Владата не се откажува од фискализацијата на пазарите, туку ја одложува до влезот на земјава во ЕУ
Александар Пешев
Владата не се откажува од одлуката за фискализација на пазарите, но ќе почека додека Македонија не влезе во Европската унија. Дотогаш е предвидено тезгаџиите да плаќаат паушал, чија висина дополнително ќе се утврди. Организаторите на пазарите се задоволни од владината одлука, а од Здружението на пазарџиите најавуваат дека ако Македонија влезе во ЕУ, може и да се затворат пазарите за доброто на земјата.
По вчерашната средба со претставниците од пазарите, вицепремиерот Зоран Ставрески рече дека одлуката на Владата за одложување на фискализацијата е со цел да ги задоволи интересите на повеќе од 30.000 лица кои преживуваат од тезгите.
„Практично се дава преоден период за фискализација до влезот во ЕУ“, појасни Ставрески, додавајќи дека по влезот во ЕУ пазарџиите „ќе влезат во системот и ќе видат какви придобивки ќе имаат од тоа“.
Претседателот на Групацијата на пазарите при Стопанската комора, Драган Василевски, изрази благодарност за донесената одлука, но не даде конкретен одговор на прашањето што ќе се прави со фискалните апарати кои организаторите на пазарите веќе ги имаат набавено за тезгаџиите.
„Точно е дека имаме земено фискални каси. Ќе се снајдеме“, рече Василевски, кој пред неколку дена потврди дека се набавени фискални апарати за речиси сите тезгаџии на пазарите и дека се чека трговците да изразат желба да ги најмуваат касите.
Претседателот на Здружението на пазарџиите, Екрем Долек, истакна дека е донесено решение за проблем што се одолжува веќе четири години.
„Дај, боже, од утре да влеземе во Европската унија. Веднаш ќе ги затвориме пазарите за доброто на Македонија“, истакна Долек.
Министерот за финансии, Трајко Славески, потсети дека барањето за фискализација на пазарите не се укинува, туку се одложува.
„Не е чудно во иднина да се издаваат фискални сметки на пазарите“, рече Славевски.
Инаку, проблемот со фискализација на пазарите е присутен веќе четири години и предизвика веќе еден протест на сопствениците на тезги. Главни аргументи на пазарџиите против фискализацијата беа примерите од европски земји, во многу од нив не се издаваат фискални сметки, и нелојалната конкуренција од дивите препродавачи кои не закупуваат тезги, не ги регистрираат приходите и работат без дозвола.
znaci ako zavisat fiskalnive od eu nikad nema da gi fiskaliziraat. kolku se naivni lugevo. ja se kladam po izborite ke izmislat nesto kriza miza da gi iscicaat do kraj
Од: Itar Pejo
Датум: 27.12.2008 00:18:25
Demek na kukovo leto!
Од: St.Patrik
Датум: 27.12.2008 03:04:15
Profesore, ke vlezeme vo EU..za edno desetina godini, vo najoptimistickata varijanta. Fiskalizacijata se odlozuva..nekoj spomena deka izbori se blizat???
Од: зоран87
Датум: 27.12.2008 03:30:15
Тоа што го договорија пазарџиите и владата е за поздравување и е едно соломонско решение за целата ситуација. Затоа што нема причина да ги имплементираме европските препораки кога не сме член на ЕУ. Кога ќе станеме членка на ЕУ тогаш сакале или не мора да се случи и таа фискализација. Ова покажуа дека владата има слух за проблемите на народот и дека е спремна во секој момент да му излезе во пресрет
Од: Anastas
Датум: 27.12.2008 06:27:47
Ja pozdravuvam odlukata na vladata ,megutoa mislam deka ne e fer sprema tie koj prodavaat zelencuk i ostanata roba vo dukani.
Vtorite morat da gi ispolnat HASAP sistemite frizideri struja i dr troskovi i plus za nekoja razlika od 100 denari vo kasa da bidat zatvoreni 30 dena od UJP.
Mislam deka site trebaa da bidat isti.
Од: правник
Датум: 27.12.2008 09:21:30
Јас очекував таква одлука од Уставниот суд, затоа што таму седат се, само не патриоти на кои им е грижа за Македонија. Не само што треба да пишува на сметките кои производи се од Македонија, туку тие производи треба и да се оданочуваат со многу помала ставка. Само така ке си ја заштитиме нашата економија, нема да купуваме сокови од Словенија, супи од Хрватска, конзерви од Србија и т.н. Само така ке се развијат наши фирми и ке се вработат повеке луѓе. Според истиот устав, сите имаме еднакво право на работа и егзсистенција. Затоа би ги запрашал судиите - дали е уставно тие да земаат плата, а јас да чекам 5 години на заводот за вработување???
Од: Postar maloletnik 21
Датум: 27.12.2008 10:28:07
Постариот малолетник портпаролот Зоран87,ти сигурно знаеш што е француска шансона,и италијанска канцона...се надевам не си и ти ГАФУР....
Од: до Сандра
Датум: 27.12.2008 11:13:59
Тоа се вика слух за проблемите на народот “драга моја“, кој ти за жал го немаш.
Од: do зоран87
Датум: 27.12.2008 11:17:40
Abe , batka , vladino portparolce!!!
Ne se dogovorija vladata i pazardgiite , tuku izbori se blizat, a 30000 glasa ne se za frlanje !!!!!
Se kladam so tebe deka po izborite KE IMA fiskalizacija na pazarite!!!
Ova e samo mackanje na oci na pazardgiite da glasaat za ovaa nenarodna vlada..
Ima po izborite da go preplatat toa sto sega ne go plakaat...
A zosto pak jas da plakam danok i da bidam fiskaliziran ??? I jas zarabotuvam parce leb za mojata familija , vo dukan za koj plakam kirija , davacki prema drzavata , patriotska fiskalna i red drugi gluposti.
A dobro ke mi dojdat tie pari , sto gi oddeluvam za takvite kako tebe da se percat po TV so glupite reklami...
Од: od mene
Датум: 27.12.2008 12:19:08
10 godini ziveam vo Belgija ama nikoj tuka na pazar ne izdava fiskalni smetki!Fiskalni aparati voopsto i nema na pazar!!!Pozdrav...
Од: ambasador
Датум: 27.12.2008 12:46:22
nema fiskalizacija proben balon kakoi mnogu drugi probni baloni (tes na izdrzlivos)
Од: daco
Датум: 27.12.2008 16:26:56
Fiskalna kasa na tezga,Em glupo em smesno,ova go nema na nitu eden pazar vo EU,
Од: Трпе
Датум: 28.12.2008 00:13:44
Господинот Рејтинг,прво им го загорчува животот на граганите а потоа излегува како спасител.Избори се ближат.Тој е ученик на Лјубчо.Така Лјубчо на еден свој пријател дпмне-овца за да му помогне го натерал во малото собче да ја внесе кучката,козата и кокошката.Покасно го посоветувал да ги вади надвор.Пријателот многу срекно во подобрени услови си живеел со своето семејство.Е нека каже некој дека и денешнава влада не му мисли добро на народот.