Број 3080  понеделник, 07 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Мислења

Грешката е системска

Илија Димовски

Македонија не смее да си дозволи луксуз на страшни осцилации во политичката клима во еден вака клучен период

Концептот на тотална и целосна битка со политичкиот опонент е штетна. Овој концепт не може да донесе ништо добро ниту за политичките групации, ниту за државата, ниту, пак, за граѓаните. Таквото гледање на политичкиот живот, таквото гледање на демократијата воопшто, крие нешто страшно. Овој начин на практицирање на политиката во себе го крие демократскиот дефицит кај политичките структури, кои го поставуваат како единствен начин за себепромовирање, за опстојување или евентуално за триумфирање на политичката сцена. Овие и вакви структури на очиглед ја поставуваат својата немоќ, но и своето нетрпение кон политичките убедувања различните од нивните. Тоа е наследство од блиското минато. Тоа е наследство од политичарите, кои потекнуваат од претходниот систем.

Ова погоре е помекото објаснување за можните причини за појавување на концептот за тотална битка со политичките опоненти. Има уште едно поимање, кое, за жал, е уште повеќе страшно. Таквото поимање се крие во одговорот на едно многу едноставно прашање. Прашање што можеби често ни се вртело низ мислите. Што губат кога не се власт? Сигурно многу. Сигурно е нешто што го немаат кога не се. Сигурно е нешто што не треба да го имаат ниту кога се на власт. Но, ова е тема за друг текст. Прешироко е.

Таквата битка треба да се запамети оти, како по правило, носи многу повеќе штета за оној што ја практикува како концепт, од она што како штета ќе го добие оној кон кого е насочена.



Во Македонија, секоја пролет и секоја есен, очекуваме офанзива. Политичка, се разбира. Но, веќе станува забавно и помалку е за подбишега кога ќе ги слушнеме силните најави за политички офанзиви. Таквите најави најчесто прво ги слушаме од некои високобуџетни, но нискорангирани медиуми. Потоа ги читаме како најави во колумни и текстови на плејада борци за слобода и демократија (кои во слободно време се хонорарци во гореспомнатите медиуми или во одредени невладини организации, силно поддржани од други високобуџетни симпатични центри). Следуваат анализи, процени, независни интервјуа. Следуваат закани во македонското Собрание. Следуваат говори полни со адреналин, а испразнети од аргументи. Следуваат прес-конференции. Така се подготвува земјата за политичка пролет или есен. Во круг, постојано. И за среќа, последниве три години безуспешно.

Кај граѓаните се наметнува чувство на исчекување, но се наметнува чувство и на напнатост и наелектризираност. Тоа е лошо. Граѓаните навлегуваат и се внесуваат во политичките пресметки меѓу елитите. Намалувањето на нивото на опседнатост со секојдневната политика кај нормалните луѓе е одличен процес, но при најава и чувство за вакви т.н. офанзиви тој процес е во обратна, односно спротивна линија. Македонија не смее д�� си го дозволува луксузот да дозволува страшни осцилации во политичката клима во еден вака клучен период. Македонија не смее да си го дозволи тој луксуз ниту, пак, поради причините на овие политички структури, подготвени за концептите за целосна битка.



Она што треба да се постави како стандард не е нешто ново, не е ниту, пак, нешто што ние први ќе го смислиме. Низ процесите за демократизација поминале огромен број општества и држави. Има огромен број искуства, но не се многу различни. Секаде, политичката понуда се сведува на два клучни столба. Првиот столб е програмската понуда и подготвеноста за креативен пристап кон решавањето на проблемите на граѓаните. Вториот столб е кредибилитетот на политичката структура (колективно и индивидуално), која е носител на одредена политичка групација. Ако недостасува кој било од овие два елемента треба да бидеме релативно сигурни дека процесите нема да се движат во позитивна насока за политичката структура без квалитетна програмска понуда или без кредибилитет на политичката елита. Тука нема милост. Тоа е во природата на демократските процеси. Недостатоците можат да се прикриваат, можат да се фингираат. Може дури и да се дефокусира јавноста кон други помалку или повеќе значајни теми. Но, недостатоците остануваат. Тие ќе бидат фатални за носителите на таквите недостатоци. Но, не смеат да бидат штетни за државата.

