Број 2873  сабота, 27 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Политика

Опозицијата дебатираше за буџетот сама со себе

Најголем дел од пратениците од владејачкиот блок беа отсутни од собраниската сала

Александрија Стевковска

Собраниската расправа за буџетот за 2009 година во вториот ден продолжи во анемична атмосфера, без присуство на најголем дел од пратениците од власта и ситуација во која опозициските пратеници дискутираа и критикуваа пред самите себе. Општ е заклучокот дека за буџетска расправа немаше интерес од владејачките партии, иако станува збор за највисок економски документ, но и дека обраќањата на опозицијата се повторуваа. Опозицијата е едногласна дека проектираниот буџет за идната година ќе ја банкротира земјава.

"Буџетот за 2009 година е изборен и ќе ја банкротира земјава. Тој може да предизвика нереди идната година кои ќе бидат полоши од оние кои сега ги има во Грција. До тоа ќе доведе намаленото индустриско производство, пад на инвестициите, губењето на работните места. На последиците од владините реформи, како што е воведувањето бруто-плата, посочи не само опозицијата туку и луѓето кои се на власт, а најавија отворање дупки во Фондот за здравство, кои ќе треба да се покриваат со буџетски пари", истакна Јани Макрадули во своето обраќање, на кое сакаше да му реплицира министерот за финансии, Трајко Славески, но не му беше дозволено поради ограничувањата дадени во собранискиот Деловник. Макрадули потенцираше дека Македонија скапо ќе ја чинат глупавите кампањи и патриотските сметки кои испумпаа пари од стопанството и кои сега Владата ќе треба да ги враќа.

Тој потенцираше дека во време кога нема енергија, државата троши пари за увоз без концепт, во услови кога МЕПСО и ЕЛЕМ се владини миленичиња кои се' уште цицаат државни пари, а работат лошо.

"На крајот државата и иднината што не' чека ќе биде како спотот што го сними Груевски, а не Манчевски: темна, неизвесна, а за јадење на крај ќе ни останат само лубенци", прогнозира Макрадули.

Пратеникот на Нова алтернатива, Ѓорѓи Оровчанец, обвини дека буџетот е направен паушално и површно.

„Ова е буџет на неспособна Влада, направен врз неодржливи проекции, со најава уште пред негово донесување за ребаланс. И наместо буџетот да биде насочен кон санирање на последиците од кризата, Владата прави непотребни кампањи за плаќање чист македонизам. Но, како да се насочи буџетот кон кризата, која го тресе светот, кога до вчера се тврдеше дека нема криза. Дури сега премиерот ретерираше и во телевизиска емисија објави дека кризата ќе се рефлектира и врз нашата економија", објасни Оровчанец.

Радмила Шекеринска ја споре��и државава со "Титаник" кој плови и наскоро ќе потоне.

"Со буџетот се испумпуваат пари од стопанството, во услови кога каматните стапки се превисоки, капиталот поскапува и тешко се доаѓа до него. Од сите се бара да штедат, а државата не штеди. Владата треба да сфати дека економијата не е реклама и дека таа бара реални пари и одлуки", истакна Шекеринска.

Цветанка Иванова од СДСМ посочи дека опозицијата и на комисиите барала да се повлече овој буџет бидејќи, според неа, поголема штета ќе се направи доколку тој се донесе, отколку да се доцни со негово донесување. "Овој буџет не и' носи добро на Македонија", нагласи Иванова.

Таа констатира дека во него Владата не предвидела пари за социјални мерки иако се најавени отпуштања на стотици работници.


Статијата е прочитана 223 пати.

