Број 3431  сабота, 13 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
Спорт

Металург на рехабилитација во Шведска

Роберт Димитриевски

Точно една недела по шокантниот првенствен пораз од Жито Прилеп, ракометарките на Металург денеска од 15 ч. во Шведска ќе се обидат да докажат дека првиот неуспех во домашната конкуренција во последните две години бил само плод на несреќни околности. Првиот дуел со Хевде во рамките на третото коло од Купот на ЕХФ е идеална можност за македонскиот првак да се рехабилитира за сензационалните 28:31 во прилепската сала „Македонија“. Дека критиките отрезнувачки влијаеле врз играчите би требало да сигнализира прексиноќешната победа од 41:17 над Леов Бартек во Суперлигата, но вистинскиот одговор за моментната форма на тимот на Крсто Петрушевски ќе го даде денешниот натпревар.

Тренерот на Металург најавува активен резултат за реваншот следната недела во салата „Скопје“ во Автокоманда, под што подразбира нерешено или минимален пораз. Иако е свесен дека против себе ќе имаат сериозен противник, кој пред две години ја освои својата единствена титула првак на Шведска и кој уште пет пати бил вицешампион во ерата на неприкосновениот Севехоф, тој е убеден дека се' ќе зависи од неговиот тим. Петрушевски од сите играчи бара максимална мотивираност и борбеност, посебно во одбраната против финскиот десен бек Александра Рос и против шведската репрезентативка, пикерот Тереза Валтер.

Неговиот колега од спротивниот табор Магнус Фриск, пак, сонува победа од осум до десет гола разлика за мирен возврат. Но, неговата екипа сезонава не може да се пофали со формата од минатата, за што зборуваат скромните три победи во досегашните осум круга од шведското првенство. Во последниот меч изгубија со 30:27 од Вестерос и се најдоа на осмото место на табелата, што е далеку од амбициите на Хевде. На таа средба заиграа и реконвалесцентите Михаела Ек и левиот бек Линда Кадарио, за која во Хевде очекуваат да биде тегот што ќе натежне на нивната страна од вагата.

Белорусите Михаил Маевски и Јуриј Терешченков се задолжени за ракометната правда во првиот меч. Реваншот е на 21 ноември од 18 ч. во Автокоманда.


#
Статијата е прочитана 915 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Многу кандидати за трофејот
Пандев сонува реприза против Милан
Лодра го исфрли Ѓоковиќ од Париз
Абу Даби го дава новиот шампион во Формула 1
Поповски привремено селектор
Наградата „13 Ноември“ во рацете на Николовски, Арсовски и на Илиевска
Роналдо
Мамедјаров се израмни со Аронјан
ФИФА го одби Косово
 


Moldovan president rejects treaty with Romania as 'illegal'
Balkans must fight harder against organised crime, says EU
New Hungarian media law proves controversial