Да видиме на што досега се сведе политичката понуда од страна на опозицијата. Политичка понуда од страна на политичка елита која смени четворица лидери за три години. Речиси една година под лидерска палка на Владо Бучковски, малку повеќе од една година под палка на Радмила Шекеринска, половина година под раководство на струмичкиот градоначалник Зоран Заев и, секако, речиси една година под лидерската команда на Бранко Црвенковски (од моментот кога најави дека се подготвува да се соочи со Груевски на парламентарни избори). Оваа политичка елита понуди неколку теории за неуспешноста на Владата на Груевски. Теории кои и во својот зародиш беа доведени под знак прашање не само од политичките опоненти, туку и од стручната јавност во Македонија.



Теоријата за надворешно-политичка изолација пропадна. Се сеќавате ли на сите силни прес-конференции од првиот кабинет, се сеќавате ли на сите силни говори во македонското Собрание, на силните интервјуа, експертизи, колумни, офанзиви...? Владата беше обвинета дека сака да ја изолира сопствената држава од модерните евроатлантски интеграциони процеси. Ништо од тоа. Празно. Евтино и кратко. Не требаше никој од дома да се спротивставува на тие потпросечно наклепани политички позиции. Требаше само да почекаме времето да ја покаже вистината. Требаше само да почекаме да слушнеме дека Македонија ги исполнува сите стандарди за членство во НАТО, да слушнеме дека Македонија, конечно, ќе го добие визното ослободување, да слушнеме дека Македонија успешно се справува со исполнувањето на осумте критериуми за добивање датум за почнување преговори за членство во Европската унија. Требаше да почекаме да видиме дека нашиот владин врв е редовно во посета и на средби со значајни светски лидери. Тоа не е изолационизам. Тоа е грижа за сопствената држава.

Теоријата за економските промашувања на Владата пред економската криза пропадна. Се сеќавате на нападите врз Владата поради нејзините намери да ги намали даноците? Прашалниците за зголемувањето на платите и на пензиите. Теориите за лошите пласмани во земјоделието. Се сеќавате ли на позициите за штетноста од државното учество во зголемувањето на инвестициите во Македонија? Можеби некој ќе се сети и на теоријата на опозицијата дека високите цени на храната и на нафтата пред една и пол година беа предизвикани од нашата Влада. И има уште на што да се потсетуваме, но нема место во една колумна.



Теоријата за погрешните мерки за санација на последиците од светската економска криза пропадна. Македонија е една од ретките држави каде што падовите не се страшни. Македонија е една од ретките држави што ги зголемува пензиите (иако за многу мал процент) во екот на светската економска криза. Македонија е една од ретките држави каде што не се зголемува невработеноста во моменти кога таа расте и по десетина проценти во доброразвиените држави низ Европа. Конечно, нашата држава најави намалување на данок во период кога во другите држави од нашето опкружување се зголемуваат постојните даноци и се воведуваат нови.

Теоријата за социјална негрижа пропадна. Дали можат да критикуваат тоа што драстично се зголемија пензиите? Дали можат да спорат тоа што се зголеми генералното субвенционирање во државата? Се подобри структурата на социјално згрижување и помош. Почна изградбата на социјални станови. Се воведоа програми за социјално згрижување на ранливи категории луѓе. Пропаднаа обидите оваа власт да се претстави како бесчувствителна.

Теоријата за неснаоѓање во меѓуетничките односи пропадна. Иако многу се обидуваа, но не успеваат. Се сеќавате ли на тоа колку често имаше инциденти во минатото. Се сеќавате ли на времињата на Кондово, Гостивар, Бит-пазар, Мала Речица, Радолишта... Сега не е така. Има уште многу да се сработи, но е многу подобро од она што го имавме претходно.

Што е тоа што следува? Не е значајно повеќе. Сите видовме дека не станува збор за содржината, веќе станува збор за формата. Некој не се снаоѓа најдобро во улогата што ја има. Што и да проба ќе погреши, затоа што грешката е системска.



