Брoj 2728  петок, 04 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Фељтон
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Возот за 9 јули пропуштен, ќе се чека некој друг

Македонија се реши за предвремени избори наместо решавање на спорот за името

Соња Крамарска

Во постизборната еуфорија и големата поддршка што македонските граѓани и' ја дадоа на десничарски ориентираната партија ВМРО-ДПМНЕ речиси никој и не забележа дека Македонија го испушти и возот наречен 9 јули. Овој термин меѓународната заедница (генералниот секретар на НАТО, Јап де Хоп Шефер, американскиот државен секретар Кондолиза Рајс и други странски дипломати) им го даде за рок на македонските власти да го решат проблемот за името со Грција за да може нашата земја да фати приклучок со Хрватска и со Албанија за започнување на процедурата за зачленување во НАТО.

Меѓутоа, Хрватска и Албанија се на прагот за започнување на пристапните преговори, а Македонија се' уште нема избрана влада по предвремените избори што се одржаа на 1 јуни. Преговорите за нова влада одат бавно, иако очекувањата беа дека веднаш по изборите власта, за која се очекуваше дека ќе добие уште еден мандат, ќе го забрза формирањето влада за да може да му се посвети на проблемот со името и интегрирањето во НАТО и во ЕУ.

Но, на старо-новата владејачката гарнитура очигледно не и' се брза, иако од сите страни пристигнуваат отворени предупредувања дека без решение на проблемот со името трајно се блокирани евроатлантските перспективи на земјава. Мандатарот и лидер на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, сите свои активности ги пренасочи кон внатрешните економски прашања, а грчките притисоци и блокади, чие неутрализирање е круцијално за напредокот на земјава, ги маргинализира.

Владиниот портпарол Ивица Боцевски, на нашето прашање како Владата го коментира пропуштениот рок, вчера одговори дека сите се согласни, ��ако што рече, оти земјава ги исполнила сите стандарди и критериуми за членство во НАТО, но дека поради билатерален спор со една земја членството се одлага.

Оваа владина формулација, сепак, не им оди на рака на очекувањата на граѓаните дека по зацврстувањето на власта на премиерот Груевски и на неговата коалиција земјава ќе почне да чекори во правец на конечното остварување на 17-годишните аспирации за влегување во друштвото на европските земји.

Ниту домашните збиднувања не оставаат простор за поголем оптимизам. Наместо релаксација на политичката клима по големата победа на десницата, која апсорбира без малку половина милион гласачи, што е своевиден изборен рекорд, веќе еден месец трае мачното исчекување дали победничката коалиција ќе успее да ги намали тензиите по трагичните настани што се случија на денот на изборите.

Посебна драма се преговорите на Груевски со двете албански партии - ДУИ и ДПА за стапување во коалиција со една од нив, што дополнително го отежнува процесот на доаѓањето на новата влада на сцена.

Потпретседателот на опозицискиот СДСМ, Зоран Заев, коментирајќи го рокот 9 јули, што земјава очигледно го пропушта и покрај силните ветувања при распишувањето на предвремените избори дека тие нема да ги забават процесите, изјави дека за владејачката гарнитура и натаму останува на прво место грижата за рејтингот на премиерот и на неговата коалиција.

„За жал, продолжи истата тенденција на ѕидање на рејтингот на власта наместо решавање на горливите прашања. Отворањето на проблемот со имотите на егејските Македонци во преговорите што се водат со Грција за решавање на спорот за името е лош сигнал, кој говори дека тешко ќе се изнајде решение со нашиот јужен сосед. Оваа влада очигледно нема капацитет да го реши спорот со името, што може да значи само едно, а тоа е дека економското тонење на земјава ќе продолжи и дека доаѓаат се' потешки времиња за граѓаните“, вели Зоран Заев.

Деновиве во земјава се одржуваше форум на тема „Безбедноста на Балканот: НАТО по самитот во Букурешт“ на кој македонските новинари по којзнае кој пат се интересираа за перспективите на својата земја на европската сцена и на меѓународната.

