ФИФА го одби Косово
Делегацијата на Косово го посети седиштето на Меѓународната фудбалска федерација ФИФА каде изрази желба националната селекција да настапи во квалификациите за СП 2014 година. Но, од највисоката фудбалска институција пристигна негативен одговор.
„Косово ќе стане дел од ФИФА тогаш кога ќе го признаат повеќе членки на Обединетите нации“, изјави генералниот секретар Џером Валке.
За да може Косово да заигра во квалификациите најпрвин мора да стане членка на ФИФА, а потоа на европската куќа на фудбалот УЕФА, која дури 2012 година може да го верифицира членството. А, тогаш веќе би било доцна за почеток на квалификациите за Мундијалот во Бразил. |