Испрати коментар

Од: trpe original
Датум: 27.12.2008 01:05:05
Pokraj tekstot, slusav i glwedav na Sobraniskiot kanal diskusii. Boze me socuvaj od iskusenie, ama da raspravija za budjetot dobie i nacionalisticka nijansa, toa do sega ne sum videl. Pa budjetot e za site gragjani na Drzavata, Ne za Makedonci, Albanci, .... Ispadna deka Albancite se onepravdani so budjetot. Kako drugite da ne se! Dajte, sogragjani Albanci, pratenici, vo vasitwe izborni edinici nema samo Albanci, ima i drugi nacionalnosti. Do koga ke ziveete slepi pri oci? Samo Vie pa Vie! Dosta be!
Од: зоран87
Датум: 27.12.2008 03:24:26
значи или опозицијата го нема рпочитано буџетот па дава паушални критики или нивните економски експерти немаат појма од економија (што впрочем резултираше со нивните катастрофални економски политики во минатото). Како може да се каже дека се испумпуваат пари од стопанството кога даноците се намалија, се намалија придонесите и се донесе пакет мерки за заштита на стопанството од светската економска криза. Во превод ова згоелмување на приходите е резултат на намелениот степен на корупција и на даночната евазија, односно фискалната дисциплина. Уште повеќе во прилог на развојанта компонента на буџетот оди фактот што 500 000 милиони евра се предвидени за капитални инвестиции и секако субвенциите за земјоделците. Зарем треба владата да штеди и да да скрати од инвестициите и субвенциите за земјоделците???тоа може да се очекува само доколку сдсм е на власт.Но за среќа реалноста е поинаква и имаме доста одговорна влада која знае како како треба да изгледа буџетската политика
Од: do зоран87
Датум: 27.12.2008 11:24:48
Pred 2-3 godini plakav odredeni davacki sprema drzavata ...Se' po zakon !!!!! Sega plakam nekad 30-40% POVEKE za istite davacki i plus nekavi glupi drzavni reketiranja, kako patriotski fiskalni, pa 1,5% danok na siot promet, firmarina i da ne nabrojuvam. Skoro se' padna na Ustaven sud , i toa zboruva kolku vi se pravno izdrzani tie reketiranja na obicniot covek. Od tamu e polniot budget , koj nemilosrdno go trosite za glupi TV-reklami i golem del odat vo vasite firmi i firmicki.. Samo , ke dojde krajot....Togas kade ke odite?
Од: јас
Датум: 27.12.2008 12:51:21
Овие од СДСМ уште не можат да сватат како Груевски се снаоѓа со се. И народот е задоволен, зголемени плати , субвенции. Е па народе сдсмесовски, не се плашите има време ќе научите. Сега само се чудите, после може ќе почните и да размислувате па кај и да е за едно десетина години може и да сватите што всушност требало да работите додека сте биле на власт.
Од: Македонија
Датум: 27.12.2008 16:19:47
Истата колумна ја имате објавено на два пати.. читај малку подолу.. ц ц Печатна грешка :))
Од: Marija
Датум: 27.12.2008 19:08:30
Budzetot e mnogu vazen za gradzanite na Makedonija i opozicijata se obiduva da ukaze na nekoi propusti od vlasta, no bidejki vlasta e taa koja najdobro znae se i od koja pocnuva se, ne se obiduva nitu da slusne za sto se diskutira. Sramota, za sto zemaat pari site onie pratenici koi ne gi gledame na svoite rabotni mesta.
Од: З.Т.
Датум: 27.12.2008 21:00:08
Критиките на опозицијата за буџетот за 2009 г. се паушални и наликуваат на тресење празна слама со што би го пополнила времето, во спротивно нема со што да се занимава. Владата на Република Македонија, нејзиниот Премиер г-дин Никола Груевски и ресорното министерство за финансии имаат вложено многу труд,големо искуство, стучност и знаење во изготвување на буџетот за 2009 г. Оваа влада е одговорна и посветена на својата работа и својот народ и поради тоа верувам дека ќе се оствари се што е предвидено со буџетот за 2009 г. Владата будно ги следи сите општествено-економски состојби и согласно тековните услови благовремено ги решава проблемите.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Политика
ВМРО-ДПМНЕ има кадри за претседател
За Груевски, укинувањето на патриотските сметки е неправедно
Пазарите ќе се фискализираат по влезот во ЕУ
Груевски попушти пред пазарџиите
За премиерот, укинувањето на патриотските сметки е неправедно
Уставен суд постапувал по 400 предмети
Сарач бара нов ден на турската заедница
Истрагата ќе ја води јавен обвинител наместо судија
Опозицијата дебатираше за буџетот сама со себе
Уставен суд постапувал по 400 предмети
Врачени одликувањата на „Танец“ и „Животна искра“