Томас Навратил, заменик-американски амбасадор во Македонија, можеби најексплицитно од сите досегашни странски дипломати и' ја соопшти на македонската јавност поразителната вест. „Многу е тешко да се предвиди кога ќе дојде поканата за членство во Алијансата“, кратко и јасно рече тој.

Алузијата на Навратил е очигледна, а тоа е дека ако досега се спомнуваа некакви рокови и датуми, отсега веќе никој не може да даде прогноза како ќе се развиваат работите, бидејќи владата во Скопје, која остро се противеше на грчките барања за компромис за името, ја зацврсти својата власт, а обидите на меѓународната заедница да изнајде дипломатски патишта за разрешување на спорот останаа јалови.

Но, и оваа изјава на Навратил како да не го вознемири никого, бидејќи не предизвика никакво бранување во јавноста, што е уште еден показател дека постизборната еуфорија сосема ја замагли реалноста во Македонија, која и на домашен и на надворешнополитички план не е розова.


Статијата е прочитана 2325 пати.

Испрати коментар

Од: kris
Датум: 04.07.2008 00:09:47
Pogresn vi e naslovot deka Makedonija izbirala megju izbori i NATO. Samo ludi pi veruvale deka Grcija ke ni dadese da vlezeme vo NATO so bilo koe ime ili so bilo koja otstapka. Istovremeno so naslovot ste i nepatriotski zasto ja okrivuvate Makedonija koga i sami ste svesni koj ne koci!
Од: bilo koj
Датум: 04.07.2008 00:28:45
Da bideme iskreni stvarno ne nitrebaa izbori. posluzija samo vlasta da gi zacvrsne svoite lokalni pozicii, a na megjunaroden plan izgubivme mnogu, osobeno so glupostite vo aracinivo, tetovo etc. Preku glava mie od faci koi se cukaat vo gradi i izigravaat fraeri vo selo. golemite politicari se poznavaat vo nadvoresnata politika
Од: Georgi
Датум: 04.07.2008 00:29:56
Aman de, do koga ke se zaplasuva narodot so "realnosta". Sto vi e na vas, dragi novinari. Dajte malku da ja sredime drzavata, da vladee pravoto. A NATO i EU pa i mozat da pocekaat. Ne e vo interest na Makedonija da vleze vo ovie organizacii sega, vo organizacii vo koi mnogu malku ne pocituvaat. Makedonija e aktivna, ucestvuva vo mirovni misii, toa treba da prodolzi, uslovite za vlez vo NATo se ispolneti. Menjanje ime na drzava za da vlezeme e notorna glupost.
Од: london
Датум: 04.07.2008 00:37:36
kris e vo pravo,samo da kazam deka za da se resi makedonskoto prasanje treba svetskite sili da si ja priznaat greskata od 1913g. a site znaeme deka toa nema da se sluci.izborite bea vistinsko nesto sega ke moze polesno od vnatre da si go branime nasiot identitet i drzava bez grcki svatovi. Nie imame pravo da imame drzava so ime Makedonija zosto sme MAKEDONCI,toa e vistinata sakal nekoj da priznae ili ne.Pravdata e na nasa strana i koga togas ke si gi dobieme site prava sto ni sleduvaat (kako i clenstvo vo megunarodnite institucii pod imeto R.Macedonia).DA ZIVEE REPUBLIKA MAKEDONIJA!!!
Од: mihail
Датум: 04.07.2008 00:47:39
