Повеќе од два века во Франција се слави 14 јули, државен празник во чест на големата Француска револуција. Ваша Екселенција, амбасадоре Валеро, ние неколку борци-ветерани Ве молиме примете и пренесете ги нашите честитки во кои, веруваме, се благородните чувства на сите македонски борци- ветерани. Бидејќи и ние, во нашите млади години, бевме задоени со возбудливите пораки на Француската револуција. Уште во средношколските клупи со вжарен занос учевме за паѓањето на злогласниот затвор „Бастиља“, за фантастичниот лозунг: „Слобода, еднаквост, братство“, за чудесната Декларација за човекови права и грмевме со стиховите на химната „Марсељеза“.
Историјата учи дека таа револуција била особено крвава - отсечени од гилотината се тркалале главите на многу видни луѓе. Напротив! Франција се гордее со него. Франција ги прифати пораките на својата револуција, ги спроведува како темел на својата демократија и ги вивна во цел свет за углед. Тие пораки и во Македонија биле инспирација за визионерите на Крушевската Република, кога во 1903 година го кроеле нејзиното уредување врз историските искуства од Париската комуна. Подоцна, нашата генерација што го оствари вториот Илинден, на АСНОМ ја усвои својата Декларација за слободите и за правата на граѓанинот, што имаат безвремено значење.
Токму кога вака се гледа на сето ова станува ужасен односот на раководството на актуелната владејачка партија кон единственото победничко востание на македонскиот народ. Тоа раководство на чело со г. Никола Груевски настојува да го убеди македонскиот народ да се срами од своето востание. Злоупотребувајќи ја власта тоа спроведува обид да го фалсификува историскиот факт дека раководството на востанието од 1941 година била Комунистичката партија на Македонија и наскоро ќе отвори два музеја од кои едниот за ВМРО, а другиот за „жртвите од комунизмот“. Со тоа може да се види дека цел е во свеста на граѓаните да се избрише споменот за македонските комунисти како вистински патриоти, а на нивно место да се внесе ВМРО. Ќе видиме во музејските поставки каков ќе биде односот кон злосторствата од ВМРО. Ние група борци сме воодушевени од тоа како современа Франција го третира своето минато и вчудовидени од, најблаго речено, ригидниот и двосмислен однос на актуелната власт во Македонија. Залуден и со скриена намера се чини повикот за национално единство кога тоа што може и треба да е негов стожер грубо се изместува, а се протежира пуштање отровни стрели да се сотре битието на македонскиот народ. Сепак, останува надежта дека и по најтемната ноќ доаѓа светла зора!
Македонските комунисти и патриоти беа еднинствените кои Македонија ја доведоа да има држава. Останатите ли, заостанати од организацијата на ВМРО како на пр. В. Михалјов (убиец), Чкатрови, Ѓузелови, Т. Александров, Мара Бунева, бугаринот Владо Черноземски-шовјорот (бугарин кој уби Србин-Крал) и други етнички Македонци кои се чувствувале Бугари ќе ги славиме во Светлиот музеј на ВМРО? А ќе ги прикажуваме жртвите на комунизмот. ВМРО, историјарта докажала, изврши повеќе убиства над Македонци отколу Комунистите . Само В. Михајлов ликвидира над 200 Mакедонци кои не се чувствуваа Бугари. Нека се најде еден и нака прикаже 200 ликвидирани од комунуистите какокрвавиот Ванчо Михајлов.
Од: bobi
Датум: 13.07.2009 11:00:52
Sega ne e vreme za borcite od NOB sega e vreme za antickite borci.Na niv im se odava pocit bidejki ako ne se oni ,togas ovaa vlast ke gi velica vrhovistite koj im se vo mislite i dusata.Na niv ke im pravi muzei od vosocni figuri ,kade Vanco Mihajlov Todor Aleksandrov i red bugarski ubici na Makedonskiot narod ke zemat mesto vo noviot Muzej na vmro.Vaka ke zborime za antickoto vreme a ke si gi butkame vrhovistite vo istorijata muzeite.
Од: komunjar
Датум: 13.07.2009 12:19:58
Toa e trgedijata na makedonskoiot narod pro bugari pro srbi nema nacionalna samosvest.Zatoa grcija go pravi toa sto go pravi i drugite vo komsilukot.Prva KPJ i dade drzavnost na makedonija i puj pike ne vazi?ne moze taka,ytoa e golema greska na vladeackata partija.