Број 3032  петок, 10 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Забава

„СУНЧАНЕ СКАЛЕ 2009“

Калиопи и Наум - победници, Македонците триумфираа

По завршувањето на фестивалот „Сунчане скале“ во Херцег Нови, во вторникот на 8 јули, песната „Рум, дум, дум“ (Кире Костов - Калиопи) е Песна на летото за Балканот во 2009 година, а нејзините изведувачи Калиопи и Наум Петрески официјално се победници на годинешното фестивалско издание.

Жирито на песната „Рум, дум, дум“ и' додели 78 поени, а второто место им припадна на Ристо Самарџиев и Зоран Џорлев, кои со нивната песна „Бел лебед“ освоија пет помалку поени од Наум и Калиопи.

Третото место го зазеде еден македонско-српски дует, Маја Оџаклиевска и Никола Буровац, со песната „Украдени бакнежи“.

Како илустративно дополнение на доминацијата на Македонците на годинешниве „Сунчане скале“ беше настапот на Влатко Илиевски, кој настапи со песната „Најбогат“ и се пласираше на 14. место.

Во првата вечер на новите ѕвезди, „Роџер брадерс“ со композицијата „Пинк“ го освоија петтото место, а битолчанката Јасмина Димитровска се пласираше на 12. место.

Годинешниве „Сунчане скале 2009“, дефинитивно, го одбележаа Македонци, и ова е прв случај македонски изведувачи да ги заземат сите високи позиции на еден странски фестивал.


Статијата е прочитана 1171 пати.

Испрати коментар

Од: natali
Датум: 10.07.2009 13:35:30
Sto ne ke namestat? Ovaa Kaliopi otide na suncane skale da si go obeli obrazot posle onaa bruka sto ja imase za evrovizija (totalna degradacija i krah za nea) bescelno rabotenje so godini za na kraj da zavrsi so vakva bruka. Suncane skale ne e merilo za umetnost i uspeh nitu pak evrovizija, vistinskata muzika e bezvremenska, a najkvalitetnata e pocituvana od pomala publika, a ne se poopstuva so vakov kic i dokazuvanje pred prostata masa. Se frustrira od deca koi isto taka peat gluposti(bliznacive-katastrofalni).

Најди! во Утрински
Забава
Тажните срца на насмеаните кралеви
Тенис за почетници
Плик во чест на Сашко Кедев
Дебела поради нездравиот живот
Се мажи за Енрике Инглесијас