|
|
|
|
|
|
Нова амбасадорска битка меѓу владата и претседателот
Црвенковски не потпишал укази за двајца амбасадори - МНР се жали, Кабинетот бара почитување на процедурата
Тамара Грнчароска
Препукувањата околу амбасадорите меѓу владата на Македонија и претседателот на државата продолжуваат. По есенската сага околу именувањето и потпишувањето на указите за испразнетите амбасадорски места, вчера од Министерството за надворешни работи со соопштение информираа дека претседателот на државата, Бранко Црвенковски, не ја одобрил постапката за акредитирање на Петар Јовановски и на Пајо Авировиќ за вонредни и ополномоштени амбасадори во Индија и во Израел. Канцеларијата за врски во Израел пред околу две недели се подигна на ниво на амбасада, а исто така и канцеларијата во Индија.
Во соопштението од МНР, кое е испратено, покрај за информирање на јавноста, како што се наведува, и „за да го потсети господинот Црвенковски“, дека министерот Милошоски „уште пред објавувањето на предлозите за поставување амбасадори во Њу Делхи и Тел Авив лично го информираше претседателот, при што од страна на шефот на државата не беа изнесени никакви забелешки за именувањето на двајцата професионални амбасадори“. Од МНР се надеваат дека претседателот ќе го исправи ваквиот пропуст и ќе стави потпис на указите за акредитирање ��а Јовановски и на Авировиќ за вонредни и ополномоштени амбасадори во Индија, односно во Израел.
Од Кабинетот на претседателот вчера соопштението на МНР го оценија како дезинформација, наведувајќи дека е точно оти Милошоски пред околу две недели „го информирал претседателот за изборот на двајцата амбасадори“, но како одлука на Владата за нивно именување. „Со тоа е прекршен член 37 од Законот за надворешни работи“, изјави портпаролот на Кабинетот на претседателот, Зоран Иванов. Според тој член од Законот, по претходна усогласеност на претседателот и министерот за надворешни работи за кандидатите за амбасадори, шефот на дипломатијата поведува процедура за нивно именување до владата. За тоа дека е прекршена процедурата од Законот за надворешни работи со именување амбасадори без претходна консултација со претседателот Министерството било информирано вчера.
Од Кабинетот информираат дека имињата на двајцата дипломати за амбасадори не се спорни, туку е прекршена процедурата за нивно именување, која законски е регулирана. „И двајцата дипломати на претседателот му се познати како професионалци за кои нема забелешки за нивното работење“, информираат оттаму, додавајќи дека и државите во кои тие треба да се именуваат како амбасадори се многу важни за Македонија.
Јовановски и Авировиќ се професионални дипломати. Јовановски за Њу Делхи замина од позицијата шеф на протокол во МНР, по претходна служба во Брисел, додека Авировиќ за Тел Авив замина од функцијата советник на министерот за надворешни работи, а претходно беше во македонската амбасада во Париз.
Последната „амбасадорска битка“ на релација влада - претседател може да значи и вовед во нова „војна“, која можеби оваа есен ќе се води околу пополнувањето амбасадорски места во Атина, Канбера, Отава, од каде што се очекува да се вратат амбасадорите чии мандати истекуваат до крајот на летото. Ако на тоа се надоврзе и испразнетото амбасадорско место во Софија по враќањето на амбасадорот Абдурахман Алити пред околу еден месец, каде што се' уште не е назначен нов амбасадор и, како што информираат од МНР, должноста ја врши професионален дипломат чие име не се соопштува, станува се' појасно дека македонската дипломатија продолжува да биде средство за одмерување на силите меѓу двете институции. |
#
|
Статијата е прочитана 1797 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: Zvonko, Minhen |
Датум: 04.07.2008 00:33:40 |
|
