Антиќ славеше кај Дамјан Стојановски
Подготовките за дербито МЗТ - Работнички се во полн ек. Вчера се вадеа столчињата во зоната каде што треба да бидат најзагреаните навивачи
Спартак од Санкт Петерсбург за кого настапува репрезентативниот центар Перо Антиќ славеше во втората коло од ТОП 16 Еврочеленџ фазата кај Лукоил Академик за кого, пак, настапува Дамјан Стојановски (71.63).
Токму Стојановски беше еден од најдобрите на теренот. Постигна 16 коша (3/4 за три, 2/2 за два, 3/5 за еден), запиша и четири скока, но тоа не беше доволно за победа.
Антиќ, пак, постигна само еден поен и тоа од линијата за слободни фрлања, но успеа да оствари 10 скока. Спартак има две победи, додека Лукоил има една победа и еден пораз. Наредното коло се игра на 1 февруари, а бугарскиот претставник ќе биде домаќин на Барак Нетања, додека Спартак го пречекува Макаби Хаифа.
Влезниците за МЗТ - Работнички во продажба
Вчера во продажба беа пуштени влезниците за градското дерби меѓу МЗТ Скопје и Работнички. Тие можат да се купат на билетарата на салата МЗТ од 11 до 20 часот и во билетарата на Спортскиот центар „Бор��с Трајковски“ од 12 до 19 часот.
|