(Авторот е пратеник)


#
Статијата е прочитана 2278 пати.

Испрати коментар

Од: Ace od Avstralija
Датум: 07.09.2009 00:47:12
Ako kometiram vo stil: Grandioznosta na elektoratot e katadnevnata moc vo prizma na bisekularnata konstrukcija vo senzacionalnata moc na avangardata - ce bidam intelektualec so tapija od citatelte. Ako recam: Ovaa EPP vlada so firerot Grujo go seksira narodot, ce bidam pocesen clen kaj GEM i Plostadot, a voedno i podrska od moite kontrasi... A vo Ace stil velam: taka e Ilija, prosto i ubavo kazano, ama koj da te razbere.
Од: Трпе Т.
Датум: 07.09.2009 00:50:21
Браво бе Илија! И АЦЕ од Австралија не може ништо попаметно да каже во своите коментари... Уше малку ти треба да го надминеш...
Од: gargi
Датум: 07.09.2009 01:13:57
g.Dimovski Vas politicki oponent mnogu poveke e narodot otkolku SDSM na kogo aludirate vo tekstot.Sigurno rejtingot na SDSM od 10% Ve raduva no uste posigurno Ve zagrizuva faktot deka i pokraj vakvite "kolosalni" uspesi na vasata Vlada i prekrasnata sostojba so standardot na naselenieto Vam rejtingot Vi opaga,a ste sooceni i so 55% procenti od makedonskoto graganstvo koe ne Ve saka (da bese poinaku rejtingot ke Vi bese barem za polovina od ovie pogolem).Na bezobraznata partizacija vo sudstvoto,obvinitelstvoto,obrazovanieto,odnosno na politikata na totalna vmrovizacija koja ja sproveduvaat Manevski (koj neli ne poteknuva od prethodniot sistem) i negovite kolegi od Vladata,prostete g.Dimovski,ama mora i ke ima politicka oscilacija,pa togas politickata ofanziva (no narodna),nema da Vi bide mnogu zabavna nitu smesna.I za kraj,kako pandan na opozicionite mediumi koi spored Vas neosnovano kritikuvaat se i sesto,vam izgleda Vi e dodelena ulogata na Gebels da brani i velica se i sesto,iako miz
Од: Оливер
Датум: 07.09.2009 01:41:34
Заради ваквите настапи на дневно политиканство, без програма и со лажење рејтингот им е 9,1 %, ако продолжат вака ке дојдат до ниво на Тачи, На крај сакам да додадам уште нешто во колуната што мислам дека вреди да се спомне нивната теорија дека со враќањето на Бранко целиот народ ке потрча по него но за нивна жал а среќа на Македонија се случи спротивното рејтинг од 13 % го симна на 9% со тенденција на опаѓање.
Од: mene
Датум: 07.09.2009 02:18:26
boze gospodi, koj populisticki tekst. deka opozicijata e neorganizirana, neinventivna i prazna site znaeme, no toa ne e osnova za zaklucokot deka "promena na politikata, t.e. oscilacija e stetna vo ovoj moment". takov argument moze da projde kaj nepismen, zaslepen poslusnik. mnogu demokratii se razvivale dolgo, ama mnogu i niz revolucii. a vo ovaa zemja SEGA e potrebna revolucija - protiv nepismenite, neodgovorni kadri vo vladata na gruevski, koi ne za srekja, tuku za nesrekja gospodine... stojat na vlast 3 godini. samo partiski vojnik toa nemoze da go vidi.
Од: mitko za pojavata na fasizam
Датум: 07.09.2009 02:29:04
Uspesite na Vladata poubedlivo gi objasnuva Milenko koga ke pocne da raskazuva kako kafanite se polni. Smesen si, ama ke proplaceme od takvite kako tebe. Jas denes bi sakal da gi istaknam problemite vo obrazovanieto koi vie gi imate sozdadeno. Toa e celosno pred kolaps i stetite koi ke gi nanesete vo ovaa sfera ke gi nadminat stetite koi SDSM gi nanese so privatizacijata. Posebno bi sakal da se osvrnam na ovaa posledna svinjarija vo koja gi otpustate nastavnicite koi ne se clenovi na vasata partija. Toa brajko e cist i veke viden fasizam. I sigurno ke bide sankcioniran vo Strazburg. Da im go zemate lebot na licata koi ne se od vasata partija e mnogu golema svinjarija. Taka na Evreite porano im bese zabranuvano da rabotat nekoi dejnosti taka na Kosovo Milosevic gi otpusti site Albanci pa celiot svet go bombardirase. Pogana rabota e da moras da bides VMRO-vec za da rabotis. Odvratno ja vodite drzavata. Sto da pravime nie sto ne sme VMRO-vci, a da dodadam deka ne sme nitu SDSM-ovci?
