Брoj 2728  петок, 04 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Фељтон
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Поглед

Културата во менгеме

Тина Иванова

Бурната најава и медиумската кампања за т.н. капитален владин проект во културата („Македонска книжевност“, „Нобеловци“) почнаа да го губат здивот. Преземените конкретни чекори за инвестицијата вредна 24 милиони денари за печатење 130 тома највредни македонски литературни остварувања, како и презентацијата на делата на добитниците на Нобеловата награда за литература преведени на македонски јазик, се чини се заплеткаа во одделни интересни структури на владејачката партија. Проектите најавени како државни и финансирани со буџетски пари, значи со народни, се сопнаа прво на партиската контрола врз парите, потоа во партискиот состав на комисијата за избор на авторите и делата што треба да се печатат, па на крајот на изборот на партиската печатница што го доби партискиот тендер.

Но, нели, предизборната најава беше дека ова ќе биде национално-историски и македонско-патриотски проект. И во еуфоричните најави не стануваше збор за партиска доминација врз контролата на реализацијата на целиот проект. Но, и овој пат се покажа дека партијата што ја има власта нема намера да ги тргне прстите од државните пари. Па, затоа и оваа идеја дочекана со радост сега стои на стаклени нозе.

За партизација на проектите прво се побунија писателите. Изразија сомнеж во објективноста поради партиската припадност на луѓето што ќе го прават изборот. Потоа негодуваа издавачите поради местенките за тоа кој ќе биде носителот на проектот. На крај реагираа и печатарите поради фактот што на партиски тендер работата ја доби неафирмирана и технички неопремена печатница.

И така се' со ред. Ништо ново. Изборите завршија, а историските капитални проекти ��е деградираат.


Статијата е прочитана 383 пати.

Испрати коментар

Од: Buntovnik
Датум: 04.07.2008 19:26:13
Toa se vika - da te izraduvaat so mrtov vrabec,-

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Претходен број
Спас за измамените од „Фи-ком“ е нов инвеститор
Зденко
Високите потпетици на Саркози
Грција одбива разговори за протераните Македонци
Во владата влегуваат и ДПА и ДУИ?
Бура по предлозите на Моника Маковеј
Драмата на Егејците (5)
Егејската трагедија и политиката
Возот за 9 јули пропуштен, ќе се чека некој друг
Регистрирањето возила поевтини 5 отсто, а не 30
Обдукцијата готова, траги од крвта на Танески најдени и кај трета жртва?
Нова амбасадорска битка меѓу владата и претседателот
Социјален капитал
Verbatim