Kako,kazete mi kako Makedonija ke vleze vo Nato i ke go resi sporot so Grcija.Toj e neresliv!!Poradi edna pricina sto Grcija ne saka dogovor i ke ne blokira i vo Nato i vo EU.Toa da im e jasno na site.Nikoj od makedonija,ni Vmro ,ni SDsm ne moze da go resi toj problem!!.Samo Grcija moze da go resi ako saka i za eden den,no ne saka!..Grcite kene blokiraat do 2015 godina dodeka site balnaski drzavi ne vlezat i posle golemite zemji kako Francija ,Germanija i Anglija ke morat da izvrasat pritisok nad Grcija da ne dava veto..!!Najdobro e nie da prekineme razgovori so Grcija i da Barame Sovetot za Bezbednost vo ON da ne priznae vednas pod ime Makedonija i tolku ,posle ke cekame.Grcija ima veto samo vo Evropa dodeka cel svet ne priznava kako Makedonija..!!
Од: Mihajlov
Датум: 04.07.2008 00:49:01
Makedonskata nacija e formirana da obsluzhuva srpski i grchki strateshki interesi. Bez podrshka od Srbija, Makedonija nema shansa za opstanok. Albancite se sega isto faktor na Balkanot. Sega kje se mirni se dodeka ne se stabilizira Kosovo.
Од: d-dorf
Датум: 04.07.2008 00:58:45
Sekoj sto mislese deka ke se stasa vozot do odredeniot den za pregovori so NATO,mora da priznae deka e NAJGOLEM BUDALA NA SVETOT. Pa toa se znaese vo istiot moment, koga beja najaveni , predvremenite izbori, Imame mnogu pisuvano i komentirano, tokmu vo ovoj vesnik- vie novinarite so nas zaedno go predupreduvavme gos. GRUEVSKI deka samo ke ni naskodat izborite.-oti zelezoto se kove dodeka e zesko a , koga ke se oladi ne pomaga nitu celiot parlament . Tokmu kako sto imav napisano pred nekoje vreme deka , ke go cekame vozot na peronot- sto nema nikogas poveke da dojde,ako se odrzat izborite. No za zal nasiot NIKOLCO si naumil nesto,i sega poleka no sigurno samoto vleguvanje vo NATO i EU. go stava pod znak prasalnik, kako nebiten element na zemjata- " veruvam deka nikogas ne mu ni bil kako prob. ovaa prasanje." Prioritetni se prasanjata za antickoto zlato na ALEKSANDAR i imotite na progonetite MK.egejci ( sto sosema e vo red ) no ne e vremeto za toa.
Од: Luben Todorovski
Датум: 04.07.2008 01:47:42
Mozhebi Makedonija ne se trevozhi tolku mnogu za evro--atlanskite integracii bidejki i ne se ni tolku vazhni kako shto levicata gi zamisluva (domashni zadachi itn.). Tochno e deka na Makedonija ne i trebaa izbori posle Bukuresht bidejki imavme momentum da pokreneme znachajni prashanja so Grcija koga svetskata javnost beshe alrmirana. Makedonija seushte nema kritichna masa da gradi strategija pa trebashe nekoj od MKG da ni kazhe shto treba da napravime.
Од: Armakedon
Датум: 04.07.2008 02:02:29
Nagradno prasanje: "Eve i da nemase izbori, KAKO Grcite ke najdea zaednicko prifatlivo resenie so nas"? Aloooo, pa tie bi nasle drugi 50 pricini. Tie NE SAKAAT da se resi ova. Neznam samo zosto novinarite ova ne go razbiraat, ili znam...
Од: MKD
Датум: 04.07.2008 02:04:02
Ima samo eden brz nacin za vlez na :MKD vo EU i NATO.A toa e jasno i nedvosmisleno:PROMENA NA IMETO po zelba na Grcija.I zatoa ne palamudete i ne go obvinuvajte Gruevski (ili bilo koj drug politicar)oti ne go kovel zelezoto dodeka bilo zesko.Zelezotoe si e zesko od 1991 pa do denes i ke bide takvo se dodeka ne se resi problemot.Izborite ne bea izgubeno vreme samo radi toa sto izgubi SDSM.Da pobedese druga pesna ke peevte.Da ne bea izborite,isto ke se gubese vreme na rusenje na prethodnata Vlada i formiranje novo parlamentarno mnozinstvo (SDSM,NSDP,LDP,LP i DUI)Takvi bea namerite na opozicijata,a ne da kovat zelezo. Zatoa prebolete i zaboravete go porazot0narodot si go kaza svoeto i pokazete go veke ednas glavniot vinovnik za problemite na MKD so evrointegraciite,a toa e Grcija za sporot so imeto.I dosta veke sami sebe se napagate i mrazite.Grujo diktator,Grujo fasist,Grujo ova Grujo ona.Slepci nizaedni.Samite si ja vregate i ponizuvate drzavata
