Брoj 2728  петок, 04 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Фељтон
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Обдукцијата готова, траги од крвта на Танески најдени и кај трета жртва?

Крвта пронајдена на облеката на Темелкоска и на Личоска се совпаднале со крвта на новинарот


МВР најави нови сознанија за случајот, но не се знае кога ќе бидат презентирани: улицата каде што живееле убиените жени

Институтот за судска медицина во Скопје ја изготви обдукцијата на телото на кичевскиот новинар Владо Танески (56), осомничен дека е серискиот убиец на жени. Извештајот се очекува да биде проследен до истражниот судија, а потоа и до надлежните во судот во Гостивар. Форензичарите одбиваат да соопштат до какви сознанија дошле во текот на обдукцијата, почитувајќи ги законските прописи. Сепак, според првичните сознанија се говореше дека обдукцијата потврдила дека Танески починал од давење, на што укажувале трагите од вода пронајдени во неговите бели дробови, но форензичарите направија и реконструкција со цел да утврдат како е можно возрасен човек да се удави во кофа со вода.

Неофицијално се дознава дека форензичарите, независно од полициската истрага, зеле примероци од биолошки материјал пронајдени кај Љубица Личоска (55), која во февруари годинава беше пронајдена кај преслапот Стража, како и кај последната жртва Живана Темелкоска, чие тело беше пронајдено пред два месеца кај стадионот на ФК „Влазрими“ во Кичево. Наводно, остатоците од крв пронајдени на облеката на жените целосно се совпаднале со крвта на Владо Танески.

МВР најави нови сознанија за случајот што го следи и светската јавност, но кога ќе бидат презентирани се' уште не се знае. Танески е осомничен дека ја убил Живана Темелкоска (65), а докази биле пронајдени и за убиството на Митра Силјаноска (61), чие тело беше пронајдено пред три години кај недоизградената сала во Кичево. За грозоморното убиство на Силјаноска и на Радослав Божиновски (68) од Малкоец, на доживотен затвор беа осудени кичевците Анте Ристески (31) и Игор Мирчески (28). Полицијата се сомнева дека Танески ги убил и Љубица Личовска, како и Горица Павлевска, која е исчезната веќе пет години. Два дена по апсењето, односно триесетина часа откако беше сместен во ќелија во тетовскиот затвор, Танески беше пронајден удавен во кофа во која имало два литра вода. (Д.Т.-Г.А.)


Статијата е прочитана 2503 пати.

Испрати коментар

Од: zakonot
Датум: 04.07.2008 10:32:51
fakt e deka covekov e namesten- pa sega i mrtov ne go ostavaat na mir- mesto da gi najdat tie sto go ubija tie odat od glupost do glupost-nema zivot vo makedonija so vakvo sudstvo i policija
Од: andre
Датум: 04.07.2008 12:32:50
kako moze da ima ostatoci od krv od novinarat kaj zrtvite koga toj gi ubil i isekol na parcinja pa znaci trebalo da ima borba kade tie ili go frebele ili go apele?no vo toj slucaj toj bi se oslobodil od nivnata obleka!dali tie ostatoci se bazirat samo na krvna grupa?zatoa sto vo mak nese vrsi dnk tuku se praca vo slovenija sto znaci sepak ima prostor na namestaljka....moze e venivoven samo zatoa sto bil novinar i pisuval podetalno........
Од: makedonce
Датум: 04.07.2008 13:36:04
covekov e namesten ocigledno i sega pravite ubijci gi brisat tragite...zar ima sudija cesen vo makedonija sto ke presudi pravilno ...nema 100%

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Претходен број
Спас за измамените од „Фи-ком“ е нов инвеститор
Зденко
Високите потпетици на Саркози
Грција одбива разговори за протераните Македонци
Во владата влегуваат и ДПА и ДУИ?
Бура по предлозите на Моника Маковеј
Драмата на Егејците (5)
Културата во менгеме
Егејската трагедија и политиката
Возот за 9 јули пропуштен, ќе се чека некој друг
Регистрирањето возила поевтини 5 отсто, а не 30
Нова амбасадорска битка меѓу владата и претседателот
Социјален капитал
Verbatim