Број 3431  сабота, 13 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
Спорт

Наградата „13 Ноември“ во рацете на Николовски, Арсовски и на Илиевска

Бронзениот од светското првенство во Белград каратистот Жарко Арсовски, потоа седмиот од светското првенство во кајак во Словенија Атанас Николовски, како и каратистката Наташа Илиевска, втора на светската ранг листа за 2010 година, се добитници на наградата „13 Ноември“ во категорија спортисти, што ја доделува Сојузот на спортови на Скопје во соработка со градот .

Во категорија на спортисти со посебни достигнувања наградени се Игор Димовски, кој го преплива Ла Манш и шестиот на светската ранг-листа во маратонск�� пливање за 2010 година, Евгениј По Ацев.

Сојузот на спортови во категоријата тренери признание им врачи на кајакарскиот стручњак Ѓокица Николовски и на карате учителот Бошко Заборски.

Ефтим Угроновски, Аница Пупиновска, Петар Митров и Михајло Трајковски се спортските работници наградени за животно дело.

За огромен придонес во спортот „13 ноемвриската“ награда отиде во рацете на Љубомир Котевски, основачот на планинарскиот клуб „Кораб“ и еден од најуспешните во државава во таканаречениот „спорт за сите“.

Во ова категорија наградени се и спортскиот директор на „Скопскиот маратон“ Кире Синадиновски, претседателот на фудбалскиот клуб Металург, Александар Панов, претседателот на кугларскиот клуб Мекпетрол, претседателот на организацискиот одбор на Светскиот куп во куглање Александар Бичиклиски, потоа Александар Коцевски од пливачкиот клуб „Бардар“ и Војо Настевски, претседател на Боксерската федерација за организација на „Златен Гонг“.

Признание за својата успешна работа добија и професорите по физичко воспитување Амди Муса (ОУ „Владо Тасевски“) и Анета Глигорова („Орце Николов“). Награда за својата добра работа доби и женскиот ракомет клуб Металург, а во категоријата Здружение наградена е навивачката група „Комити“.


#
Статијата е прочитана 863 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Многу кандидати за трофејот
Пандев сонува реприза против Милан
Лодра го исфрли Ѓоковиќ од Париз
Абу Даби го дава новиот шампион во Формула 1
Поповски привремено селектор
Металург на рехабилитација во Шведска
Роналдо
Мамедјаров се израмни со Аронјан
ФИФА го одби Косово






Parvanov's new project upsets former Socialist colleagues
Mounting pressure to end Macedonian negotiations with Greece
No control mechanism for Croatia after EU entry