18.07.2008, 16:25 Регулаторот ги изгоре граѓаните со поскапо парно за 60,35 отсто!
Покачувањето стартува од идниот месец и ќе важи до крајот на годинава
Деспина Трајковска
Парното греење поскапува и тоа за рекордни 60,35 проценти. Ова покачување ќе важи за најголемиот дел скопјани, односно за оние кои ги користат услугите на АД „Топлификација“. Корисниците, пак, на Топлификација „Скопје-Север“ ќе плаќаат поскапо греење за 30,25 отсто од досегашната цена. Ваквата одлука Регулаторната комисија за енергетика ја донесе на вчерашната подготвителна седница, која ќе ја потврди на седницата во понеделник
Граѓаните се шокирани од новите цени што ќе се пресметуваат од наредниот месец и ќе важат до крајот на годинава. Некои од нив сериозно размислуваат да ја откажат услугата на „Топлификација“ и веќе бараат алтернативни решенија. Ако досега, за стан од седумдесетина квадратни метри за парно се плаќало 2.200 денари, сега со новата цена затоплувањето на домот ќе чини без малку 3.500 денари. Односно, корисник на парно од АД „Топлификација“ наместо досегашните 27 денари за квадратен метар, во иднина ќе плаќа околу 44 денари за квадрат.
„Свесни сме дека одлуката за поскапувањето ќе предизвика негодувања кај граѓаните, но мора де се следат и почитуваат економските реалности. Во спротивно, ќе дојдеше до застој во работата на ‘Топлификација‘, а граѓаните ќе останеа без топлинска енергија. Сите треба да бидеме свесни дека високите цени на енергијата не се проблем само кај нас, туку воопшто во светот. Цената на горивата постојано расте, па нормално е да растат и цените за производство на топлинската енергија“, изјави вчера Славе Ивановски, претседател на Регулаторната комисија.
Тој објасни дека до конечниот процент на зголемување на цената на парното Комисијата стасала земајќи ги предвид поскапувањата на мазутот и природниот гас, кои се основни суровини за производство на топлинската енергија. Како што посочи Ивановски, цената на мазутот скокнала за цели 49 отсто, а на природниот гас за околу 20 проценти.
Разликата, пак, во процентот на поскапувањето меѓу двата испорачатела се должи на тоа што „Топлификација“ користи и гас и мазут, а „Скопје-Север“ само природен гас. И на двете покачувања на услугите влијаела и одлуката на Уставниот суд со која се поништи одлуката за ретроактивно важење на поскапувањето од 17,56 отсто, што беше усвоено речиси пред половина година. Од РКЕ вчера напомнаа дека од „Топлификација“ не биле задоволни од одобрениот процент на зголемување на цената. „Бараа повеќе, и тоа освен актуелните состојби на факторите кои влијаат на цената, дополнително посочија да се пресметаат и нивните лански загуби од 43 милиони денари, што ние како барање не го прифативме. Според финансиските извештаи, тие оствариле поголем приход од загубата и затоа ги одбивме“, посочија регулаторите.
Од „Топлификација“ вчера не сакаа да коментираат дали се задоволни од одлуката на комисијата. Накусо само рекоа дека нивните и математиките на РКЕ биле речиси блиски. Инаку, со последново поскапување сите корисници на парно, без оглед на тоа дали се корисници на АД „Топлификација“ или, пак, на Топлификација „Скопје-Север“, сега се изедначуваат. |
|
Статијата е прочитана 1527 пати.
|
Испрати коментар
|
|
Anonimen od stranstvo, 19.07.2008 01:36:04 | Luge neznam nakade tera ovaa drzava, ako prodolzime vaka ke bidem zemja so najnizok standard a so najgolemi komunalni uslugi vo svetot. Eve za primer Island zemja so eden od najviskoite svetski standardi za ziveenje, ovite komunalni trosoci a i zivotni bogami se priblizno isti kako kaj nas vo Makedonija, a mozebi i poeftini. Site sme svesni deka svetot go ima zafeteno globalnata kriza so naftata, mazutot, prehranata i sl., no site vladi se trudat da go ublazat toj sok samo nasata nikako, duri nema ni dvacija na denarot, bitno da stoi na 61,5, i so toa se gordee ovaa vlada, a narodot sto nema pari sto da jade, sto da oblece i kako da se gree, toa sega ne e prioritetno, neznam mozem pravam ogromna komparacija pomegu dve zemji koi se saleku vo sreduvackiot vnatresen sistem na funkcioniranje, no sepak ova e premnogu 60%, neviden rabota.Veruvam deka ovoj komentar nema da go procita nitu eden politicar, ma toa bilo od vladejackata ili opozicijta, bidejki imaat dnevnici i plata kako zapad |
| anita, 19.07.2008 03:14:52 | sto e planot posle krajot na godinata?
