Број 3316  петок, 25 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Политика

Филимена Маневска не е повеќе втор човек на судскиот еснаф

И покрај критиките од колегите, досегашниот претседател, Драган Тумановски, е задоволен од сработеното

Гордана Дувњак


Врховниот судија, Николчо Николовски, ќе ги брани интересите на судската фела во наредните четири години. Педесет и петгодишниот судија беше единствен кандидат на вчерашното годишно изборно собрание на Здружението на судии на Македонија. Во новите тела на ЗСМ веќе ја нема ни сопругата на министерот за правда, Филимена Маневска, која иако беше во пензија, се' досега ја извршуваше функцијата потпретседател. Таа вчера не се појави на собирот, на кој присуствуваа 68 делегати од повиканите 84.

Од стариот состав на Управниот одбор на ЗСМ се реизбрани само поранешната претс��дателка на скопска „единица“, Добрила Кацарска, и претседателот на штипска апелација, Стојанче Рибарев, а сите останати се нови луѓе.

Давајќи отчет за сработеното во изминатите четири години, досегашниот претседател на ЗСМ, врховниот судија д-р Драган Тумановски, нагласи дека „не успеале сите обиди да се стави на колена Здружението“. Тој рече дека судиите не секогаш биле задоволни од начинот на кој се штителе нивните интереси, како во постапките за разрешување, така и во нападите на медиумите. Потенцираше дека прашањето околу разрешувањата било тема на дури седум нивни седници, но преовладал ставот да не заземаат страна во текот на постапката.

„Не може ЗСМ да се претвори во Совет за радиодифузија и да ги мониторира сите медиуми дали лошо пишувале за судиите“, подвлече тој. Тумановски се пофали дека дале голем придонес во изготвувањето на неколку важни законски проекти за судството. Посебно го акцентираше ангажманот околу платите на судиите, кои, за жал, како што рече, претрпеле повеќе измени без да ги консултираат. Тој го проблематизираше и правото на Судскиот совет да ги оценува судиите, што како што рече, го нема никаде во споредбеното право.

Инаку, новиот претседател на ЗСМ, Николчо Николовски, е роден на 14 декември 1955 година во Скопје. Во 1980 година дипломирал на Правниот факултет, а правосуден испит положил во 1986 година. За судија во највисокиот суд е избран во јули 2002 година. Порано работел како самостоен правен референт во РО „Македонија спорт“, како секретар на „Млад борец“, бил директор на Секторот за правни, општи и кадровски работи во РО „Црвена звезда“ Скопје, а од 1989 година до изборот за судија во Врховниот суд, како директор на Секторот за правни, општи и кадровски работи во ТД „Макошпед“ АД Скопје. Во 2000 година беше избран за заменик-член на Државната изборна комисија, а две години подоцна и за член на ДИК од редот на судиите на Врховниот суд. Активен член на Управниот одбор на Здружението на правниците од стопанството на Република Македонија бил во три мандати, а во периодот од 1988 до 1992 година, секретар на претседателството на Сојузот на здруженијата на правниците на Македонија. Тој важи за близок човек на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ.


#
Статијата е прочитана 953 пати.

Испрати коментар

Од: Biografija
Датум: 25.06.2010 08:55:27
Cekajte bre! pa od biografijata se gleda da ovaj g-din Nikolovski skoro voopsto nemal sudiska praksa vo tek na svojot raboiten vek. Bil praven referent , direktor na praven sektor i drugi dolznosti , no sudija ni vo osnoven ni vo apelacioni nikogas ne bil. Pa kako toa go vmetnale vo Vrhoven sud? Ah zaboraviv na onaa kniska.
Од: Pravnik
Датум: 25.06.2010 15:03:17
Bravo za izborot. Eden od najstrucnite sudii vo Makedonija i najgolem poznavac na pravoto i kako najvazno golem Makedonec

Најди! во Утрински
Политика
Операција „јогурт“ или „пармезан“!
Судии и градоначалници на суд за судир на интереси
Расте смртноста кај бебињата
Разрешувал ли Судскиот совет незаконски?
Има ли приватност на интернет?
За чистотата во салите, Османи дува и во маштеница