Број 3034  сабота, 11 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Писма

Умирање за време на викендите

МариЈа Остоева, Скопје

Ниту случајно немојте да бидете болни, особено тешко болни, кога редовната терапија не ви помага во сабота или недела. Па, викенд е. Каде се видело да се работи? Брза помош и Домашна посета (на ниво на град) се активни (знаеме сите колку се) само од понеделник до петок, кога се сите екипи на место. А, преку викенд, веројатно одмораат!? Зошто? Не ми е познато, бидејќи, имам информација дека има екипи кои дежураат (во Брза помош) по 12 часа.

Во минатата саботата наутро се јавив во Брза помош, бидејќи мајка ми имаше големи болки (таа има тежок артритис, има вештачки колк, има операција на другата нога со плочка, има болни бубрези) и претпоставував дека нашите стручни медицински лица ќе и' дадат инекција. Но, од Брза помош ме упатија на Домашна посета, бидејќи тие немале доволно екипи, а оделе само на повик на карцином и срцеви болни. Во Домашна посета истата приказна - откако ме испитаа што се' сум и' дала, како на првоодделенче ми објаснија дека немаат доволно екипи за да дојдат и дека и тие одат само на повици од тешко болни од карцином. Тешко тие луѓе ако имаат проблеми преку викенд. Па, и обичен ден. Ми се случило, додека татко ми беше жив, да повикам Брза помош и да ми кажат сами да го симнеме болниот до возилото. Ајде и го направивме тоа. А, тие наместо како итен случај да го внесат во дежурната амбуланта на Кардиологија, го оставиле пред врата, а докторката и сестрата си влегле внатре. Среќа дојдов, му кажав на дежурниот лекар дека има тешко болен пред врата и работата се заврши - беше укажана потребната помош. А, докторот од Кардиологија не можеше да знае кого има пред врата?!

 


#
Статијата е прочитана 931 пати.

Испрати коментар

Од: Mene
Датум: 13.07.2009 08:25:46
Gospogjo mislam deka problemot treba da go barate kaj nadleznite a ne kaj lekarite. tie ne mozat da napravat prosta delba na svoeto telo i da gi ima na 20 mesta odednas. A i vie vo skopje ste mnogu cudni - duri i za temperatura se javuvate vo Brza pomos. Postojat i drugi nacini da se odnesat lugeto vo ambulanta znaete?
Од: Donald Duck
Датум: 13.07.2009 10:01:04
Do: Mene Gospogjata ubavo objasni sto i bilo na majka i....mnogu poseriozno od obichna temperatura. Od druga strana, od brza pomos se vadat na srcevi zaboluvanja i karcinom, a vsusnost na site im ja prodavaat prikaskata deka nemaat ekipi, a za toa vreme si pijat kafe....istovremeno Vladata ni kazuva deka napravile odlicni reformi i deka so portokalchinjata imame evropsko zdravstvo....
Од: jas
Датум: 13.07.2009 11:42:36
Само оној кој немал искуство со Брза помош и Домашна посета може да зборува дека тие се хумани, добри професионалци кои неможат да се расцепат на повеќе делови. Срамота! Тие всушност само вртат со комбињата, ги плата ротационите светла и кога вие мислите дек апренесуваат болен ке видите дека застануваа до најблискта пиљара да си купат цигари или сладолед...Таквите примери се почести отколку оние кога се укажува помош

Најди! во Утрински
Писма
Во слава на разумот!
На потег е Андов