Njerojatno se nadevaat deka site ke smrznat do Dekemvri pa nema poteba od plan B |
| patalec, 19.07.2008 11:27:03 | slucajno ziveam vo stan od 70 m kv. imam sopstveno centralno greenje.za tie sto se zalat deka toplifikacija im e skapa,da im kazam kako stoi rabotata so sopstven kotel (najeftina varijanta na drva).trosam 12 m kubni za edna zima po 2400 den =28800 =2400 den mesecno.arno ama,za da mi bide toplo sabajle vo 7,treba da stanam vo 5.30, da ja frlam pepelta od vcera,da nacepam drva,da gi potpalam i intenzivno da lozam barem eden i pol saat.potoa ognot treba cel den da se odrzuva da ne izgasi,sto pretstavova znacitelen angazman.posebna prikazna e sto kotelot treba da se cisti najmalku ednas nedelno, pa cistenje odzaci,pa...so zadovolstvo bi plakal 3500 den mesecno da moze nekoj da mi obezbedi greenje bez maka,kako sto imaat skopjani.sekoja privilegija se plaka. |
| Aleksandar, 19.07.2008 11:34:51 | Mene stvarno ne mi e jasno koja e celta na ovaa vlada, sto saka da postigne, da go namali brojot na ziteli?So site ovie poskapuvanja ne moze da se izleze na kraj, edna plata od 200€ ne moze da ti stige da gi pokries osnovnite trosoci kako struja, parno, voda, a ne pa da izlezes i da se podnovis so bilo sto, od neverojatno visokata dosegasna cena od 2500 denari za parno sega ke treba da plakam uste poneverojatni 4000 denari, do sega razmisluvav za otkazuvanje na uslugite na toplifikacija, no sega e veke polesno, nema sto da se razmisluva ke go otkazam i ke baram nekoja alternativa |
| dzingis kan, 19.07.2008 12:09:32 | Trazili ste gledajte!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
VMRO u akciji raspadot na Makedonija vo XXX cekori. |
| don kihot, 19.07.2008 20:25:41 | Svetsi globalen "trend"e poskapuvanje na energetskite uslugi i toa drasticno, sto nie isto vo Unijata go cuvstvuvame i toa kako, bez razlika na visinskata razlika na platite ovde i vo Makedonija.Ako edno semejstvo koe zivee vo Germanija, vo 70 kvadraten stan i plaka negde okolu200 do 250 evra za gubretarina i greenje, a kade e tv i struja , prema toa moi sogragani nikoj ne e vinoven za ovaa sostojba, energia e energija dali vo Mk ili kade bilo vo svetot, cenata mora da bide tuka nekade so mali razliki.Alternativni moznosti za zasteda na energija ima i ovde vo unijata i uspesno se sproveduva a toa e Solarnata energija, ama kajnas lugeto poveke ke kupat eden spark i ke se vozickaat, otkolku da vlozat vo svojata idnina.Iskoristetego sonceto gree badijala. |
| kole, 19.07.2008 22:34:37 | Kade ste VMRO-vcinja... Prerodbata prodolzuva...Se ke unistite... |
| citatelka, 20.07.2008 11:38:29 | Se soglasuvam so Aleksandar. Privatnoto greenje, vo mesta kade nema centralno e mnogu poskapo. No zatoa sto nasata ni "drzava" (vo navodnici, zasto voopsto i ne e drzava), ne vodi smetka za nitu edno drugo mesto osven Skopje. Mislam, se e jasno, ne sme drzava kako sto rekov. A so rugite zemji, ne se sporeduvajte zasto nema sto da se sporeduva, dalekuuuuuuuuu sme |
|
|
|
|
|
18.07.2008, 19:46 Претходен број
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 17°C
Делумно облачно
|
Четврток
Ведро
Макс: 34°C, Мин: 18°C
|
Петок
Сончево
Макс: 36°C, Мин: 22°C
|
|
|
|
|
|