Од: Непростенков
Датум: 04.07.2008 02:04:17
План "Б" треба да се презентира Македонското прашајне во ОН.
Од: Branko
Датум: 04.07.2008 04:25:58
Gospodine Zaev za kakvo toa resenie zboruvate so grcite,za promena na ustavnoto ime na Republika Makedonija????Namesto site i pozicija i opozicija da zastanete zaedno za ova prasanje vie se delite.Za vazni prasanja za drzavata treba da nema pozicija i opozicija se znae site treba da se borat za dobroto na Republika Makedonija a kaj nas sosema obratno a toa se razbira mu godi na Neprijatelot na Republika Makedonija,grcija.
Од: sale
Датум: 04.07.2008 05:02:41
Zaprepasten sum kako nekoj luge se otkazuvaat od se ,pa posle novinarite se ljutat deka premierot rekol deka rabotat protiv drzavata.Ako vakva statija napisese Grcki novinar pretpostavuvam deka go ceka nesreken slucaj,Ne ni trebaat ni NATO ni EU pa ni parite nivni zasto i taka ke otidat samo vo nekolku dzeba.
Од: do d-dorf
Датум: 04.07.2008 05:32:13
A tebe momce vo tugjina sto te zaboli zabot za nas ovdeka pa ti da ni davas komentari koj voz da go fatime a? Dojdi tuka pa posle komentiraj.Od tolku opasen tip sto si duri si ja napustil i Makedonija a sega si stanal duri i komentator-ama i za toa ne te biva.Neznam tebe sto te zasega imeto na nasata drzava koga momentalno nemas nikakvi prava nitu obvrski vo Makedonija.Sedi si tamu kajsto si i kjuti si-taka najdobar si.Ostavi na nas koi sme tuka da si praime bajram so umot.Dosta ni e od vas gasterbajteri!!!
Од: dragan
Датум: 04.07.2008 05:36:31
kolkuglupavo napiahano.Novinakata ili zivee vo nekoj izoliran svet ,ili e .... kako moze da se reshi imeteo ,koga Makedonija ne mozela da go reshi toj spor dolgi godini ,i sega vladata e kriva ....Ziva glupost. Ne znam kako moze da ima takvi konzerva ludje ,a pogotovo novinari. Sekoj e normalen koj zivee vo Makedonija znae kade e problemot. absurd e da se obvinauva i ovaa i onaa vlada.
Од: politicar
Датум: 04.07.2008 06:48:05
Sto i da pravi makedonskata vlada vo ovie momenti , treba do srzta da e vo interesot na Makedonija i Makedoncite. Voopsto nema vrska kakva pozicija ke zememe vo politicki smisol, ako ne im odgovara na EU, nema da ne prifatat. Ponekogas e pobitno da se pokazat zabi, odkolku da non-stop pravime sto drugi sakaat. Makedonija ke bide priznaeta ali ne vo slednive nekolku godini. Sto veli zapadniot svet - 'its bad timing'
Од: danilo k
Датум: 04.07.2008 06:49:21
Se odi po necij plan. Toj plan nie tesko deka ke go smenime. Scenarioto e nemenlivo . Samo akterite se menuvaat od vreme na vreme. Ne postoi covek sega za sega koj ke go smeni tekot na nestata koi traat so vekovi. Znaete li na kogo treba da se molime za pomos?...
