Број 3316  петок, 25 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Политика

Операција „јогурт“ или „пармезан“!

Бучковски предложи оригинален наслов за операцијата што ќе го истражува случајот „Сведмилк“

Оливера Војновска


Инспириран од насловите на акциите на полицијата именувани како „метастаза“, „пепел“, „змиско око“ експремиерот Владо Бучковски вчера во Собранието предложи МВР да се зафати со нова операција што би можела да ја нарече „јогурт“ или „кисело млеко“. Доколку, пак, сака насловот да прозвучува малку поинвентивно, според Бучковски, МВР може да ја именува акцијата како „пармезан“.

Една ваква операција би имала цел да го расчисти случајот „Сведмилк“, но, како што рече тој, „за тоа е потребно власта да има волја да се зафати со разоткривање на криминалот направен во шведската млекарница на чие отворање премиерот Никола Груевски пиеше јогурт“. Поранешниот премиер го кажа ова револтиран поради „леснотијата со која Владата се амнестира од каква било одговорност за пропаднатите странски приватни инвестиции“.

На вчерашната седница за пратенички прашања Бучковски од собраниската говорница го праша премиерот: зошто една година по најавениот рок, гасната електрана „Когел север“ се' уште не почнала со производство на електрична енергија? Притоа го потсети Груевски дека токму тој ја пресекол црвената лента на чинот на официјалната промоција на оваа странска инвестиција. Одговорот на прашањето премиерот му го препушти на вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски, кој кусо кажа дека станува збор за приватна, а не државна инвестиција. „Откако ќе ги исполни законските обврски во однос на документацијата, останува на инвеститорот да одлучи кога ќе почне да функционира приватната инвестиција“, рече Пешевски.

Бучковски со жалење констатира дека вицепремиерот е во незавидна ситуација да одговара на прашања, кои не му се допаѓаат на неговиот шеф во Владата.

Тој уште го праша Груевски да дали презел нешто и дали ќе ја информира јавноста за случајот поврзан со цариник - локален функционер на ВМРО-ДПМНЕ, кој за две години купил четири стана од корупција, и тоа два во Скопје и по еден во Крушево и во Охрид. Премиерот ја повтори вообичаената фраза дека Владата има цврста определба за неселективен пристап во борбата против корупцијата. Незадоволен од одговорот на Груевски, Бучковски ја постави дилемата: „Ако еден цариник за две години купил четири стана, тогаш синот на пратеничката Благородна Дулиќ (раководител во Царината) можел да купи 12, 14... “

И на вчерашната собраниска седница беше неизбежно прашањето за спорот со името. Лидерот на Нова демократија, Имер Селмани, го праша премиерот дали е подготвен и дали има волја и смелост за прифаќање компромисно решение, за државата конечно да престане да трпи загуби. И овој пат го слушнавме истиот одговор дека се трага по решение што нема да биде на штета на македонските и националните интереси. Имаше само една мала иновација, премиерот во оваа прилика нагласи дека „не сакаме решението да биде ниту на штета на Грција“.

„Има и политичка волја и смелост доколку се најде решение за прашањето за името, кое нема да направи сериозни и крупни штети ниту нам, ниту на другата страна, но не очекувајте од нас да најдеме набрзина решение со кое долгорочно ќе си направиме штета. Прашање е како се гледаат работите. Значи, ако се гледаат од еден агол може тоа да ви личи загуба, но ако се гледаат од друг агол, може да се каже дека, можеби, во моментот е спречување на некоја поголема штета. Ако по секоја цена во даден момент се оди да се прифати некое решение, тоа истовремено може да не биде како што велите вие загуба на Самитот, туку друга поголема штета за Македонија и за нејзините граѓани, вклучувајќи го во оваа приказна, пред се', и македонскиот народ. Ние не сакаме да има штети ниту на нивна страна. Нам не ни е желба некому да направиме штета. Меѓутоа, не сакаме да има штета и кај нас. Како што не сакаме ништо да одземеме, не сакаме ни нам да ни одземат“, истакна Груевски.

