Број 3032  петок, 10 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Забава

Миша Бартон

Дебела поради нездравиот живот

Јо-јо ефектот, симнување, па качување на килограмите, не ја поштеди актерката Миша Бартон.

Откако се појавила на отварање на еден бутик во Лондон, бледа и потечена, многу зли јазици одлучиле да проговорат за нездравиот начин на живеење на Миша Бартон. Додека едни тврдат дека е поправена поради алкохолот и брзата храна, други тврдат дека тоа е реакција на изваден заб.

„Откако прекина со момчето, Миша започна неконтролирано да пие и да се храни со брза храна. Сите пријатели и' зборуваа дека тоа не е решение за проблемот, но таа едноставно не слуша - изјавил непознат извор за „Дејли мејл“.

„Често знаеше цел ден да не јаде, да отиде на забава, да се напие и потоа да јаде брза храна пред спиење“, додал изворот, додека 23-годишната глумица се' уште не дала изјава за ова прашање.

Миша во почетокот на годината често беше во центарот на вниманието поради анорексичниот изглед. Таа тогаш изјавила дека се чувствува одлично, а сега, само неколку месеци подоцна, се промени до непрепознавање.

„ Во човечката природа е да бидеме самокритични, но е можно да се сакаме такви какви што сме. Сега сум многу среќна и никогаш не би го менувала своето тело“, изјавила Миша во јануари, кога имала 40 килограми.


Статијата е прочитана 1320 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Забава
Тажните срца на насмеаните кралеви
Тенис за почетници
Калиопи и Наум - победници, Македонците триумфираа
Плик во чест на Сашко Кедев
Се мажи за Енрике Инглесијас