Од: Chichko Stoilko
Датум: 07.09.2009 08:15:31
Demagogija do bezsvest.So koja rechenica zapocnuva tekst a kako go zavrsuva.SRAMOTA be Ilija bez visoko obrazovanie !Zboruvas za koncept da ne smee nikoj nisto da kaze protiv ovaa fasisticka vlast.Ne berete gajle ovoj narod po rod e antifasisticki,a ako zboruvas i za stariot sistem negovite funkcioneri baraj gi vo vasite redovi.
Од: no name
Датум: 07.09.2009 08:32:44
Г. Димовски оваа држава што ја опишувате изгледа како Елдорадо, но за жал народао не живее во неа..... Или пак не живее како Вас и не го гледа и не го чувствува она што Вие го гледате и чувствувате, па заради сето тоа и не знае во каков прекрасен розов (портокалов) свет живее.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 07.09.2009 08:51:37
Малку е лицемерно во ,,жалот,, за некадарната опозиција,во нашиот политички живот ако би можеле би ја столчиле опозицијата само да се има бескрајна власт,тоа се однесува и на двете опции.Жал за изгубените привилегии кај опозицијата ви е точна така се случи и 2002 год кога дојде СДСМ,исто така се слушаше плач од отпуштените.Моја препорака ви е да ги зауздате локалните шерифи а посебно кај коалиционите партнери(ептен се брутални) и да го запрете ова отпуштање во образованието.
Од: Valerija
Датум: 07.09.2009 08:51:45
Avtorot e pratenik. Toj e ilegalen patnik vo politikata, vecen student,profesionalno i obrazovno nerealizirana licnost,obicen partiski mediokritet,potprosecen orator i zdodeven kolumnist. No avotorot imal srekja-sekirata mu padnala vo medot, partijata go smetala za eden od povekje ucenite, mu stavila cip vo mentalniot sklop i go vturnala vo ladnite vodi na javnoto eksponiranje. Ne mozam da sporam so nego, bidejkji ne sporam so prazni frazite frazi na politikanti. Go pocituvam Utrinski vesnik i smetam deka mora da go zadrzi renometo na seriozen vesnik, kade kolumnisti se lugje od koi ima sto da se slusne i nauci.
Од: стружанец
Датум: 07.09.2009 09:00:07
Господине Димоски,извонредна анализа со поместени улоги.Од кои причини направивте вонредни избори.Од причини да ја поразите опозицијата ,да добиете 62 пратеника , за да не можеле да ви ги кочат грандиозните 100 чекори.Од кои причини имавте двојство при локалните избори? Дали вашиот премиер мораше да дообјаснува што се ќе направеле вашите кандидати за градоначалници ако биле избрани.Се сеќаваме сите:Ако тој и тој биде избран ветува дека ќе направи/ сто работи/ и така папагалски преку целата кампања за сите исто.Деца ли се тие да незнаат што да кажат или за да се освои тоталната власт за која сега кажувате дека не било убаво ,било штетно ,бла,бла,бла.Како бре не ви е срам.Веќе утре заборавате што сте кажале вчера.
Од: EPP doktrina
Датум: 07.09.2009 09:02:07
Povtorno eden prazen, manipulativen ,propagandisticko-populisticki tekst namenet za marketinski celi i " ispiranje" na mozokot na narodot. Za sreca , a za Vasa zal, narodot vece ja svati propagandisticka EPP doktrina i nikoj , sem nekoi vasi poslusnici, ne vi veruva ni zbor.
Од: ЦК СКВМРО®
Датум: 07.09.2009 09:29:30
