Брoj 2728  петок, 04 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Фељтон
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Спас за измамените од „Фи-ком“ е нов инвеститор

Што ќе се случува понатаму во оваа станбена афера многу ќе зависи од тоа што ќе одлучат оштетените

Љубиша Станковиќ

„Сега, по цели две години протести и талкања по судовите, имаме некаква надеж дека барем малку од малку ќе се обесштетиме“, искоментира една жена која во вторникот присуствуваше на испитно-стечајното рочиште за аферата „Фи-ком“. Нејзината среќа почива на фактот дека зградите што ги градеше фирмата „Фи-ком“ не влегоа во стечајната маса, но и на тоа што сега ќе треба да се докажува сопственоста на сите изградени или недоизградени станбени и деловни локали.

Оваа жена вели дека и' е преку глава и тоа што во изминативе две години била присутна на сите случувања кои се поврзуваа со една од најголемите градежни афери во државава. Во наплив на искреност, таа рече дека можеби претерала и со сопственото медиумско експонирање, но дека „можеби токму медиумите биле тие кои најмногу помогнале во расчистувањето на измамите со двојните и тројните продажби на становите кои ги продавале Никола Николиќ и неговата сопруга Весна Столевска-Николиќ“. Сопружниците во моментов се на издржување на десетгодишни затворски казни.

Она што сега е важно за стотиците измамени во аферата „Фи-ком“ е одлуката на стечајниот судија и тужбите кои допрва ќе треба да следат и со кои ќе треба да се докажува правото на сопственост. Што ќе се случува понатаму многу зависи и од самите оштетени. Некои од измамените може да се надеваат дека ќе дојдат до своите скапо платени станови, но дали тие самите ќе ги довршуваат или тоа ќе го сторат со обезбедување инвеститор кој ќе ги откупи објектите, ќе треба да се почека.

Како и да е, аферата која речиси две години ги потресува сопствениците на становите во „Антигона 1 и 2“, „Ева“, „Филип“, „Дана“, „Николина“ и можеби на уште некоја зграда е пред разврска.

„Меѓу оштетените има и судии, обвинители и адвокати. Може само да си замислите како е кога искусни правници се измамени само поради тоа што не постоела никаква правна заштита. Луѓето, едноставно, не можеле да знаат ништо повеќе од она што им било презентирано од претставници на локалната власт, а се' било право покриено. Поради одредени законски недоречености, ни се случуваат афери од типот на ’Фи-ком‘, ’ГИА инженеринг‘, ’Самарија‘, ’Конартис‘ и кој ли уште не? Во имотните листови стојат заведени старите објекти, а новите згради никаде не се евидентирани“, вели адвокатката на измамените станари Лорија Ваневска. „Жалам што измамата за ’Фи-ком’ заврши вака. Сметам дека Никола и Весна Николиќ не можеле самите да го направат сето ова. Но, ова не зависи само од нас, туку и од државните органи кои можеби малку повеќе требаше да прочепкаат во оваа голема афера“.

Како дојде до скандалот наречен „Фи-ком“ и по две години откако избувна е тешко да се каже. Добриот глас што брачната двојка Николиќ го стекна започнува со нивниот прв изграден објект. За зградата викана „Минопол“ ќе се говори како за објект кој е изграден брзо и квалитетно и пред се' со решени комунални и имотни прашања. По оваа, Никола и Весна на улицата „Виктор Иго“ ќе изградат уште две други згради. И за нив ќе се говори како за солидно изградени згради за кои од купувачите е побарана реална цена на чинење за квадратен метар.


Од по трње на оние што мислеа дека ќе ги решат своите станбени проблеми

За фирмата „Фи-ком“ и надлежните ќе кажат дека е „градежна компанија која е на бела листа“. По кратко време „Фи-ком“ пристапи кон изградба на објектот наречен „Антигона“, а само една година подоцна започна со градба на „лепенка“ која е наречена „Антигона 2“, но работите ќе се прекршат на самиот крај на 2005 година, а веќе кон средината на август следната година почнаа и првите проблеми. Граѓаните кои издвоиле средства за таканаречена заедничка градба ќе бараат од сопствениците на „Фи-ком“ раскинување на договорите и враќање на вложените средства.

За Никола Николиќ се шпекулира дека побегнал од земјата со парите што му биле дадени, но тој се' до неговото апсење, кое се случи кон средината на септември, правеше напори да обезбеди средства со кои или ќе ги обесштети купувачите или ќе ги доизгради започнатите објекти.

