Број 3491  четврток, 27 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Спорт

Будуќност пресилна за Металург

Ракометарките на Металург во моментов се далеку од квалитетот на Будуќност, во што се уверија на својот паркет во Автокоманда во натпреварот од петтото коло на Регионалната лига, кој гостинките од Црна Гора го добија со 31:16. Еден од најсериозните кандидати за пехарот во Лигата на шампионите сезонава беше преголем залак за македонскиот првак, на кој тоа му стана јасно уште во првото полувреме, кое подгоричанки го добија со 17:6. Поточно, сите илузии за колку-толку пристоен резултат исчезнаа веќе по првите 15 минути, во кои на почетното водство на Металург преку Зорица Десподовска противникот одговори со серија за 11:2 во своја полза. Единственото отворено прашање до крајот на средбата беше само со колкава разлика ќе заврши дуелот на двата нерамноправни ривала, кој за Металург е најсилниот тест пред двомечот од Купот на ЕХФ со Лада Толјати во почетокот на февруари.

По обичај, Мирјета Бајрамовска беше најефикасна во домашниот тим со шест гола, Мечевска, З. Десподовска и Е. Ѓорѓиевска постигнаа по три и Д. Ѓорѓиевска еден. Во составот на Будуќност се издвоија Радичевиќ и К. Булатовиќ со по седум погодока.

Со две победи и три пораза, Металург ос��ана на четвртото место меѓу седум екипи, а Будуќност се израмни со водечката Подравка, која има осум бода. (Р.Д.)


#
Статијата е прочитана 347 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Горан Пандев се враќа во репрезентацијата
Ферер и повредата го сопреа Надал!
Антиќ славеше кај Дамјан Стојановски
Боба пак претседател на ТСС, Ѓоковиќ ја напушти седницата
Балканска фудбалска лига од септември?
Германците пак ни се извлекоа
Квартет на врвот во Вајк ан Зе
Данците го стивнаа домаќинот