На потег е Андов
МиЈалЧе Волнаровски, Тетово
Најавата дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, членови на собраниската Комисија за избор и именувања, ќе го поддржат барањето на поранешниот претседател на РМ за исплата на пензија, во согласност со законските прописи, ќе ги вброи во редот на пратеници и членови на политичка партија, која мудро и доблесно донела одлука, наспроти јавноста која такво решение за еден поранешен носител на висока државна функција нема да го поддржи.
Партијата на власт „повлече нога“ кога станува збор за права на носители на јавни функции по завршувањето на мандатот.
Ред би било, за волја на вистината, и сегашниот претседател на СДСМ да покрене иницијатива, дебата (да голтне и тој од горчливата таблета) принципиелно да се разгледаат правата и на претседателот на владата, претседателот на Собранието (никој не е вечен) за нивните права по заминувањето од функциите. Да не заборавиме дека претседателот на Собранието на РМ уставно ја има втората функција во земјата, а функцијата претседател на влада сите во моментот ја сметаме за најмоќната фигура во државата (случајот за спорот за името со Република Грција).
На потег е СДСМ, а зошто не и Андов, кој во три мандати ја извршуваше функцијата претседател на Собранието на РМ во исклучително тешко време за државата. Не треба да му биде непријатно, зошто тој ќе постави принципиелно прашање, кое треба да се решава во пакет. |