Број 3431  сабота, 13 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
Спорт

Пандев сонува реприза против Милан

Напаѓачот на Интер минатата сезона сам го совлада градскиот ривал. Пред неделното дерби, на тоа потсетуваат сите медиуми

Македонскиот репрезентивец Горан Пандев и да сака нема да може да го заборави дербито со Милан минатата сезона кое практично беше неговото отворање на тешката мурињова врата во првиот состав на Интер. А, како и би го турнал во недопирливата потсвест кога тоа е еден од неговите најдобри натпревари во кариерата. Во тој студен јануари Пандев ги загреа срцата на навивачите, најпрвин асистирајќи му на Милито за првиот гол, а потоа со ретко ефектниот погодок од слободен удар стави печат на победата од 2:0. „Пандев одигра стратосферичен меч“, изјави тогаш Мурињо, кој го доби и второто дерби лани со 4:0.

Сега пред новата „Дела Мадонина“ пресметка (недела 20,45 часот) ситуацијата е малку поразлична. По отсуството поради повреда Пандев е излезен од форма, но на мечот со Лече, во кој Интер дојде до третото реми во последните четири меча, покажа дека има желба да се врати во старата форма. Рафаел Бенитез не го откри првиот состав, но Пандев се надева дека ќе добие шанса повторно да го почувствува шмекот на едно од најголемите ривалства воопшто во спортот.

Во филмот „Грин стритс хулиганс“ се зборува за англискиот ривалитет меѓу Вест Хем и Милвал, кој често е компариран со оној безбол судир меѓу Ред Сокс и Јенкис во САД. Но, и со Израелците и Палестинците.

„Истото може да се каже и за дербито во Милано. Изреалците и Палестинците се одвоени со цврста граница. А, „Курва Норд“ и „Курва Саут“ ги двои само еден зелен терен““, вака го најавија некои новинари неделниот спектакл.

Многу играчи ги носеле и двата дреса: Меаца, Панучи, Сидорф, Ибрахимовиќ, Баџо, Виеира, Пирло, Шимиќ, Роналдо, Креспо. Тројца од овие Сидорф, Ибрахимовиќ и Пирло се и сега во дресот на Милан.

Инаку, одамна се нема случено во пресрет на големото градско дерби меѓу Милан и Интер миланезите да се стационирани на табелата пред комшиите. Имено, Милан со победата над Палермо од 3:1 ја презеде челната позиција, а Интер се наоѓа на четвртата позиција со три бода помалку.

Мислите на навивачите на Интер се сконцентрирани на лекарските вести, поточно на тоа дали Холанѓанецот Весли Снајдер ќе биде подготвен за мечот кој со душа го чекаат. Како што е познато, на Снајдер лекарите му детектираа анемија, како последица на преголемиот замор. Тој не настапи на мечот со Лече, но вечерва постои голема можност да биде во составот на европскиот шампион, иако пред кратко време колабираше во соблекувалната. „Морињо е нашето минато, а ние мора да бидеме во сегашноста. Верувам дека ќе го минеме овој период на замор и повторно ќе бидеме максимално подготвени“, вели Снајдер и додава: „Сакам победа во дербито, бидејќи минатата сезона во него дебитирав. Очекувам помош од сите соиграчи како и од Рафаел Бенитез кој е голем тренер како и Мурињо“.

Рафел Бенитез, пак, е задоволен барем што се опорави Дејан Станковиќ, кој против Лече го одигра првиот меч по тринеделната пауза. Тој влезе во игра во 56 минута на местото на Бијабијани.

„Одиграв речиси 40 минути, но не успеав да дадам гол. Разочарани сме поради резултатот. Создадовме доста шанси. Голманот на Лече чудесно ги одбрани ударите на Пандев и на Милито“, вели Станковиќ и додава: „Мора да бидеме психички силни во овие тешки моменти. Дербито со Милан секогаш било тешко, но јасна е целта. Можеби сега нема да ни недостасува спортска среќа“.

Кај Интер дефинитивно ќе го нема Валтер Самуел, а кај Милан Алесандре Пато и Филипо Инзаги. „Нашето ниво на самодоверба е високо. Рано е да се зборува за скудетото. Многу беше битно да победиме на свој терен по поразот од Јуве. Сега против Интер е вистинска шанса да покажеме колку вредиме“, порача тренерот на Милан, Масимилијано Алегри. (Н.К)


#
Статијата е прочитана 1349 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Многу кандидати за трофејот
Лодра го исфрли Ѓоковиќ од Париз
Абу Даби го дава новиот шампион во Формула 1
Поповски привремено селектор
Наградата „13 Ноември“ во рацете на Николовски, Арсовски и на Илиевска
Металург на рехабилитација во Шведска
Роналдо
Мамедјаров се израмни со Аронјан
ФИФА го одби Косово
 


Moldovan president rejects treaty with Romania as 'illegal'
Balkans must fight harder against organised crime, says EU
New Hungarian media law proves controversial