Тој додаде дека сме во потрага по такво решение и негираше дека Владата купува и ја одложува разрешницата на дводеценискит проблем со името.


#
Статијата е прочитана 2077 пати.

Испрати коментар

Од: film (It's all lame)
Датум: 25.06.2010 01:16:03
Ovoj pak ovoj ...lele mori majko smaceno mi e od site vas nesposobni politicari. Na makedonija I treba treta opcija i toa progresivni liberali, a NE liberali kako stojana andov. Pu pu! Od socijalisti I konzervativci taa drzava I toj narod e izmacen i izmaltretiran maksimalno
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 25.06.2010 06:15:00
Власта сама себе да се истражува? Ајде те молам - па премиерот ја промовираше пропаднатата млекара а и со кое право ја продаде за едно евро ? Да се докрадат уште некој милион евра.А и каде отидоа украдените пари.Даравелски ужива, кој ќе му се придружи?
Од: ORCE MAKEDONSKI
Датум: 25.06.2010 06:47:23
Jas bi rekol poroblemot e vo dobroto ovcko Makedonsko kkiselo mleko ,ili kaskafalot macarela pravena po Makedonski recept, a moze i ovosni i powervly jogorti po kvaliteni recepti od VMRO-ZA SVETSKA GEOGRAFIJA NA MAKEDONIJA .POZZ ORCE MAKEDONSKI I VMRO -ZA SVETSKA GEOGRAFIJA NA MAKEDONIJA
Од: ФЕЛИКС
Датум: 25.06.2010 06:47:41
Тоа е оној пратеник кој своевремено велеше ,,што се фалат со оваа инвестиција кога ние се договоривме,ние ги донесовме тука а само тие потпишаа,,Инаку за криминалот во Сведмилк по се изгледа ќе мора да се обрати кај својот експремиер а сегашен банкар за да се распраша како тоа имот вреден 16 мил.евра му дале хипотекарен кредит од 28 мил.евра неговата банка и уште две други.Србите велат,,е ту лежи зец,,
Од: RDVCAP
Датум: 25.06.2010 08:57:08
Zarem i Bu4ko ima obraz nesto da komentira. Sto e so site aferi od negovo vreme. Neka se pokrie i neka mol4i.
Од: "vodolija"
Датум: 25.06.2010 09:19:20
Vo vrska so kompromisnoto resenie na imeto, Gruevski veli: "Kako sto nesakame nisto da im odzememe,ne sakame ni nam da ni odzemat" Kako ,Egeecot Gruevski ne saka niisto da im zeme koga bara 5 milijardi i 200 milioni dolari obestetuvanje i fizicka delba ,dvojni pasaporti i drzavjanstva. Ako ova mu se udovoli dali ke ima resenie za imeto. !!??
Од: nekoj
Датум: 25.06.2010 11:43:43
Eh narode koj te vodi? koga ke izlezete da si gi barate Vasite pari vo Vaseto zdravstvo, skolstvo, stopanstvo? Koga ke dignete glas? Nisto ne stignuva na ovoj svet bez rabota, taka i srekata treba da si ja odrabotite a ne da cekate dodeka odnesoa od drzavata se sto se nosi i ne se nosi!
Од: Прашање
Датум: 25.06.2010 12:59:26
Дали се работи за таа инвестиција за која Груевски кажа дека е направен договор за петгодишен откуп на целокупното производство на млеко,а Спасеновски дека ќе има млечна криза,но во спротивна насока,ќе нема доволно млеко за откуп?Ќе одговориш ли Феликсе,или јогурот ти го мати паметот?

Најди! во Утрински
Политика
Судии и градоначалници на суд за судир на интереси
Расте смртноста кај бебињата
Разрешувал ли Судскиот совет незаконски?
Филимена Маневска не е повеќе втор човек на судскиот еснаф
Има ли приватност на интернет?
За чистотата во салите, Османи дува и во маштеница