Јубилеј на Втората македонска бригада
В сабота, со свечена академија, во Кавадарци ќе се одбележи 65-годишнината на прославената Втора македонска бригада, формирана на 20 декември во 1943 година во Фуштани, Егејска Македонија. Свеченоста ќе се одржи во Општината во 12 часот. Во рамките на свеченоста ќе биде промовирана монографијата „Диме Туриманџовски-Горски“, командант на Втората македонска бригада, кој е прв Македонец, командант на бригада на македонска војска за време на НОБ. Автор на монографијата е Раде Гогов Црноречки. |