Веројатно, тука и треба да се бара клучот на проблемот со Еуростандард банка. Имено, Никола Николиќ тврдеше дека, и покрај срочениот нотарски акт за обезбедување рамковен риволвинг-кредит од 90 милиони денари, парите никогаш не ги добил. Банката едно време и посегна по имотот на „Фи-ком“, со образложение дека станува збор за активирање на хипотеката.

Клучен пресврт во целата работа донесе стечајната управничка Весна Спировска, која а оспори хипотеката, но на Еуростандард банка и' призна парично побарување. Станува збор за 15 милиони денари кои цело време откако се отвори аферата „Фи-ком“ се спомнуваа како некои реално исплатени средства.

„Сега имаме една атипична ситуација. Стечајниот управник не ја признава хипотеката, а, од друга страна, не' упатува на парично побарување. Она што е битно за банката е дека се разби фамата, односно дека се дадени пари. Затоа и очекуваме неевидентираното да не се признае и врз основа на тоа да се реализира наплатата на хипотеката“, вели адвокатот Славчо Секулов, правен застапник на Еуростандард банка.

Што ќе се случува понатаму со имотот на „Фи-ком“ може само да се насети. Измамените купувачи на станови сметаат дека сега можат да си дозволат таква слобода да изберат начин на кој ќе бидат обесштетени.

Адвокатот Љупчо Андоновски, кој во стечајниот судски предмет застапува повеќемина измамени, вели дека е најреално и најбезболно да се најде инвеститор кој можеби не во целост, но ќе ги обесштети во добар процент.

Андоновски потврдува дека веќе има прелиминарни разговори со еден таков инвеститор, но дека детали нема да се изнесуваат се' до окончување на целата постапка.

Иако адвокатот не сака многу да говори за ваквата можност и за потенцијаниот инвеститор, сепак, се говори дека можен купувач на зградите на „Фи-ком“ е градежниот магнат и милијардер Беџет Пацоли. Дали Пацоли или некој сличен на него ќе претставува спас за десетиците, еднаш веќе измамени граѓани, ќе покаже времето.


Статијата е прочитана 774 пати.

Испрати коментар

Од: Poparen Petel
Датум: 04.07.2008 09:31:48
Osnovno pravilo pri izmamite: Moze da se izmami samo lakom covek !!! Zarem na kupuvacite ne im bese jasno deka za tolku niska cena po kvadraten metar ne e realno da se kupi stan na 1 km od centarot na gradot ??? Zarem ne im bese jasno deka so odenje "preku-trupa" ne ja pocituvaat svojata drzava (zakoni, propisi), od koja sega baraat zastita i spas???
Од: pece
Датум: 04.07.2008 14:52:47
Pocituvana Redakcio Da go prasam popareniot petel a kolku treba da cini metar kvadraten.Jas plativ 700 evra za kvadrat.Ako na nekoj mu platis 80% od stanot odnapred kolku treba da cini.So nasi pari trebase se da plati i da mu ostanat od 150-200evra po kvadrat pecalba.malku li e.Materjalot i vo berovo i vo skopje i vo prilep e ista cena duri vo skopje e i poevtin komunaliite se samo po skapi.Greska e samo sto vlasta ne sakase da go slede tokot na parite a ne moze nikoj da me ubede oti ne se znae kade se zavrseni.Po nekoi nasi informacii 20 miliona evra preku dve nasi banki se prefrleni vo avstrija.Sto ce pravime nie 10 familii koi uplativme vo BUBA a taa nikogas ne se izgradi i kaj zavrsija parite za komunalii koi bea uplateni na opstina centar.Za sto se upotrebija 40.000 evra

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Претходен број
Зденко
Високите потпетици на Саркози
Грција одбива разговори за протераните Македонци
Во владата влегуваат и ДПА и ДУИ?
Бура по предлозите на Моника Маковеј
Драмата на Егејците (5)
Културата во менгеме
Егејската трагедија и политиката
Возот за 9 јули пропуштен, ќе се чека некој друг
Регистрирањето возила поевтини 5 отсто, а не 30
Обдукцијата готова, траги од крвта на Танески најдени и кај трета жртва?
Нова амбасадорска битка меѓу владата и претседателот
Социјален капитал
Verbatim