Број 3431  сабота, 13 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
Спорт

Мамедјаров се израмни со Аронјан

Шахријар Мамедјаров (рејтинг 2763) го стигна водечкиот Левон Аронјан (2801) на три кола до крајот на 5. Меморијален шаховски турнир „Таљ“ во Москва, кој годинава е од 21. категорија. Азербејџанецот го искористи третото реми во низа на Ерменецот и се израмни со него на врвот на табелата по две третини од натпреварувањето. Мамедјаров единствен славеше во шестото коло, во кое жртва му беше Павел Елјанов (2742) од Украина, а Аронјан го подели поенот со Алексеј Широв (2735) од Шпанија.

Нерешено завршија и партиите меѓу Сергеј Карјакин (2760) и Александар Гришчук (2771), потоа меѓу Хикару Накамура (2741) и Ванг Хао (2727), како и меѓу Борис Гелфанд (2741) и Владимир Крамник (2791).

Табела: Аронјан и Мамедјаров по 4 поени, Карјакин, Гришчук, Накамура и Ванг Хао по 3,5, Крамник 3, Гелфанд 2, Широв и Елјанов по 1,5.

Мамедјаров - Елјанов
1. д4 д5 2. ц4 ц6 3. Сф3 Сф6 4. Дц2 д:ц4 5. Д:ц4 Лф5 6. г3 е6 7. Лг2 Сбд7 8. О-О Ле7 9. е3 О-О 10. Тд1 е5 11. Сц3 Дц7 12. х3 Лг6 13. д:е5 С:е5 14. С:е5 Д:е5 15. е4 Де6 16. Д:е6 ф:е6 17. Ле3 Тфд8 18. Т:д8+ Л:д8 19. Тд1 Ла5 20. ф3 е5 21. Са4 Лф7 22. Сц5 б6 23. Са6 ц5 24. Лф1 Тц8 25. х4 Ле6 26. б3 Лц3 27. Тд6 Лд7 28. Лг5 Тц6 29. Лц4+ Кф8 30. Т:ц6 Л:ц6 31. Сц7 х6 32. Лц1 Ке7 33. Кг2 Лд4 34. а4 а5 35. г4 Кд7 36. Се6 Се8 37. х5 Кд6 38. г5 х:г5 39. С:г7 С:г7 40. х6 Сх5 41. х7 Сф4+ 42. Кг3 Сг6 43. Кг4 Ле8 44. Л:г5 Сх8 45. Лф6 Сг6 46. Кф5 Ле3 47. х8=Д С:х8 48. Л:е5+ Ке7 49. Лф6+ 1-0.


#
Статијата е прочитана 856 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Многу кандидати за трофејот
Пандев сонува реприза против Милан
Лодра го исфрли Ѓоковиќ од Париз
Абу Даби го дава новиот шампион во Формула 1
Поповски привремено селектор
Наградата „13 Ноември“ во рацете на Николовски, Арсовски и на Илиевска
Металург на рехабилитација во Шведска
Роналдо
ФИФА го одби Косово






Parvanov's new project upsets former Socialist colleagues
Mounting pressure to end Macedonian negotiations with Greece
No control mechanism for Croatia after EU entry