Број 3316  петок, 25 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Политика

За чистотата во салите, Османи дува и во маштеница

Министерот за здравство со контрадикторни изјави

За чистотата во оперативните сали, Бујар Османи дува и во маштеница. За првиот лекар во државата вонредната акција на хируршките сали е во духот на превентивата и за поставување повисоки стандарди.

Министерот за здравство се обиде да демантира дека на Хирургија биле затворени 11 оперативни сали поради најдена бактерија во воздухот. Османи сега вели дека не била затворена ниту една. Имено, била прекината работата во две сали заради дезинфекција. Но, министерот ниту потврди ниту негира дали се вршела вонредна дезинфекција и во другите сали. Остана нејасно зошто министерот го демантираше Државниот здравствено-санитарен инспекторат кога до пред два дена никој не негираше дека во 11 оперативни сали што се поврзани со еден вентилационен систем е најдена бактерија.

Доброупатени извори велат дека министерот се обидел да ја забошоти неговата намера да се затворат сите сали и да се чистат за викендот. Други, пак, коментираат дека се обидел да го прикрие незнаењето на Државниот инспекторат дека најдената бактерија не е патогена.

Директорот на ДЗР, Шемси Муса, не знаеше по кој правилник и стандарди е направена контролата, туку само рече дека микробиолозите од Центарот за јавно здравје им дале список на бактерии што не треба да ги има во салите.

Османи само рече дека не е добро да се пуштаат непроверени информации зашто на тој начин му се наштетува на јавното здравство. Целата вина, како по некое непишано правило, беше сведена на Службата за информирање.

За вентилациониот систем што е во надлежност на Заедничките служби, Османи кажа дека е исправен, но не кажа кога последен пат се сменети филтерите. (Ј.Ј.)


#
Статијата е прочитана 420 пати.

Испрати коментар

Од: Трајче Трајчев
Датум: 25.06.2010 09:40:33
Секогаш е матна ситуацијата кога има вклучени страни што имаат методи на влијание (во кое и новинарите секогаш ги вплеткуваат). Некој сака да им конкурира на јавните здравствени установи... Ако филтрите се дотраени или не работат може прашина да има, а стерилизацијата на воздухот и површините сепак ефикасно ја вршат системите со UV светлина. Трајче
Од: selajdin
Датум: 25.06.2010 13:27:48
ne mozam da veruvam sto gluposti trese ovaj covek sto se narekuva minister pa uste i hirurg. ALO//// AKO IMA VO EDNA SALA BAKTERIJA IMA VO SITE (posto site se vo eden blok i se medjusebno povrzani so hodnici) I TREBA SITE DA SE ZATVORAT. ili mu naredil grijo na bakteriite da ne odat od edna vo druga sala. ima li kraj ova. ili pak ke se formira komisija koja ke kaznuva i ke otkriva venovnici.

Најди! во Утрински
Политика
Операција „јогурт“ или „пармезан“!
Судии и градоначалници на суд за судир на интереси
Расте смртноста кај бебињата
Разрешувал ли Судскиот совет незаконски?
Филимена Маневска не е повеќе втор човек на судскиот еснаф
Има ли приватност на интернет?