Mislam deka i B.C. preteruva sega. Samo si bara rcka. I Grujo ne e zlaten, ama toa so ambasadorite mora da zavrsi. Se sramime pred svetot i diskreditirame lugje radi partiski sitni interesi |
|
|
|
|
|
|
Од: Stara Skopjanka |
Датум: 04.07.2008 01:37:30 |
|
Ne B.C. tuku Pretsedatelot Branko Crvenkovski, vo slucajov postapil taka,kako sto e predvideno vo nasiot Ustav i zakonot sto od nego proizkeguva! Steta e sto i deneska koga na Makedonija od site strani i se gleda sé sto se slucuva vo nea, kako "pod lupa" i ne i se prosteva niti edna greska, Vladata prodolzuva da se odnesuva ne dedovetno, zaboravajki deka Gospodinot Crvenkovski e vistina Gospodin,no i Pretsedatel na Makedonija. Do nego se obrati denovive i Pretsedatelot Sarkozi,sto e dobar znak. Vlada koja se smeta za demokratska, vo bilo koja zemja na svetot,se odnesuva so pocit kon svojot Pretsedatel, ako ,se razbira,drzi na svoeto dostoinstvo i ako misli na toa,kakva slika ke dade za svojata Drzava i za svojot narod pred svetot koj na opkrazuva! Steta,ako dosegasnoto iskustvo ne im posluzi na ovie ,da svatat deka Pretsedatemot e i Gospodin ! A vo odnos na ambasadorite,jasno e deka tie ni se na site poznati kako iskusni diplomati ,za sto Pretsedatelot nema nikakva zabeleska! |
|
|
|
|
|
|
Од: objektiven |
Датум: 04.07.2008 05:36:46 |
|
Se slozuvam so stavot na Zvonko i mislam deka Pretsedatelot Crvenkovski malku preteruva sega.Treba da pokazeme edinstvo pred svetot.A i drugite ne se idealni-megjutoa Pretsedatelot e nasiot najvisok izvrsen organ i kako takov go respektiram.Megjutoa so ovie prepukuvanja ke pagja nasata reputacija vo svetot kako drzava! |
|
|
|
|
|
|
Од: jimmy1 |
Датум: 04.07.2008 07:02:41 |
|
VMRO treba da svati ednas za segogas, deka ambasadorite gi odreduva predsedatelot. Sto e ova, kosmar od vladata za sekoja sitnica.
|
|
|
|
|
|
|
Од: Zane |
Датум: 04.07.2008 08:58:48 |
|
Toa sto se sramime pred svetot poslednive dve godini, ne e vinoven Pretsedatelot na drzavata, Gospodinot Branko Crvenkovski, koj patem vo momentov e i edinstveniot politicar vo Makedonija koj gi znae i na vistinski nacin sproveduva i Ustavot i zakonite. Toa mu e poznato i na svetot. Edinstveno negovoto opstojuvanje na politickata scena vo nasata drzava, kako Pretsedatel na Makedonija, se uste mi dava nekoja sigurnost deka se uste mozebi ne e nisto izgubeno vo pogled na naseto integriranje vo NATO strukturite. |
|
|
|
|
|
|
Од: chernozemski |
Датум: 04.07.2008 10:06:33 |
|
Доста ке биде амбасадор во Софиjа! |
|
|
|
|
|
|
Од: trevizo |
Датум: 04.07.2008 10:44:52 |
|
kako e pocnat premierot se vodi nekoi bitki so domasni politicari a nadvoresna ima samo edna bitka i nikako da ja dobie,a kako ke ja dobie siroiot uste ne izlegol od makedonija sirotiot sigurno nema i pasos izvadeno ovoj se plasi granica da pomine haha ke se izgubi najverojatno. |
|
|
|
|
|
|
Од: trajka |
Датум: 04.07.2008 12:43:30 |
|
ambasadorska bitka? i starata skopjanka kazuva za nekoj ustav?pa vo ustavot stoi deka toa e drzava kade se pocituvat gradjanskite prava...a kakvi prava imat siromasite,invalidite,ciganite,bolnite,starite nepokretni?bi trebalo da se bie bitka na ovie polinja medju vlada i crvanko a ne koj da se prati da lapa....lapice se prvi na red.....a da gi stitat pravata na navedenite kategorii se posledni..... |
|
|
|
|
|
|
Од: marko |
Датум: 04.07.2008 18:26:50 |
|
Edinstveno za sto se zalaga pretsedatelot e pocituvanje na zakonot i ustavot i ne znam zosto na vladata toa i smeta po se izgleda pak se raboti za partizacija na se vo nasata drzava.Ako vladata e tehnicka se znae koi se nejzinite ovlastuvanja,zosto ne se soceka formiranjeto na novata vlada i vo dogovor so pretsedatelot i po slovo na zakonot ne se ispratat tie ludje kade sto treba,dali tehnickata vlada misli deka ovie dvajca ambasadori bas mora da zaminat na letuvanje vo Izrael i Indija.Vo pravo e pretsedatelot! |
|
|
|
|
|
|
|
|