Што прават денеска Драги Рашковски
асс. на Правен факултет „Јустинијан Први“
Станувам во 7 часот, се возам до факултет да ме фати воздух и цел ден подготвуваме испити, некаде до 18 часот, па назад дома кон интелектуална надградба за постдипломските студии и љубов преку жица со девојка ми.
Александар Петровски
монтажер
Денот ми почнува со кафе околу 9 часот. Во 11 сум на работното место во А1 на монтажа, техничка подготовка на дневноинформативната програма и подготовка на забавни емисии. Првата задача ми се вестите во 12 часот, па се' до 18 часот. По работниот ден, вечерта е резервирана за малку рекреација на кеј, трчање или можеби возење велосипед, а потоа на кафе или пиво со блиските пријатели.
Бојан Јовановски
шоумен
Се подготвувам за вечерашната промоција во ресторанот „Дион“ во 20,30 часот за мојот нов албум „Особа икс“. Се надевам дека тоа ќе биде незаборавен настан. Ќе присуствуваат многу новинари, пејачи и луѓе од шоу-бизнисот. Исто така, и напорно работам на пробите за мојот хуманитарен концерт што ќе го одржам на 19 септември на Градскиот стадион. |