Интересна Трагедија, но Вистината е дека Сите „наши“ политичари (вклучувајќи го тука и портокаловиот Неред) Потекнуваат од Претходниот Систем!! Карактеристика на Претходниот систем беа Розови Очила! Разликата со Денешниот е „огромна“! Сега очилата ни се Портокалови, но со Затемнета пластика, па Прст пред око не гледаме! И очигледно е дека Ваквите Очила ги носат само во Бладата и оние ситни (души), но значајни Кодоши, кои непречено, со Полна Пареа работат 24 часа, само осум дена во неделата, Бидејќи во останатите (часови) продаваат на пазар, ги обработуваат своите ниви, вадат Лажни Боледувања, и дури ни Раководителот не им може ништо, затоа што, така му кажале од „Централата“, Тој е Најбитниот за Човештвото и Опстанокот на Нацијата Ни! Без него и ним сличните „ќе ни пропадне државата“! Секако „вработеноста“ на ваквите Сподоби е Зголемена, па вие го гледате Цветањето, Медот и Млекото што течат по златните улици! Прекрасно Е кога човекот си се Залажува самиот себе си!
Од: Коментатор
Датум: 07.09.2009 09:46:40
Толку многу глупости и демагогија што не можат ни да се коментираат!
Од: R..
Датум: 07.09.2009 10:29:50
Ima pravo detevo koga go ostava za edena druga klumna objasnuvanjeto, sto gubi opozicijata koga ne e na vlast bidejki ke trebe da objasni sto ON i KOMPANIJATA dobivaat sega koga se na vlast. Edno sto vednas narodot znae , e sto sé izgubi za ovie 3 "slavni "godini! Dali detevo vistina veruva vo ovoa sto pisuva ili saka pak da dobie PETKA po domasno od ucitelkata?! Ako ne e svesen za nasata izolacija od svetot, neka gi prasa onie naivni bezplatni lobisti rastureni niz svetot kako crvenejat koga se zbori za "nasite uspesi"! A viznata liberalizacija, ne e negiva- nivna zasluga, tuku ako ja bide, ke e od SOZLENIE kon makedonskiot narod. Dete ne misli na dobra beleska za da go pomines klasot, tuku uci za PODOBRA IDNINA !
Од: ЏониМ.
Датум: 07.09.2009 11:21:09
Изгледа дека пратеничево само уште еднај на потврдува позната „аКО гОСПОД САКА ДА КАЗНИ НЕКОГО ОД ДПМНЕ, првин ќе му го поврди она што го нема, а потоа ќе го натера да пишува, демек, КОЛУМНИ! Момче, знаеш ли што е КОЛУМНА, која и кога ја пишува и како треба да изгледа, што, освен празни зборови, ќе има во неа...
Од: Donald Duck
Датум: 07.09.2009 11:44:39
Koga fo citav tekstot, se mislev deka nema da imam dovolno mesto za komentar. No, chitajki gi komentarite na drugite chitateli, vidov deka gore-dolu mu kazaa na mladiot srednoskolec Ilija sto imaa da mu kazat. "Таквите најави најчесто прво ги слушаме од некои високобуџетни, но нискорангирани медиуми" - dali avtorot tuka misli na Sitel i na Vecer? Gospodine Ilija, tolku ste providen i mizeren, sto duri i Ace od Avstralija ne se osmeluva da vi dade poddrska na ovoj tekst...
Од: dimce veles
Датум: 07.09.2009 11:50:12
bravo za tebe i za vladata na gruevski eden pozdrav od veles inace druze pratenice vo veles osven tvojte drugari sto gi ispovraboti sekade i serifuvaat vo veles drugite trpime za leb pa sega toa ako e uspesno rabotenje sto ke bide ako pocnete da rabotite neuspesno pozz od conceviot i bogat veles
Од: terezija
Датум: 07.09.2009 12:03:49
Nekoj ednash mu zameri na Utrinski- poradi 1 kolumna na prat. Dimovski:"...kako im dozvoluvate na sekoj da pishuva se' i seshto vo Vashiot i nash cenet vesnik..."Jas i togash ne se sloziv so takvata sugestija,a sega bi POTENCIRAL deka toa e prava t.e.VISTINSKA DEMOKRATIJA(da mu dozvolish na oponentot da gi iznese svoite stavovi..)I sega gledam deka sum imal POTPOLNO pravo.Bash me raduva shto I.Dimovski "srochil soliden text"-kako bi mozele site NIE da napravime edna komparacija pomegju dobroto i loshoto rakovodenje?!Odnosno shto se' I.Domovski napishal a shto uspeale da OSTVARAT...A da ne zboruvame za IZGUBENITE VO PROSTOROT I VREMETO...Da,da tochno toa se DPMNE i nivnata "kobajagi politika"...Da 'uspeesh' vo 100 chekori (odejki "napred") a da ja VRATISH za 1 cel VEK celata nacija vo nekoe NADMINATO vreme,eee Boga mi toa e "najgolemiot uspeh"da ne recham ravno na SENZACIJA.Gospoda (i od 2-ta polit. kampusa)najmalku sega ni e potrebno Vasheto part.prepucav.koe i ni ja don. TALIBANIZACIJ
