Број 2873  сабота, 27 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Политика

Опозицијата дебатираше за буџетот сама со себе

Александрија Стевковска

Собраниската расправа за буџетот за 2009 година во вториот ден продолжи во анемична атмосфера, без присуство на најголем дел од пратениците од власта и ситуација во која опозициските пратеници дискутираа и критикуваа пред самите себе. Општ е заклучокот дека за буџетска расправа немаше интерес од владејачките партии, иако станува збор за највисок економски документ, но и дека обраќањата на опозицијата се повторуваа. Опозицијата е едногласна дека проектираниот буџет за идната година ќе ја банкротира земјава.

"Буџетот за 2009 година е изборен и ќе ја банкротира земјава. Тој може да предизвика нереди идната година кои ќе бидат полоши од оние кои сега ги има во Грција. До тоа ќе доведе намаленото индустриско производство, пад на инвестициите, губењето на работните места. На последиците од владините реформи, како што е воведувањето бруто-плата, посочи не само опозицијата туку и луѓето кои се на власт, а најавија отворање дупки во Фондот за здравство, кои ќе треба да се покриваат со буџетски пари", истакна Јани Макрадули во своето обраќање, на кое сакаше да му реплицира министерот за финансии, Трајко Славески, но не му беше дозволено поради ограничувањата дадени во собранискиот Деловник. Макрадули потенцираше дека Македонија скапо ќе ја чинат глупавите кампањи и патриотските сметки кои испумпаа пари од стопанството и кои сега Владата ќе треба да ги враќа.

Тој потенцираше дека во време кога нема енергија, државата троши пари за увоз без концепт, во услови кога МЕПСО и ЕЛЕМ се владини миленичиња кои се' уште цицаат државни пари, а работат лошо.

"На крајот државата и иднината што не' чека ќе биде како спотот што го сними Груевски, а не Манчевски: темна, неизвесна, а за јадење на крај ќе ни останат само лубенци", прогнозира Макрадули.

Пратеникот на Нова алтернатива, Ѓорѓи Оровчанец, обвини дека буџетот е направен паушално и површно.

„Ова е буџет на неспособна Влада, направен врз неодржливи проекции, со најава уште пред негово донесување за ребаланс. И наместо буџетот да биде насочен кон санирање на последиците од кризата, Владата прави непотребни кампањи за плаќање чист македонизам. Но, како да се насочи буџетот кон кризата, која го тресе светот, кога до вчера се тврдеше дека нема криза. Дури сега премиерот ретерираше и во телевизиска емисија објави дека кризата ќе се рефлектира и врз нашата економија", објасни Оровчанец.

Радмила Шекеринска ја спореди државава со "Титаник" кој плови и наскоро ќе потоне.

"Со буџетот се испумпуваат пари од стопанството, во услови кога каматните стапки се превисоки, капиталот поскапува и тешко се доаѓа до него. Од сите се бара да штедат, а државата не штеди. Владата треба да сфати дека економијата не е реклама и дека таа бара реални пари и одлуки", истакна Шекеринска.

Цветанка Иванова од СДСМ посочи дека опозицијата и на комисиите барала да се повлече овој буџет бидејќи, според неа, поголема штета ќе се направи доколку тој се донесе, отколку да се доцни со негово донесување. "Овој буџет не и' носи добро на Македонија", нагласи Иванова.

Таа констатира дека во него Владата не предвидела пари за социјални мерки иако се најавени отпуштања на стотици работници.


Статијата е прочитана 127 пати.

Испрати коментар

Од: МК
Датум: 27.12.2008 01:59:54
Доколку Сдсм драмски работеше со ваква голема енергија додека беше на власт иэминатите 12 години Македонската економија немаше да колабрира и да доэволи се до ден денес уште да ги чувствуваме последиците од најкорумпираната приватиэација на државен капитал во Источна Европа. Бранко Црвенковски во периодот на неговото пристапување кон премиерската функција со 3 мандати не успеа да направи НИШТО ни во економијата ни во инфраструктурата ни во социјалниот сектор во државата. Човекот со 10 годишен премиерски стаж не доведе до овај транэициски ќош кој повеќе не се иэдржува. Сдсм нема демократски да эаживее се додека ги гледаме старите лица на Бранковата династија со корупциско-предавничко досие. За подобра Македонија и подобро демократско општество ни треба нов стручен и малд талент во Сдсм!
Од: ljupco,bitola
Датум: 27.12.2008 02:21:44
За да нема вакви смешни и апсурдни ситуации, опозиционерите да дискутираат сами со себе, ко будалетинки,најдобро е во вакви ситуации да се исклучат камерите во салата.Тогаш нема да има злоупотреба од нивна страна на говорницата,за предизборно рекламирање.
Од: gv
Датум: 27.12.2008 10:31:04
Zosto ovaa vlada ne izleguva vo javnost vo kakva sostojba ja primi od predhodnata vlada,so kakvi devizni rezervi,dolgovi i drugo.
Од: zabegan
Датум: 27.12.2008 12:34:00
do;GV pa kako da izlezat koga onoj skrzavecot N.poposki im ostavi polno pari da si trosat.koja zmia gi kazuva nozete.
Од: Ико Кавадарци
Датум: 27.12.2008 19:47:33
Бреј, не сум знаел дека Оровчанец толку се разбирал во економија. Сигурно уште од мал многу ги сакал и многу му оделе буџетите.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Политика
ВМРО-ДПМНЕ има кадри за претседател
За Груевски, укинувањето на патриотските сметки е неправедно
Пазарите ќе се фискализираат по влезот во ЕУ
Опозицијата дебатираше за буџетот сама со себе
Груевски попушти пред пазарџиите
За премиерот, укинувањето на патриотските сметки е неправедно
Уставен суд постапувал по 400 предмети
Сарач бара нов ден на турската заедница
Истрагата ќе ја води јавен обвинител наместо судија
Уставен суд постапувал по 400 предмети
Врачени одликувањата на „Танец“ и „Животна искра“