Од: jimmy1
Датум: 04.07.2008 07:09:01
Pa ako treba ke go ispustime i posledniot voz dokolku ne ne primat pod naseto ustavno ime. Posekako EU se raspaga i za nekolku godini ke e nema.
Од: Трпејца
Датум: 04.07.2008 08:12:41
На железничката станица „МАКЕДОНИЈА„ сите возови заминаа. За следните две-три децении, како да ја свртиш работата, ни останаа уште по некој од оние претпотопските ШИНОБУСИ...
Од: gv
Датум: 04.07.2008 08:13:14
Videte, da se razbereme, Grcite ne sakaat resenie sto ke ja odrzi Makedonskata nacija! Znaci, kompromis so Grcija ke bide koga nie ke resime da se odkazeme od Makedonskata nacija, pa posle da go prigatime i vtoriot spor za vleguvanje vo Evropskata Unija, ovoj pat nametnat od Bugariaj, kako celenka na EU i Nato - da ja priznaeme Bugarskata istorja i kultura na ovie prostori do 1945. Toa e nasata viza za tamu! Resete se koga ke go napravite toj kompromis, te koga ke stanete Bugari od Gorna ili Severna Makedonija - i ke ve ima vo Nato i EU! Izbori ne trebse da ima, zasto se propusti moznosta Amerika so ovaa administracija da ni pomogne da go resime sporot vo poblaga varijanta, no koj veli Grcija nemase da ja prodolzi borbata preku Bugarija - te Grckite lobi grupi da se stavat vo uloga na Bugarskite celi? Koj garantira? A taka i ke bide, kako i da e!
Од: Zak
Датум: 04.07.2008 10:31:17
Kramarska, ti novinarka si ili prezenter na necii stavovi? Zboruvas za ocekuvanjata na gragjanite? Nie si kazavme, pola milion za VMRO. Znaci i ne cekuvame deka mora da vlezeme vo Evropa pa i vo NATO. Ne po diktat na Grcija. Zaev izjavuva deka ne trebalo da se otvori prasanjeto za Egejcite. Treba da gi zaboravime tie lugje? Ako odime spored negovata logika treba da ni se pomili Grcite. Inaku, nekoj pred izbori mu veti izgleda dobri pari za drzavno zemjiste vo Strumica. Demek, Grci ke gradele fabrika ama ete Gruevski go onevozmozil. A be, Orbit, zavrsija izborite, aj smeni ja temata.
Од: trevizo
Датум: 04.07.2008 10:37:27
kolku i da ste vo pravo sepak od istorija ne se zivee storijata ja pisuva sekoj kako sto mu odgovara zatoa nam ni ostanuva samo edna opcija ili ke smenime nesto so imeto ili ne ceka menito sto ni go ponudi nasiot ,,GOLEM"premier a toa e korenje ke jadime samo mi zal sto od korenjeto nikogas nema da proba nasiot ni golem patriot,uste ednas ne sme nie vo situacija nikomu da diktirame uslovi bidete realni malku i se plasam deka so ovaa vlast ke propustime uste mnogu kompozicii vozovi avtobusi i neznam uste sto koga ke se setime ete ni ja 1968 godina.
Од: papadopoulos st.
Датум: 04.07.2008 10:54:34
samo edno prashanje.Dali ova politika na gruevski, vo odnos so imeto, i shansite za vlez vo evroatlanskite strukturi,raboti za bugarite i za sozdavanjeto na takanarecenata 'golema bugarija'.
Од: mene
Датум: 04.07.2008 12:08:38
