Број 3491  четврток, 27 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Спорт

Германците пак ни се извлекоа

Пораз во Штутгарт од 7:6 во Светската лига во ватерполо со гол примен 20 секунди пред крајот

Роберт Димитриевски

Втор пат за помалку од пет месеци македонската ватерполо репрезентација губи во финишот од Германија, овој пат во рамките на третото коло од првата група на Светската лига. Ако во септември трагичар во поразот од 8:7 на Европското првенство во Загреб беше Даниел Бениќ, кој во последната секунда од непосредна близина и непречен од никого го погоди само голманот Чигир, овој пат Македонија изгуби во Штутгарт со 7:6 со гол примен 20 секунди до крајот. Место најмалку реми, Мориц Елер ги спречи македонските ватерполисти да се радуваат на бод или два, колку што му следуваат на подобриот изведувач на петерци, кои во Светската лига се задолжителни ако мечот заврши нерешено. Можеби и сите три бода избраниците на селекторот Сашко Поповски ги испуштија нешто пред драматичната завршница, кога имаа двајца играчи повеќе!

Македонија беше во добитна комбинација пред последната четвртина, во која влезе со водство од 5:4, откако го доби третиот период со 3:1. Во почетокот од завршните осум минути имаше и предност од 6:5, но постот во нападот до крајот од средбата го донесе и петтиот пораз во петтиот меѓусебен дуел со „панцерите“. Тие ги добија втората четвртина со 1:0 и четвртата со 3:1, а првата заврши 2:2.

По неколкумесечното отсуство поради повредата на рамото, успешно враќање во македонскиот тим имаше Благое Ивовиќ, кој беше и најефикасен со два гола. Толку кај Германците постигнаа Марк Полице и Елер.

Во другата средба од групата во Барселона бранителот на трофејот Србија ја декласира Шпанија со 12:4 и се зацврсти на првото место со максимални девет бода. Германците се втори со пет, еден повеќе од Шпанците, а Македонија е последна без бодови.

Во следниот круг на 22 февруари во Скопје доаѓа Србија, од која на стартот во Белград бевме поразени со 10:6, а во другиот меч Германија ќе ја нагости Шпанија.

Германија - Македонија 7:6



По четвртини: 2:2, 1:0, 1:3, 3:1. Базен: во Штутгарт. Гледачи: 650. Судии: Сунгу од Турција и Смит од Холандија.

Германија: Чигир, Фишер, Нарошка, Полице 2, Буковски, Елер 2, Шлотербек, Мирс 1, Шилер 1, Реал 1, Тајс, Имерман, Глазер. Селектор: Хаген Штам.

Македонија: Перчиниќ, Рачуница, Вуксановиќ 1, Арсовски, Босанчиќ, Манасков, Ивовиќ 2, Делаш 1, Милановиќ, Летица 1, Бениќ, Ранѓиќ 1. Селектор: Сашко Поповски.

Хрватите славеа во Бари



Прва група, трето коло: Германија - Македонија 7:6 (2:2, 1:0, 1:3, 3:1), Шпанија - Србија 4:12 (0:4, 1:3, 2:2, 1:3). Табела: Србија 9, Германија 5, Шпанија 4, Македонија 0. Следно коло: Македонија - Србија, Германија - Шпанија.

Втора група, трето коло: Романија - Турција 10:4 (5:2, 0:1, 4:1, 1:0), Русија - Црна Гора 9:12 (3:2, 1:4, 3:2, 2:4). Табела: Црна Гора 9, Романија 6, Русија 3, Турција 0. Следно коло: Црна Гора - Романија, Русија - Турција.

Трета група, второ коло: Грција - Холандија 11:4 (4:1, 1:0, 5:0, 1:3), Италија - Хрватска 6:10 (1:1, 2:4, 2:2, 1:3). Табела: Хрватска, 9, Италија 6, Грција 3, Холандија 0. Следно коло: Хрватска - Грција, Италија - Холандија.


#
Статијата е прочитана 393 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Горан Пандев се враќа во репрезентацијата
Ферер и повредата го сопреа Надал!
Антиќ славеше кај Дамјан Стојановски
Боба пак претседател на ТСС, Ѓоковиќ ја напушти седницата
Балканска фудбалска лига од септември?
Квартет на врвот во Вајк ан Зе
Данците го стивнаа домаќинот
Будуќност пресилна за Металург