Број 3032  петок, 10 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Забава

Ана Курникова

Се мажи за Енрике Инглесијас

Славната тенисерка Ана Курникова и популарниот пејач Енрике Инглесијас неодамна се свршиле, а згодната тенисерка им го покажала на фоторепортерите скапоцениот дијамантски прстен.

За време на тениската манифестација „Светски тим тенис“, Ана прв пат во јавноста го покажа прстенот. Иако на теренот се играле интересни мечеви, погледите биле свртени во прстенот со кој Енрике ја побарал Ана.

Меѓутоа, на новинарското прашање дали тоа е прстен за свршувачка, Ана прво се збунила, ја скрила раката на која бил прстенот, а потоа се насмеала и рекла: „Мислев дека ве интересира мојата игра, а не мојот приватен живот“.

Руската убавица и атрактивниот пејач се забавуваат од 2002 година, од снимањето на спотот на Енрике„Ескејп“, во кој се појави згодната тенисерка. Нивната седумгодишна врска беше и повеќе од турбулентна. Во 2007 година Енрике на шега изјавил дека раскинал со Ана, но тенисерката ваквата изјава ја налутила и ја прекинала врската. Неколку месеци подоцна, Енрике е виден во друштво на манекенката Даниел Лојд. Во декември истата година Енрике и Ана повторно се појавија заедно, но овој пат тенисерката на себе имаше прстен. Новиот заплет се случи во ноември минатата година: Ана и Енрике прекинаа, затоа што пејачот во куќата чувал многу кучиња. Тенисерката го исфрлила надвор, заедно со кучињата. Од почетокот на оваа година, парот е повторно заедно, а од неодамна се и свршени.


Статијата е прочитана 1632 пати.

Испрати коментар

Од: Maca
Датум: 10.07.2009 11:24:49
Mislam deka ke se zeni a ne mazi ama kako i da e neka e so sreka
Од: Zoran, BT
Датум: 10.07.2009 12:19:39
DO Maca Провери си во речникот: Мажот се жени (со жена) а жената се мажи (со маж). Се разбира можни се и други комбинации мажот да се мажи (со маж), а жената да се жени (со жена) ;)

Најди! во Утрински
Забава
Тажните срца на насмеаните кралеви
Тенис за почетници
Калиопи и Наум - победници, Македонците триумфираа
Плик во чест на Сашко Кедев
Дебела поради нездравиот живот