Од: јас
Датум: 07.09.2009 12:39:30
Само неколку делови од колумната ќе ги коментрирам, зошто ако за се' коментирам весников ќе е малку. „Македонија е една од ретките држави што ги зголемува пензиите„--Да , а колку се зголемени трошоците за живот ( 2-3 пати повеќе од зголемувањето на пензиите и платите).„Македонија е една од ретките држави каде што не се зголемува невработеноста во моменти кога таа расте и по десетина проценти во доброразвиените држави низ Европа„ -- Па во МК има толкава невработеност , што повееќе од ова и теоретски не е можно! Европа има 2-3 % невработеност , а ние 15 пати повеќе..„нашата држава најави намалување на данок во период кога во другите држави од нашето опкружување се зголемуваат постојните даноци---Не е точно !! Данокот на имот годинава е 100% ПОКАЧЕН!!!Г-дине ПЛАТЕНИК во Собранието..ТИ можеби живееш ПОДОБРО во ова време , а каде сме НИЕ ОСТАНАТИТЕ без портокалова книшка???
Од: Трпе.
Датум: 07.09.2009 13:51:41
Учи Илија,учи.Не е времњето за продавање на демагогија.Македонскиот народ не е толку малоумен па да чека теоретски совети од недоучени.Неможам Илија ,позициско пратениче да те сватам дали си за демократија или диктатура што ја практикуват твоите.Не ми е јасно што сакаш да постигнеш со инцидентите во Гостивар ,Тетово па и кондово.Дали на лавот во уста главата треба да си ја ставиме па вие малите да гледате циркус.Па нели велиш дека македонците не треба да се делиме.Ти сега ги подржуваш грешките на албанците кои дио вчерати и твоите ги нарекувавте крвници.Ил�� по секоја цена сакате да останете на власт иако работите погрешно.Сега гледам дека инциндентите во шаторите за студентите на мајчин јазик на педагошки факултет и за знамињата во западниот дел на македонија ,сценаријата биле ваши.Па и неможе да се каже дека сте и баш македонци,со лажен патриотизав .Познато е на која страна од светот влечете со голем број втори државјанства.
Од: tebe
Датум: 07.09.2009 15:21:50
duri sega razbrav deka ziveam vo idealna drzava ,demokratija,kolku mnogu osetiv od reformite ama ne se sekiram za 10 godini ke bide raj, ke nema opozicija,ke nena bezobrazni novinari, ke ima 10 vladini tv,radija,5 aerodromi,10 000 sali od po 2000 sediste,5 golemi ,10 golemi avtopati, 200 patarini ,200granicni premini,samo ke nema koj da gi koristi zatoa sto prvata sansa be gospodine pratenik pile nema da ostane da zivee so 150 evra plate vo preubava makedonija
Од: Veles
Датум: 07.09.2009 15:44:21
Ne znam zosto ama site ste se fatile za toa kako i sto pisuva pratenikot Dimovski.Zosto samo napagjate zosto ne ja gledate situacijata kako proces vo koj komunjarite go dotepaa narodot zosto nikoj od vas mazite ne go spomne Sterjo,Minco,Hari i uste nekolkumina koi go drzat 70% od bogatstvoto na Makedonija, vratete se 20 godini nanazad polovina od niv bea goltari a sega???Zosto poslednava generacija politicari da bide kriva za se do sega,mislite deka lugeto vo trenerki ,crnite vreki ,oktopodi ne se krivi za situacijata vasa i nasa na site.Ke bide fer namesto da go plukate pratenikot,da si postavite drugi prasanja za luge okolu vas i nas koi sega isto plukaat po se a skrisno si se potsmevaat vo sebe bidejki ucestvuvale i tie vo razgrabuvanjeto na ovaa ubava drzavicka.Razmislete uste ednas

Најди! во Утрински
Насловна
Време е за оставка
Со пари ќе се носат странски инвеститори
Македонија подготвува вето за Грција
Зденко
Херојска победа над Израел
Трагедијата ја потисна прославата на полнолетството
Исполнети определниците за ЕУ - се е партизирано!
Сами се победивме во Глазгов
Вицепремиерот Пешевски медијатор во спорот со ЕВН
За едни мајка, за други маќеа!
Германија го заборава митот што ја создаде германската нација