situacijata e povece od jasna: ako sakame da vlezeme vo EU i vo NATO ce treba da napravime kompromis so grcija. A kompromis e da go smenime imeto. Za nas najdobro bi bilo nekoja pridavka koja odgovara na realnosta - Severna Makeodnija ili Gorna Makedonija. I toa MORA da se vnese vo ustavot kako ime za megunarodna upotreba. Za domasna i za bilateralna da si ostane Republika Makeodnija. Narodot se razbira samo Makedonski i jazikot makedonski. E Grcija bi sakala da "lupne" SEVERNO i na jazikot i na narodot... Site znaat deka treba da popusti;me ako sakame integracija. Toa e sto e. I koj i da e i SDSM i VMRO... Samo Grujo najde kako da se izvlece od odgovornosta - organizira izbori iako site vikaa deka ne e vreme za izbori. Zasto, ako napravese kompromis, SDSM ce se pojavese kako pogolem patriot i ce plukase po Grujo deka go smenil imeto i Grujo ce padnese... Pomegu vlez vo EU i dve dopolitelni godini mandat Grujo go izbra vtoroto...
Од: Potomok na Aleksandar
Датум: 04.07.2008 12:33:44
Go`s Kramarska Kartu u Djep Vos neka ide Jas od Avstralia vidov deka taka narecen 9ti Juli vos ne ni postoj neznam so koj pamet pishuvate gluposti deka Makedonia ja prepushti shansata da bide primena vo NATO pa zarem NATO e po vazen od Makedonskata drzava i Nacia. Deneshnite Makedonci nemat ama ic pravo dago promenat imeto na Makedonskata drzava a vie gospogjo Kramarska mazite da go smenite imeto samo ako ste 5000god STARA.! doviduvanje do naredniot VOS.
Од: eu
Датум: 04.07.2008 12:38:04
batalete nato tamu treba da davate i pari(stotici milioni dolari godisno za kupuvanje samo nivno oruzje a i placanje so krv t.e. mora da pracame vojnici za interesite na sad).zavrtete se kon eu tamu se parite vo sprotivno ce prodolzime da odumirame kako nacija za nisto ne ne biva sami.
Од: GASTARBATER
Датум: 04.07.2008 13:52:20
Bi sakal da mu napisam na gos.za komentarot sto go ima napisano do d-dorf.Veruvam deka i ponataka ke si ja srkas corbata vo bit pazar i ke razmisluva za vozot sto e zaminat, ziveejki vo izolacija.NIE ve ostavivme na mir i do kaj stasa nasata dereza?? So koje pravo mu pisuvas , dosta ti e od nas Gastarbateri ??? Ne si vo sostojba da ja sogledas "REALNOSTA"Sto se odnesuva do vozot- go izgubivte plasnot na vozenjeto, ama pak zato gi imavte "IZBORITE" pa sega vozete se so toj plan na celo so Gruevski, za da pravite bajram so vasite mali umovi, a za kurbanite ne ti pisuvam!! Zato ke si go cekas sinobus sto ke te odnese do Albanija, Bugarija,ili Grcka.Celiot svet ne predupreduvase deka bez kompromis za ime nema ni EU ni NATO. a , patroiotite kao tebe i ponataka ke zivat vo BANANA REPUBLIKA
Од: Darth Wader
Датум: 04.07.2008 14:03:36
Погоре пишува: „Никола Груевски, сите свои активности ги пренасочи кон внатрешните економски прашања“ Мислам дека ова е правиот пат. Економско и внатрешнополитичко зајакнување на Македонија. Останатото полека само ќе си дојде ...

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Претходен број
Спас за измамените од „Фи-ком“ е нов инвеститор
Зденко
Високите потпетици на Саркози
Грција одбива разговори за протераните Македонци
Во владата влегуваат и ДПА и ДУИ?
Бура по предлозите на Моника Маковеј
Драмата на Егејците (5)
Културата во менгеме
Егејската трагедија и политиката
Регистрирањето возила поевтини 5 отсто, а не 30
Обдукцијата готова, траги од крвта на Танески најдени и кај трета жртва?
Нова амбасадорска битка меѓу владата и претседателот
Социјален капитал
Verbatim