Има право Рен - завршена е добра работа во судството и администрацијата!
Земјата прави добар прогрес во исполнувањето на осумте критериуми и, ако успее да го исполни останатото, ќе можеме да предложиме датум за почнување преговори годинава, изјави деновиве еврокомесарот Оли Рен, оценувајќи ги состојбите во Македонија. Со слична интонација се и премиерот и вицепремиерот за евроинтеграции, дека сега, кога се исполнети определниците (!), во есенскиот извештај на ЕУ се очекува датум за преговори.
Да не е Македонија во прашање, каде што нормалното и ненормалното најчесто си ги заменуваат местата и значењата, тоа би било добра вест, не толку како оптимизам за влегување во приемната процедура, колку во смисла дека земјата, сама за себе, ги подигнала стандардите и ги реформирала двете сфери битни за функционирањето на државата и за животот на граѓаните. Но, дали е така како што велат нашите функционери и евродипломатите и дали двете рак-рани на институционалниот организам на Македонија се радикално отстранети, односно излекувани. Одговорот на ова прашање, што во секој случај е негативен, не мора да се извлекува низ длабоки анализи и копање по факти, бидејќи него го дава животот, практиката.
Истиот ден кога беа презентирани ваквите охрабрувачки оцени од Брисел и од Скопје, покрај нив во медиумите беа пласирани и сосема спротивни вести од реалниот живот. Во Собранието имаше голема кавга за последниот формален услов во законската сфера - Законот за државни службеници. Законот веројатно ќе биде донесен, но познато е дека во Македонија и со оваа власт законите лесно се донесуваат, ама тешко се спроведуваат или паѓаат на Уставен суд.
Во судовите и во обвинителствата беа примени повеќе судии и обвинители по партиска и по роднинско-пријателска линија. Судиите од новоформираната Судска академија, иако треба да бидат прва опција, се ставени во втор план, дури, со замена на тези се обвинети дека бараат „преку леб погача“, односно дека не сакаат да работат во внатрешноста, каде што имало потешки предмети(!), туку во Скопје! Се појави вест дека Брисел го притискал премиерот да го смени министерот за правда, оценувајќи го самиот тој чин како најголема реформа во судството! Се презентираа драми на наставници, кои биле избркани од работа по налог на општинските комитети на владејачката партија, а на нивно место биле примени луѓе со партиски книшки. Се шпекулира со бројка од неколку стотици. Неодамна јавноста се скандализираше од фактот дека некои од новопримените „рамковни“ 290 државни службеници не го познаваат македонскиот јазик, а треба да бидат сервис на граѓаните! За Македонија, како држава со два милиона жители, оптималната бројка на вработени во државниот и во јавниот сектор не треба да биде поголема од 70.000. За жал, поради долгата транзиција и партиските вработувања, кои се најизразени последниве три години, бројката е речиси дуплирана! Администрацијата се зголемува, се толерира и добро парично се подмачкува! А власта молчи и прима, бидејќи тоа е нејзина најлојална и најголема гласачка групација.
Сето ова доведе до мешање на работи кои ниту на сон не треба да се помисли да се измешаат. Имено, веќе не се знае што е партиско, а што е државно. Програмата на владејачката партија стана не само програма на државата, туку и нејзин устав. Како илустрација, висок државен службеник, кој според законот и Уставот, нели, треба да биде деполитизиран, пред некој ден за бесплатните учебници држеше прес-конференција како претседател на партиската комисија за образование и зборуваше за успехот на Владата и на партијата!
„Владата и парламентот завршија многу солидна работа последниве месеци, особено во судската сфера и околу администрацијата“, повторно го цитирам Рен. Се согласувам со еврокомесарот, точно вели, исполнети се определниците за датум за преговори со ЕУ, конечно - се' е партизирано!
Se gleda si vo nekoj film i ne si svesen ili si preplaten so jaka para.
Од: milko
Датум: 07.09.2009 00:54:47
makar i da tocna vasata konstatacija sepak nesto se raboti.vo vaseto vreme nisto.samo se otpustase i toa od zavis i sopstvenoto clenstvo i zatoa se nemate ni 20 clenoni za vo rakovodstvoto a kamoli clenstvo.po parkinzi i po ulici baravte kandidat za presedatelskite izbori.
pogledneta se licite na penzionerski klub so svetla idnina.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 07.09.2009 08:37:02
Замислете г-дин Рен е поголем оптимист од од авторот на текстот,па тоа нее можно што има тука да ни кажува ЕУ колку вредиме.Верув��м дека утре да не примат во ЕУ во 11ч. авторот ќе коментира дека требело во 7 и 30 ч.инаку тоа нашиот пораз.Мислам дека ЕУ треба да ни постави уште еден услов за влегување а тоа е како да биде задоволен авторот од оваа власт.А во врска со партиски вработувања тоа е национален спорт кој се практикувал и ќе се практикува уште долго време.Тешко на невработените неутралци.
Од: Do manco
Датум: 07.09.2009 09:35:48
Manco sto da ti pravam koga si roden vo pogresno vreme i so pogresni politiki. te zalam
Од: Nikola - Germanija
Датум: 07.09.2009 09:42:47
Konstatacijata e tocna,no ednostrana!Partizacija na Drzavata se vrsi od `45;bez razlika dali se raboti za bivsite Komunisti(sega pretezno SDSM i delumno DPMNE (M.Manevski kako posleden SKM-ministar za pravda)ili DPMNE.Moj predlog ke bese,da se instalira ekspertska vlada,sostavena pretezno od kvalifikuvana Dijaspora,koja ke gi prenese nacinite i pravilata na rabota i vladeenje od zemiite,kade se voobrazuvaa.Vo slucaj,sepak da potfrluvaat,togas vikajte i pcuete po Dijasporata kolku sakate-barem ke bide na mesto!No kako se odvivaat sega rabotite vo MK,duri i cistacka da bide vrabotena po partiska kniska,ja donesoa MK tamu kade sto e-na Evropskoto dno,em po Demokratski pogled em vo pogled po efikasnost na Drzavnite organi!Dijasporata ne bi imala pricina da "si stavi naroden imot vo dzep",bidejki moze i saka vo sekoe vreme da se vrati vo "tugina".Taka jas barem se osekjam.No kako covek so cuvstva za negovite koreni,rado bi doprinesuval za dobroto na MK,taa da konecno da se izvleci od Kal!
