Број 3466  сабота, 25 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Стил








Site Meter
3466

Поглед

Срамниот крај на Божидар Д.

Димитар Чулев

Ако го исполни своето ветување (а најверојатно „да“) и денес да поднесе оставка, бугарскиот министер без ресор, Божидар Димитров, ќе направи барем три добри нешта. Прво, ќе престане да се бламира себе си како приучен кустос на музеј, историчар аматер и политички дилетант. Второ, ќе престане да ја срами Бугарија пред другите членки на ЕУ кои во изливите на мудрост на министерот без ресор не можеа да препознаат европско однесување на официјална Софија. Конечно, оставката на Божидар Д. благородно ќе дејствува за проветрување на бугарско-македонските односи кои, ама ептен многу, ги „напнуваше“ токму тој.

„Ќе ни недостигаат неговите комични изјави за 1,4 милиони Бугари в�� Македонија, „бисерите“ од типот дека големата преселба на народите, тргнала од Бугарија кон запад, север, исток така што Бугарите ги населија и Голо Брдо и Пустец и јужна Србија и Косово… сосе Беломорска Тракија на југ. Или дека војниците на Александар во Авганистан се женеле со Бугарки, што е посмешно и од „Боже(ствен)ата комедија“ наречена „Десетте лаги за македонизмот“.

Од шефoт Бојко Борисов доби повеќе жолти картони, меѓу кои еден по заканата на Божо Д. дека ќе ја блокира Турција за ЕУ ако не и' исплати милијарди евра отштета на Бугарија за некакви бегалци од 1913 година. Домашната јавност и археолозите ги нарече „зае..ни луѓе“, бидејќи не му го прифатиле наводното откритие на моштите на Јован Крстител во Созопол. Ретко кој сериозен сакал да се изјасни по повод будалштините на академикот, кој до таа титула стигнал образувајќи се како соработник на поранешните комунистички тајни служби.

Тоа агентурно минато сега му пресуди на скандалозниот министер, кого премиерот Борисов мораше да го лустрира заедно со уште 40-ина топ-дипломати и бивши тајни агенти. За да го испере срамот пред светот...


#
Статијата е прочитана 3100 пати.

Испрати коментар

Од: istoricar
Датум: 20.12.2010 12:41:35
neznam sto loso ima sto baral od turc milijarda evra pa francija do ova godina primase milijardi otsteta od germ ad prva svetska vojna....a sto tolku frlate kamenje po bug pa tie se vece istorija vo eu i sledna god ce podnesat baranje za vleguvanje vo evrozonata ...a nie nesme ni na pat za eu ..............
Од: Трпеноски
Датум: 20.12.2010 12:44:02
Тие "некакви бегалци" се 300 000 народ, а постоењето на Бугари во Тракиjа и денешна Jужна Србиjа е факт. Инаку некако чудно ми точно македонски новинар да прука врз политичари од соседни земjи на основа на агентурно минато. Зарем расчистивме со таквите дома?
Од: Pirinec
Датум: 20.12.2010 13:06:36
Bozo ne e ni akademik, ni "profesor" kako shto sam se tituliva, tuku so nauchen rang "starshi nauchen satrudnik" shto odgovara na nivo docent. Eden obichen lazgo, agent na komunjarskata DS ( drzavna bezbednost) i kako shto sam se fali nacionalist i socialist , demek "nacional-socialist" a, vo posledno vreme i golem vernik... Cirkuzantin
Од: Alien from Space
Датум: 20.12.2010 14:08:14
Кој ли ќе успее да го испере „нашиот“ срам?
Од: VP
Датум: 20.12.2010 17:10:35
Да, Б. Димитров поднесе оставка - за посветеност со службите. Кој во Македонија поднесе оставка од истата причина? Некаквите бегалци .... во Македонија не се ли знае за тоа - не беа само од Тракија, не беа ...
Од: dixi
Датум: 20.12.2010 20:15:44
Aman bre veke makedonce so Bozidar li ke se raspravame.Pa neli gledate deka samo mu davate vaznost na tozi bilgarski patriot! Dosta veke toj si e problem na bugarija ignorirajte gi porasnete malku ta 20 god sme nezavisna drzava
Од: aleksandar sv.nikole
Датум: 21.12.2010 09:32:52
Najgolemiot neprijatel na Makedonskiot narod vo ovie vreminja pokraj grcite bese i Bozidar Dimitrov.Se dokaza deka negovite izjavi i dela imale golema pozadina,odnosno bile edna gola propaganda protiv se sto e makedonsko,taka da sum posebno zadovolen so ova sto se slucuva tamu,bidejki paga vo voda i negovata kniga za makedonizmot,koja nie makedoncite znaeme deka e glupost,no strancite mozebi ke ja doziveat na drug nacin...vaka ,najdobro za nas-se povrzano so ovoj covek brgu ke padne vo zaborav i ke bide diskreditirano!

Најди! во Утрински
Македонска верзија

ЕДИТОРИЈАЛ
Нина Нинеска-Фиданоска
Македонски Состоjби
Манчо Митевски
Поглед
Тамара Грнчароска
Миалења
Филип Петровски
Мислења
Џорџ Сорос

„Мис на Балкан 2010“
Љупка Митева - прва придружничка на балканската убавица

Џорџ Клуни
Вечниот ерген ќе се жени

 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks