Број 3080  понеделник, 07 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Македонија подготвува вето за Грција

Кошаркарите попладнево против јужниот сосед стартуваат на ЕП во Полска

Од нашиот известувач
Наум Котевски

ПОЗНАЊ - Почнува трката за кошаркарската сегашност, но и иднина! Долгите 10 години фрустрирачко чекање за излез од стакленото ѕвоно и афирмација на македонската репрезентативна кошарка на големата европска смотра се топеа далеку побавно од глечерите во Антарктикот. Но сега најбитно е што се стопија во уште само неколкучасовно исчекување. Денеска во 16.30 часот тука во еден од најстарите и петти по големина град во Полска, Познањ, кошаркарите на Јовица Арсиќ го играат против Грција својот прв меч во својот втор настап на едно европско првенство.

Иако, на овој дуел во државата, која е територијално нешто поголема од Италија, треба да се гледа само како на еден од низата од трите натпревари во групата А што треба да ги одигра Македонија, сепак, би било крајно наивно да се мисли дека туку така кошаркарите ќе успеат да излезат суви од морето на политички набој, поради долгогодишниот спор меѓу двете земји.

Спортот одамна е област од посебен државен интерес, некаде како таков официјално заведен и во уставот на земјите. Од фамозните антички „леб и игри“, па се до модерните држави, речиси никаде не е изневерен тој принцип. Оттаму јасно е зошто голем дел од навивачите тука во Полска, а и во Македонија, топло завиткани во провокативните знамиња од вергина на кошаркарскиот меч гледаат како на ексклузивен предмет на национален копнеж. Но, без разлика на измешаните емоции, спортски, политички, натпреварувачки, навивачите попладнево треба достоинствено да им дадат поддршка на своите кошаркари, на што апелираа тука и челните луѓе на Кошаркарската федерација.

Сличен апел до своите кошаркари упати селекторот Јовица Арсиќ, кој ги потсети дека не смеат да дозволат да изгорат во оганот на политиката. На тоа акцентот пред заминувањето го стави и македонскиот центар Тодор Гечевски. „Ние сме кошаркари, не политичари“, кажа во таа прилика популарниот Тоше, кој е оптимист дека оваа генерација ќе покаже дека е кадарна да прејде од категорија на потенцијално изненадување во легитимен кандидат за пласман најмалку во втората фаза (како што е познато, три репрезентации од групата одат натаму).

Во Познањ Македонија дојде на крилата на победничкиот менталитет. На последниот Ефес турнир, кој беше ЕП во мало (шест од тие репрезентации ќе играат и во Полска) кошаркарите на Арсиќ загубија само еден меч, оној во финалето од Хрватска. Сосема е јасно дека едно ЕП е тотално различна работа од било каков турнир, но во моментов нема причини да се сомневаме во изборот на Арсиќ. Србинот го собра најдоброто од Македонија, ако се изземе повредата на Влатко Илиевски. Имаме високи центри кои го отвораат рекетот, а од надворешните позиции може да погоди секој. Згора на тоа ако Познањ може да се пофали со најстарата катедрала во Полска ние може да се пофалиме со еден од најстарит�� играчи на првенството Врбица Стефанов. Никој тука во Полска, едногласни се сите, нема така „млад ветеран“. Тој е подготвен и максимално мотивиран за триумфално простување од својата прва љубов. Ако сите останати репрезентативци некако срамежливо најавуваат изненадување против Грција, тој беше најхрабар и кажа дека јужниот сосед ни е голема шанса. Тоа го поткрепи со неколку познати факти. Двократниот европски шампион Грција дојде во Полска со изменет состав и нов селектор на клупата, Литванецот Јонас Казлаускак, кој се обиде да креира многу побрза игра, со брзи шутеви, за разлика од Јанакис, кој беше поборник на долги напади на истекот на 24 секунди. Од тимот кој го освои златото во Белград 2005 година ќе ги нема Папалукас, Дијамантидис, Царцарис, Василопулос, Пападопулос, Хаџивретас, а тука се Спанулис, Зисис, Бурусис и Фоцис. Импресивни се крилните позиции со Принтезис од Олимпијакос и Перпероглу од Панатинаикос, а страшно под кошот изгледа џинот од Олимпијакос Скорцанитис.

„Знам дека повеќето мислат дека Грција не е толку квалитетна. Но погледнете го тимот. Тоа се играчи од Олимпијкос, Панатинаикос, ЦСКА Москва, Бенетон, дури игра и високиот Куфос од Јута џез. На секоја позиција имаат алтернатива. Добро, недостасуваат некои ѕвезди, но на вакви турнири може да бидат поопасни оние кои допрва се докажуваат. Кај нив мотивот е како планина“, предупреди Арсиќ пред денешниот дуел, оставајќи ја улогата на голем фаворит кај Грција, со напомена дека утрешниот меч со Израел треба да биде нашата меч топка.


#
Статијата е прочитана 7743 пати.

Испрати коментар

Од: Nikola
Датум: 07.09.2009 02:28:00
Steta ! Vasington so svojot kvalitet i serioznosta sto ja pokaza ,trebase i morase da bide vo sostavot za Polska.Se primetuvase deka Arsic e mnogu ponaklonet kon Mejsi i pokraj golemata neserioznost sto ja pokaza so izbegnuvanjeto na sekoj nacin da se prikluci na reprezentacijata vo pripremniot period.Vasington zasluzi vo sekoj pogled da nastapi vo Polska ,no "blagodarenie"na Arsic toj odpadna i se cudam zosto selektorot si poigra so emociite na Vasington? Toj uste koga go objavi spisokot ,se vide deka ne racuna na Vasington pa potoa poradi navedenata pricina resi da go povika Vasington na pripremite ,i na krajot kako sto se i ocekuvase go izostavi povtorno od konecniot spisok za Polska.So toa Arsic se pokaza kako dosta ne seriozna licnost !!!
Од: lenin
Датум: 07.09.2009 02:38:04
Da im posakame sreca i uspeh so pobeda.
Од: dimitar
Датум: 07.09.2009 08:52:42
Mojata generacija ke pobedi denes vo polska . Gecevski , Stefanov i drugite ke ja predvodat nasata reprezentacija kon uspehot.siguren sum vo toa. Napred Nasi , Grcija se plasi !!!!!
Од: Do Nikola
Датум: 07.09.2009 09:27:31
Srbinot napravi dobar izbor so Mejsi, dobar kosgeter, silen individualec.. Koga nekoj znae da dava po 30-35 kosa na utakmica za nego mora da ima mesto vo sekoj tim, taka sto Nikola - ne si vo pravo koga go sporeduvas so drugiot stranec.
Од: Realist
Датум: 07.09.2009 10:51:35
Decki, nasiot Tose Proeski vaka peese: I VO RADOST I VO SOLZI NIE KE TE BODRIME. Bez pritisok, ova ne e pole kade nie treba da dokazuvame deka sme Makedonci. Nie sme Makedonci i toa e fakt. Bidete gordi i dajte se od sebe. Toa e se! Pozdrav
Од: Igor-BT
Датум: 07.09.2009 12:09:10
Ajde sega momci, Ajde !!!!
Од: markovic
Датум: 07.09.2009 13:36:23
bruka malku ni se smejea so istocnite rakometarki a sega amerikanci cela evropa ce ni se seguva za sto frlame pari a nema pari za bolni i za topovi za zracenje ni za zavoj,igla,flaster vo bolnica a ima za ova????ako e toa pravilno zosto niedna pa duri i bogata drzava nego praktikuva ova?????????????????????++
Од: od zojo
Датум: 07.09.2009 15:15:23
Napred deca MAKEDONIJA e so vas
Од: Реалност
Датум: 07.09.2009 18:16:33
Така ќе беше ако грчкиот тим играше без раце и нозе. Немојте само да сонувате и да мечтаете. Само стварате нереални желби кај луѓето.
Од: dimi61
Датум: 07.09.2009 18:20:03
Ех да може во спортот како во политиката , со чукање во гради ќе бидеме европски прваци , вака хм...........

Најди! во Утрински
Насловна
Зденко
Херојска победа над Израел
Време е за оставка
Со пари ќе се носат странски инвеститори
Трагедијата ја потисна прославата на полнолетството
Исполнети определниците за ЕУ - се е партизирано!
Сами се победивме во Глазгов
Грешката е системска
Вицепремиерот Пешевски медијатор во спорот со ЕВН
За едни мајка, за други маќеа!
Германија го заборава митот што ја создаде германската нација