НУБ ќе отвори руска читалница
Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје, Здружението на руски сонародници „Чајка“ и амбасадата на Руската Федерација во Македонија денеска во 16 часот ќе ја отворат руската читалница сместена во библиотеката. Предвидено е да се одржи прослава, а пред присутните ќе се обратат Миле Бошески - директор на НУБ „Св. Климент Охридски“, Владимир Солоцинскиј - амбасадор на Руската Федерација во Скопје и Елена Сиљаноска - претседателка на „Чајка“. (Н.П.) |