investitorot gradi, stopanisuva so objektot, ama i plaka del od profitot na opstinata. Eve da ja pofalam Gordana sto go spomena toj fakt, ama mislam deka nema da bide loso na narodot preku vasiot medium da im objasnite sto znaci toa. Izgleda i ovi e od vlasta slabo odele po seminari. Ahh donatori pak ja utnavte rabotata, za sto li gi trosite parite...
Koga veke gi spomenav donatorite, mislam deka bi bila odlicna tema za istrazuvanje, kakvo perenje pari ima vo toj sektor..............Ajde sto cekate, pisuvajte
Од: kole
Датум: 19.07.2008 22:42:21
Apsenjata na politickite neistomislenici se vo sluzba na diganje na REJTINGOT na Grujo, ko ke go roknat parnoto 60,3% , za da go odrzi prokletiot rejting, Grujo i Familijata ke go uapsat Crvenkovski... naravoucenie: Makedonija e zaloznik na Rejtingot na Premierceto...Prerodbata prodolzuva...
Од: od kolega-od nekogasna Nova.Maked
Датум: 20.07.2008 10:05:57
Nikoj ne e bezgresen.Ni kotevski,ni zaev.Ama gresno e sto greskata na kotevski ovozmozi na gresnite da go branat gresnikot,a pritoa da glumat bezgresni.Greska e sto im ovozmozuvaat na nedokvakani portparoli da konsolidiraat banda SDS-ovska,.Od Radmila,do Bucko,,Hari,Bane(dirigentot) izvedoa sou,biva gi za takvi raboti.Nikola i MVR da si prezemat merki i protiv Kotevski i protiv slicni na niv,a Sudot ostavete go namira da sudi i presuduva NI PO OCU NI PO STRICEVIMA