Од: verag
Датум: 07.09.2009 10:29:54
Дали некој се сеќава на изјавите на покојниот Трајковски во кампањата за председатеските избори дека бил репресиран од комунистичката власт и не можел да биде судија бидејќи не бил член на КПЈ? Вакво репресиање порано немало, за разлика од тогаш , сега и за најобична работа треба да си член на ДПМНЕ.Уште кога првпат дојдоа на влас ,од полиција избркаа високи функионери само затоа што не беа од нивната партија, а сега веќе примаат на ангро нивен кадар. А од кои пари се плаќа прекубројната ДПМНЕ-овска адмистрација? О д народот,кој се повеќе осиромашува со се поголем товар од адмистрација на грбот.
Од: Ранко од Пуздерци
Датум: 07.09.2009 11:09:32
НИКОЛА од Германија, да не си јанлаш, нешто? Кога толку се занесуваш со ДИЈАСПОРАТА, демек таа ќе ги покрие сите „дупки„ во МКД? Абе НИКОЛА каква дијаспора, освен скромни исклучоци, се друго е гола вода. Раце изгребани од малтер и цигли а ваму продават „на ангро„ висока политка. Уште нешто НИКОЛА.Не заборави дека ИМАВМЕ и ИМАМА ТРОЈЦА МИНИСТРИ од Дијаспората ( Ташковиќ, Симак и Иво) и што ново ни открија, каква празнина пополнија, освен непотребни трошоци?
Од: bale
Датум: 07.09.2009 11:20:32
Ima pravo Ren, sudstvoto i Administracijata e DPMNE-ovsko komplet... Datum za pregovori izgleda ke NJAMA...
Од: Предлог
Датум: 07.09.2009 12:00:08
Имам подобар предлог за насловот : „Операцијата успешна, пациентот мртов"!
Од: Vizioner
Датум: 07.09.2009 12:07:08
Licemerieto na MZ, potocno na EU nema granici! Sto ce se sluci? Vpecatok e deka pazarot e vece napraven!? EU ce se soglasi na Makedonija da i odredi datum za pregovori, Gruevski toa ce go iskoristi za sozdavanje na euforija, koja ce mu ja olesni rabotata da go ,,resi,, sporot so Grcija okolu imeto (se razbira so dodavka!)! Znaci pak ce gi prevesla makedonskite gradjani i zedni ce gi prevede preku reka! A, pregovorite so EU ce bidat mosne teski i dolgotrajni! Pa, neli Turcija vece 4 decenii ima termin za pregovori so EU, a najverojatno se dodeka vo Evropa vladeat samobendisani i nesposobni politicari, taa nema da bide primena vo Unijata!
Од: terezija
Датум: 07.09.2009 14:09:20
Sosema e tochen komentarot na Verag...Jas bi dodal :Duri i koga gi razreshuvaat partiskite vojnici(primer posl. rekonstrukcija na Vlada)-razreshenite Ministri,SITE do EDEN gi naznachija za Ambasadori po beliot svet...Seushte (ne se sramam da PRIZNAAM)ne sum nachisto,dali razreshuvanje znachi KAZNA (za nezadovolitelni rezultati) ili pak UNAPREDUVANJE(zasluga za pokazan rezultat ili uspeh)???A za Partijskite kadri i apsurdi samo javno ke ZAPRASHAM :Kaj se chulo i videlo,na sekretarot na "najvisokiot"SOPARTIEC,Gdin(i toa X2)Stefan, da mu se dodeli Ambasadorsko mesto i toa vo VATIKAN???Gospode Boze sochuvaj ne' od "Lukaviot",koj vo ime na LAZNIOT PATRIOTIZAM -sistematski veke ja dvira -pred KONECHNO da ja RAZNEBITI nashata Tatkovina i kako shto veke se "redat"rabotite ne samo imeto tuku pokraj IDENTITETOT ke ja zagubime i DRZAVNOSTA...Iako veke banalno sepak ke povtoram:SE STVARA NOVA PALESTINA NA BALKANOT.Ne go zasluzuvame toa,a mislam i deka SME kadri da se spravime so toa ...pomagaj
Од: Alek
Датум: 07.09.2009 14:36:16
Манчо, текстот е ефектен, ама само за оние гревчиња без мозок за кои мисли партијата ДПМНЕ. Само тие побрзале да го минимизираат значењето на моменталниот хаос, на теророт што се врши од оваа ужасна власт. Дискутанти, не правете споредба како било во време на СДСМ, како било ’45 година. Ако вашите умови се таму, мојот и на многу други е во едно слободно и демократско општество на 21 век.
Од: Daron
Датум: 07.09.2009 23:36:12
Kade beshe da kritikuvash za istite raboti koga SDSM beshe na vlast ?
Од: Konstantin
Датум: 08.09.2009 05:57:42
A ti Mancho ne si partiziran? Jas mislam nosish etiketa koja i prirasnala za tebe.
A ti Alek demek tvojot um ne odi podaleku od do pred nekoja godina. Se vo red ama ima nekoi na koi gi sluzi podobro pametot pa pametat i i od poodamna znaesh?!